Алтруист или Егоист?

Алтруист, Егоист..или.....


  • Вкупно гласачи
    108

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Тешко е човек да си одговори на ова прашање зошто е и премногу релативно дали една постапка ќе ја гледаме како егоистична или алтруистична.

Има толку луѓе што даваат, знаат да бидат хумани и се`, но само кога тоа е забележано од околината, а со тоа, ги гледам само како лицемерни егоисти. Прав алтруист прави нешто добро без потребата некој друг да дознае за тоа и да му аплаудира.

Мислам дека кај секој повеќе преовладува егоизмот отколку алтруизмот, што е и нормално и очекувано. Но, има и една друга работа. Мене ме запрепастува фактот до каде може да оди таа саможивност, потреба за посветеност само на себе и задоволување на своето его кај некои луѓе. Е тоа го води кон пропаст човештвото.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Дефинитвно сум ,,Алтруист,, .:toe:

Како и моето име што значи ... ,,исполнувач на желби и послушност,, таков сум и јас. Сакам да им помагам на другите. Можеби тоа ми е мана, но пак и тоа ми е дарба. Среќен ме прави кога и другите околу мене лиѓето што ми знчат се среќни, а ја праем само тоа што ме прае среќен т.е ова сеа испаѓа ко да сум конбинација од двете .:raz:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Секој човек е егоист, прво гледа за себе па тек после за другите. Остај што се зборува, луѓето сите знаат како треба ама никој не прави така. Секој човек од станување до спиење мисли само на себе и на другите но ако е поврзано нешто со него.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Во поголем дел од случаите сите ние го користиме едното за да го оствариме другото и обратно или стручно речено:
Ако егоистички целиме кон нешто кое мислиме дека само нам ни припаѓа тогаш се однесуваме алтруистички заради самиот факт што поставеноста на работите во општеството налага задоволување на одредени туѓи потреби заради задоволување на сопствените и обратно ако се однесуваме алтруистички и ги задоволуваме туѓите потреби тогаш целиме дека повратниот ефект од тоа ќе биде задоволување на нашите егоистички намери.
Така што според мене нераскинлива е врската меѓу овие две појави или карактеристики на човекот.
Мислам дека една без друга логички не можат да постојат од причина што едната или другата ќе немаат причина да постојат ако едната или другата не постојат. :toe:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Така што според мене нераскинлива е врската меѓу овие две појави или карактеристики на човекот.
Мислам дека една без друга логички не можат да постојат од причина што едната или другата ќе немаат причина да постојат ако едната или другата не постојат. :toe:
Се согласувам. :smir:
Не можам да се замислам да ги задоволам своите потреби без притоа да искалкулирам како на тоа реагираат луѓето околу мене. Од друга страна пак свесна сум дека не треба да ги подзгазам сопствените желби и да дозволам околината да го диктира мојот живот.
Клучот на успехот е градење соодветен баланс меѓу сопствените задоволства и настојувањето да ја задоволиме средината, иако во одредени ситуации се случува едната или другата карактеристика да преовладаат што пак може да се одрази крајно позитивно или негативно.
Едноставно треба да ги бидеме по малку и алтуристи и егоисти, но и добро да процениме во која ситуација едната или другата карактеристика да може да доминира
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.579
Да си бидам реален пред себе јас сум егоист ама не класичен, може да се каже со добра нијанса на селективен алтруизам. Врз база на фактори како време, искуство, комуникација, и зближување се прави ептен тесен филтер на луѓе заради коишто и во буквална смисла на зборот се ставам пред куршум и да жртвувам лични интереси за сметк на нив. А Богами и со теков на годините сакам да им помогнам на луѓе што со совети што со дела, штознам слаба точка ми се нелицемерни и непокварени луѓе дури и да не ги познам добро а делуваат чисти пружам рака. Два аршина се. Тие што ме познаваат од околу мислам дека повеќето ќе кажат дек сум егоист. Тие што ме познаваат блиско и интимно ќе кажат дека нема многу или воопшто егоизам во мене. И двете групи се во право.
 
I

Intex

Гостин
Алтруист сум. Отсекогаш сум ги ставал другите пред мене и сум сакал да им помогнам на другите повеке, отколку себеси. Не е битно дали ке се одрази негативно врз мене ако им помогнам на другите, што честопати се случувало. Едноставно повеке сакам да им помагам со нешто на другите, отколку себе си.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Да си бидам реален пред себе јас сум егоист ама не класичен, може да се каже со добра нијанса на селективен алтруизам. Врз база на фактори како време, искуство, комуникација, и зближување се прави ептен тесен филтер на луѓе заради коишто и во буквална смисла на зборот се ставам пред куршум и да жртвувам лични интереси за сметк на нив. А Богами и со теков на годините сакам да им помогнам на луѓе што со совети што со дела, штознам слаба точка ми се нелицемерни и непокварени луѓе дури и да не ги познам добро а делуваат чисти пружам рака. Два аршина се. Тие што ме познаваат од околу мислам дека повеќето ќе кажат дек сум егоист. Тие што ме познаваат блиско и интимно ќе кажат дека нема многу или воопшто егоизам во мене. И двете групи се во право.

Имам тројца луѓе за коишто се ставам пред куршум и ставам личен интерес за нивно добро. Тие што ме познаваат од околу мислам дека повеќето ќе кажат дек сум егоист. Тие што ме познаваат блиско и интимно ќе кажат дека нема многу или воопшто егоизам во мене. И двете групи се во право
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Пошто сум си екстремен тип, си гласав за алтруизам, од причина што уште сум си тапчо, што се грижи повеќе за другите. Но полека почнувам да преминувам во егоист, ама ептен полека, така да...
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
kolku loso i da zvuci ke kazam egoist, najverjatno deka si gi stavam moite potrebi pred se :) :baeh:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Секогаш велам дека на форумот се пишува она кое луѓето сакаат да бидат а не она кое се. Во тој правец целам, јас сум алтруист... или барем сакам да бидам. Понекогаш чудовиштата од улицата 163 ме инспирираат да бидам груб и непријатен, но пред спиење знам ќе ја погледнам куќичката на зајчето во мене, и се` доаѓа на свое место.

Ах алтруисти, и тоа е во трета полица од долу... оддел научна фантастика.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Сопствените потреби најчесто ги задоволувам според другите, па би рекла дека потсвесно, не знам зошто но имам потреба (почесто и чиста желба) да ги задоволувам туѓите потреби. Ретко се наоѓам во ситуации кога размислувам само за мене и моето добро. Дури и кога ќе се случи нешто такво, обично се работи за глупости како што е таа дали да уклучам греалка пред туширање, дека некако ми е ладно, а надвор по сите изгледи е жешко лето.
Лајно човек де.
Според тоа, без размислување - алтруист.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
да се биде алутрист баш и не е арно на денешницава, поради тоа што повекето ке го злоупотребат тоа, такада ја сум били и алутрист и егоист, сеа се обидувам да напраам некоја златна средина од двете, за да можам да извлечам позитивен ефект од двете ситуации.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Алтруист. Некогаш и како маана си го гледам тоа што често знам за другите да направам нешто, а себе да се запоставам. Може тоа доаѓа од потребата за признание, почит, позитивно вреднување од страна на другите... Иако, кога ќе помогнам, после не можам да опишам со какво чувство се исполнувам. Многу ми е убаво.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Секогаш велам дека на форумот се пишува она кое луѓето сакаат да бидат а не она кое се. Во тој правец целам, јас сум алтруист... или барем сакам да бидам. Понекогаш чудовиштата од улицата 163 ме инспирираат да бидам груб и непријатен, но пред спиење знам ќе ја погледнам куќичката на зајчето во мене, и се` доаѓа на свое место.

Ах алтруисти, и тоа е во трета полица од долу... оддел научна фантастика.
Јас тоа чувство пак го имам кога ќе ги сретнам луѓето во живо, мислам на оние нови познанства. Кога човек прв пат те гледа добива исконска потреба да се прикаже како светец, без разлика кој е и што е. Мојата комшика го има тој набој, а го има и сопственикот каде што работев. Секој разговор со нив ми е мање више смешен, зашто секој се обидува да се прикаже искористен, како он дава се, се жртвува за дечко, мајка, татко, пријател, ама му се дере на келнерот кога касни една минута со нарачка. Извонредна трансформација е кога вонаби алтруистот на ситница ќе го фатиш.
Јас немам ореол над глава, ама немам проблем со тоа да стаам туѓ интерес пред свој, да станам у три саат и да му помогнам некому макар не ми бил близок којзнае колку, да и помогнам на бабата што ги носи торбите. Не знам до кај ми се граничи алтруизмот, ама знам дека го имам тргано подебелиот крај на таа основа и не ми е криво, ниту пак ги спомнувам тие моменти на помош. Алтруизмот е прашање на дејствување, а не на зборување наоколу за тоа.
Има неколку типа луѓе за кои важи само алтруизам во мојот однос кон нив во секој момент: родители, брат ми, пријатели и човек за кој на прва сум го проценила дека вреди да се направи тоа. Обично не грешам во проценка и кога ќе донесам одлука дека вреди за таа и таа личност да се ставам во сенка, тоа и го правам.

На крај краева, кој си го храни само егото, може на крај да си остане гладен во секоја смисла на зборот.
Не би одела во крајност дека алтруизмот е научна фантастика и измислена категорија, зашто да беше така, ќе се газевеме еден преку друг буквално, и ова ќе беше свет само на суети и на ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom