Алтер Сцена - емисија за алтернативна музичка сцена во Македонија

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.035
Поени од реакции
4.415
Алтер сцена е емисија наменета за алтернативната музичка сцена во Македонија.
https://www.facebook.com/673190229477851/posts/1557730504357148/

Емисиите се емитуваат на 21 телевизија во недела 17:30 часот

Првата епизода е со PMG Kolektiv и Pluto's Doubts а емисијата се состои од разговори и настапи во живо
 
Govinda

Lud, Zbunjen, Nenormalan
Член од
20 април 2014
Мислења
2.261
Поени од реакции
1.661
Лично несум баш љубител на македонска музика, ама со оглед на тоа какво е стањето на музичката сцена тука
99.99 % сведено на фолк и турбофолк од кои ми се :pov: и :гомце: за поздравување се овие обиди.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
6.156
Поени од реакции
3.480
Јас деновиве почнав да се навраќам на некој заборавени хитови...

Број еден замене од алтернативциве (ако може да се каже така)

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.035
Поени од реакции
4.415
Слушам македонска музика и комерцијална и алтернативна музика небитно кој жанр е се зависно од расположението и од тоа што ќе ми се допадне.

Алтернативната музика во државава мислам дека е поинтересна затоа што има повеќе бендови, секогаш на настапи свират исклучиво во живо, поголема слобода имаат на изразување, се осмелуваат да експериментираат со стилот/жанрот.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.793
Поени од реакции
5.455
Фала курцу на некој да му текне.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
3.701
Поени од реакции
3.654
Добро што се сетија на ова во 2019 год.
Покојни Влатче Морал на покојна Скај Нет ТВ пред 8,9,10 год имаше слична емисија за алтернативна музика (воглавно метал и панк) . После тоа на А1 имаше за рап што ја водеше Димитри од Чаир а Пики Сипи пушташе синглови.

Хрватите одамна имаат таква емисија и тоа на националниот сервис ХРТ. Во последно време не знам дали уште се дава.
Емисијата се вика Гаража и во период од 30 мин има мини концерт од 4-5 песни и успат представување на почетоците на бендот.
Публиката што е во емисијата аплицира за секоја епизода и првите 20-30 ги викаат во студио.
 
РТС имаат исто таква емисија претежно за рок музика. Се вика Рок Бунт.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
1.733
Поени од реакции
3.001
Имаше едно време слична емисија на А1. Се викаше Underground. Колку што памтам главно беа фокусирани на метал сцената во Македонија. Ама после паднаа во квалитет па почнаа песни на Бени Шаќири и Игор Џамбазов да ги промовираат како дел од андерграунд сцената...
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.035
Поени од реакции
4.415
И Дани ќе пее колку што видов во најавната шпица за емисијава.
 
На врв Bottom