Иако е ова сега за сега само инжињерски потфат на хартија... електрониката која ги чита дрвото и околината и актуаторите кои управуваат со процесот се најмалиот проблем, тоа е веќа масовен производ....Многу поголем е скоцкувањето на целата црна структура за да биде како треба според поставените барања , во секој поглед...а да не не чини колку мал автомобил...
Не би рекол дека е масовен призвод пошто сепак се работи за микроконтролери кои треба да бидат програмирани за да работат како што би сакале да работат и тоа под услов да знаеме што сакаме. И да не навлегувам во детали уште колку заебанции ке произлезат при грешки на дизајнот и такви наизглед ситни детаљи кои во пракса ем што најверојатно ке се покажат непотребни туку и контрапродуктивни а некогаш и невозможни. Цената би достигнала највероајтно колку мала куќа отколку мала кола

.
Јас сепак сум за многу попроста варијанта со скоро ич електроника или ако ја има да биди аналогна( многу е поефтина како за почеток) и да ги содржи најосновните работи со кои ефикасноста на печката би се довела до задоволителен степен.
Би почнал на пример со примарниот и секундарниот воздух. Тука барем имам искуство од прва рака и отприлика знам што да очекувам. Зависи од изведбата еден од нив треба и ке биде фиксен што значи еден степ мотор помалце

. Другиот влез на воздух ке бие поврзан на термостат кој во зависност што ке мери ке го отвора и затвора доводот на воздух( било примарен било секундарен). Термостатот механички за да нема потреба од струја и додатна електроника. Обавезно би размислил за заштита од прегревање. Во зависност од изведбата на котелот би зависела и нејзината изведба и што таа ке исклучува. Во секој случај изведена со механички термостат ради истите причини од погоре. Најверојатно би имал и мануелна заштита за недај боже што би рекле. И мотор кој би стварал вакум( значи на излезот) кој би се регурлирал аналогно и би се довел во некоја оптимална позиција. Можеби и би немало потреба ни од тој мотор ако оџакот доволно влечи ама како опција секако би постоел. И ептен битна работа е можноста за лесно и ефективно чистење на печката без многу многу перипетии. Сите отвори за водух би имале можност за прештеловање кои најмногу би завислеле од амбиентот во кој е сместен котелот. Доброто дихтовање мислам дека нема ни потреба да се спомене, тоа се подразбира.
Значи целта ни е да добиеме максимална снага од котелот или во случајот топла вода која потоа би се складирала во акомулатор на топлина со намалце можни подвижни делови. Секако можност за дополнување на горилникот во било кое време.
И искрено ми се мота нешто низ главата но сепак моментално нити имам време нити пари уште помалце потреба да се нафатам да правам такво нешто.
Но ако збораме конкретно тоа би изгледало вака. Котелот би работел на пиролиза принцип со долен провев. Секунадрниот водух би бил фиксен, а примарниот би го регулирал механички термостат. Би имал клапна со која би се правел бајпас на патот на чадот( огнот, топлите гасови) која првенствено би служела за претпалење но исто така би служела и за заштита од прегревање. Би била механичка или некако изведена со друг термостат кој би се уклучил само при загревање за да топлиот воздух се пренасочи низ друг пат наместо низ водата. Казанот со вода така да речам би бил физички одвоен од горилникот. Прво со тоа ке го решам стварањето на гареж во самиот горилник, друго нема да ја зема топлината од горилникот со што би добил добро согорување при многу вискои температури и можеби и најбитното заштитата од прегревање би била многу поефикасна и поедноставна за изведување отколку ако казанот е околу горилникот. Останува само уште чистењето кое и не би требало да биди некој посебен проблем пошто секако нема да има гареж туку ситна пепел која најверојатно би се лепела околу испусните цевки која за разлика од гарежот кој е сличен на писа и е многу заебан за чистење , оваа повеќе би личела на многу многу ситна песок( ова го знам од печките на пелети).
Во глобала тоа би било тоа.