Алфа ТВ

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Жално за новинарите, водителите и сите други вработени ако тера пат накај згаснување.

Се надевам ќе се реши проблемот а и да не се реши сите тие вработени ќе си го најдат местото на некоја телевизија друга.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Што се случува во телевизија Алфа?
МВР постапува по наредба на обвинителството во Алфа, медиум во кој вработените штрајкуваат поради неисплатени плати. Директорот ги обвинува државните институции и вработените за спрега за “уништување на телевизијата“. Од обвинителството велат дека водат предистражната постапка.

Неколку промени во сопствеништвото на Алфа
Телевизијата Алфа е основана во 2008 година. Мнозински сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед“. Во септември 2013 година српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ откупи 56 проценти од акциите на телевизијата.
Оттогаш се смени уредувачката политика на телевизијата која беше перцепирана дека е блиска до тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ. И сега кога таа партија е во опозиција, а на власт се СДСМ телевизијата важи за критичар на власта, а блиска до опозицијата. Во меѓувреме, се смени сопствеништвото уште еднаш. Во 2017 година уделот на Јевросимовиќ го презеде унгарскиот државјанин Петер Шац и српскиот Горан Балаќ и од тогаш телевизијата е во нивни раце.

Целиот текст: https://www.slobodnaevropa.mk/a/што-се-случува-во-телевизијата-алфа-/31578273.html?fbclid=IwAR3LBiMcNcC5vEkL5wVnJUd23RQ98SSd1_qiNL5XM5U9SsNC7v_83x-LhfE
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Алфа ја подобриле сликата или мене ми се чини тоа? Гледам и на логото ставиле HD. Сабајлево гледав емисија онаа со Алачки беше катастрофа сликата ама сега гледам емисија една и сликата е каде каде многу подобра од она што преходно било достапно на операторите во Македонија.

Дали ова подобрување на сликата се должи на тоа што Јани Бојаџи нивниот директор сними серија па сега сакаат да ја испромовираат со подобар. Како и да е овие решија конечно да влезат во 21 век.

Во светов други држави има телевизиу 4к одамна користат ние на Алфа дури сега HD да добиеме какво такво.
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
108
Поени од реакции
101
БИСТРА ВОДА
Светла точка во македонската тв индустрија. Сите да го поздравиме емитувањето на новата македонска тв серија. Да се надеваме дека и другите македонски телевизии и продукции ќе бидат предизвикани конечно да создаваат македонска продукција.
Од мене ГОЛЕМО БРАВО за Тв Алфа и Јани Бојаџи.
И да, каква и да е резолуцијата, од денес Тв Алфа е во ХД и има македонска тв серија!
Да се множат!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
БИСТРА ВОДА
Светла точка во македонската тв индустрија. Сите да го поздравиме емитувањето на новата македонска тв серија. Да се надеваме дека и другите македонски телевизии и продукции ќе бидат предизвикани конечно да создаваат македонска продукција.
Од мене ГОЛЕМО БРАВО за Тв Алфа и Јани Бојаџи.
И да, каква и да е резолуцијата, од денес Тв Алфа е во ХД и има македонска тв серија!
Да се множат!
Сител е во ХД исто.
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Имаше прилог и на вестите денес дека се префрлаат во ХД, ќе емитувале со најсовремена опрема и дека за ова се спремале подолг период.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Привлечен од новата серија на Алфа, да видам кога се емитува и слично, им ја посетив веб страната. За серијата НЕМА НИШТО, програма исто така НЕМА, а во делот емисии има ВЕСТИ (n)
Со еден збор МИЗЕРИЈА.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom