- Член од
- 11 ноември 2009
- Мислења
- 2.809
- Поени од реакции
- 2.631
Српска фирма со седиште на Холандски антили ја купи „Алфа“
На српска фирма, со седиште во Холандските антили, се продаде скопската телевизија „Алфа“, објави регионалниот интернет портал „Балкан Инсајд“, јави „24 Вести“.
Порталот тврди дека имал увид во документи од Централниот регистар во кои како нов сопственик на телевизијата е впишана компанијата CHS, преку фирмата CHS Invest Group, регистрирана во Скопје, која за 56 отсто од акциите на „Фершпед“ платила 2,5 милиони евра.
За продажбата, според „Балкан Инсајд“, не е информиран Советот за радиодифузија и покрај законската обврска за тоа.
Порталот пренесува и изјава на директорката во „Алфа“, Мелпомени Корнети, која вели дека засега компанијата одлучила да не открива детали за продажбата на телевизијата.
Според сознанијата на „Балкан Инсајд“, српската фирма е во целосна сопственост на Comtrade Holding, оф-шоп компанија регистрирана на Холандските антили.
Фирмата CHS Invest Group, пак, според порталот, била регистрирана во Скопје три дена пред, како што се тврди, купувањето на телевизијата.
http://www.plusinfo.mk/vest/63233/Srpska-firma-so-sedishte-na-Holandski-antili-ja-kupi-Alfa