Дани, она не живее за другитеееДани не е алтернатива ама има супер песни, последниот албум и е супер. Јас сум да има мешање на артисти и од комерцијала и од алтернатива . Нека си се дружат и делат искуства меѓусебно.
Премногу се андерграунд они, нема шанси.фали уште Нокаут да бидат.
Eye Cue се доста и комерцијални беа и на Евровизија. Сепак се супер бенд не се лоши иако на Евровизија кикснаа малку и oтидоа со песна која не е нивниот препознатлив стил.Убаво што им текнало за ваква музичка емисија (уствари, било каква!)
Баш сега скоро наидов на Funk Shui и на Eye Cue. Заедно со постариве Синтезис и Стринг Форсес мислам се едни од подобрите музички амбасадори кои ги имаме (како и други за кои во моментов не ми текнува).
Не ги делам на комерцијала или ундерграунд изведувачите, ако ми се допаѓа тоа што се твори, ги слушам. Разликата е што пробувам да најдам македонски изведувачи кои ги сметам на исто творечко ниво како многу странски изведувачи кои ги слушам, зошто до сега не сум прател многу локална сцена.Eye Cue се доста и комерцијални беа и на Евровизија. Сепак се супер бенд не се лоши иако на Евровизија кикснаа малку и oтидоа со песна која не е нивниот препознатлив стил.
Funk Shui и String Forces се одлични бендови, String Forces малку и специфични во она што го создаваат, додека пак Synthesis се веќе и комерцијала етно група и тоа супер им оди.
Но сепак јас и предходно пишав тука дека сум да се дава почит на инсто ниво и на алтернативната и на комерцијалната музичка сцена, никако да се одвојуваат тие две во различни термини на емитување на радио и телевизија.
Имаме здрава рап сцена. Немаме здрава R&B сцена. Не ги рачунам Панчо и ДНК како R&B од повеќе причини. Освен нив другиве не творат многу во таа бранша, повеќе накај поп.Би било добро да викаат и рапери во емисијава. Добри се овие Zee Bomb, LD Pistolero, Страјк, Foltz, Toni Zen, SAM Курчо, Зад Аголот...
(секако, на епизодата со Мирко Попов ѝ направив фаст форвард, да не ме мислите)
Не знам ова дали е R&B бидејќи денешно време во музикава се мешаат многу жанрпви ама супер е и девојката пее многу добро.Имаме здрава рап сцена. Немаме здрава R&B сцена. Не ги рачунам Панчо и ДНК како R&B од повеќе причини. Освен нив другиве не творат многу во таа бранша, повеќе накај поп.