Алтернативни горива за загревање

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
по барање и желба на неколку членови еве ја темата... следуваат неколку квотирани постови од претходната тема...
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 10:21 ---
А и што користиме за греење, дрво и струја. Струјата, скоро половина, е од увоз. Дрвото е добро, еколошко гориво но е скапо и со сегашно користење со индивидуални печки го користиме се низок степен на корисно дејство.
Во Македонија има доста земјоделски дрвени одпадоци ( на пример од кроење на овошјето и лозјата ). Дали има начин и искуство, да се искористат за греење? Да разгледаме други можни горива? Ова го напишав како идеја за размислување, не само за тебе туку и за другите учесници. Дали може некој да пресмета колкава е количина на дрвените одпадоци во Македонија имаод лозјата и овоштарниците?

Природниот гас е во целост увозен и неговата цена е врзана со цената на нафтата. Така да тој не може да представува национално гориво. Денеска разговарав со еден Пријател кој живее во Италија и кој ми се пожали дека греењето на гас таму било се поскапо. А и скопска Топлификација работи на гас па погледни какви цени има.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 10:22 ---
веќе кога сме тука да од кроењето на лозјето се прават доста квалитетни брикети и пелети кои колку што имам разбрано имаат голема калорична вредност.исто така и од крлуштите од комината. па тука е и оризовата арпа. за мали фамилијарни бизниси количините се сосем одлични. па ајде ке го спомниме тука и употребеното масло за јадење и маслото од колите. и двете кога согоруваат целосно во добро конструирана печка немаат видлив чад и не го загадуваат воздухот ништо повеќе од нафтата или мазутот. имам и видено и котли за парно кои работат на талаш( пилевина).
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
во овие горива може да се наброи и Хидрогенот кој патем се добива со електролиза од вода?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
е ај аирлија да е.
ајде да почниме со пореалните алтернативни горива како пилевината и употребеното масло за готвење и од колите.
сега за пилевината има готови печки и не се нешто посебно скапи, некаде околу 5000 се движеа, но мене поинтересни и поисплатливи ми се гледаат котлите на парно на пилевина. тие што ги имам видено сите беа домашна изработка и загреваа некаде околу 150 м2. за потрошња незнам , мислам дека некаде околу неколку вреќи на ден. е сега проблемот со пилевината е складирањето, едноставно зафаќа премногу простор. изгледот на тој котел стварно не можам да го опишам, прилично беше габаритен и пилевината паѓаше од горе во котелот како на решетка една каде се палеше и потоа топлите гасови одеа низ еден изменувач на топлина сличен како на котлите на пелети( низ паралелни цевки ). како пилевината согоруваше така по слободен пад другата пилевина од горе го заменуваше нејзиното место. ништо сложено , чиста физика и гравитација:)
знам само дека имаше доста чисто соговрување без многу пепел. за жал моментално немам пристап до котелот кој што го гледав тогаш и ова го кажувам од сеќавање. ако некој се сретнал со таков котел нека постира тука, ако ништо друго е одличен за загревање на гаражи и работилници.
 
болдот. од прилика колку кила е една вреќа? и многу битно колу кошта една вреќа ( ако се купува воопшто ) пошто вака ко што кажуваш НЕКОЛКУ ВРЕЌИ НА ДЕН на прв поглед изгледа како не толку ефтина варијанта како второ малку поголема обврска ( ако треба да додаваш вреќи на неколку саати пример )
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
колку кила една вреќа ??? па појма немам , мислев на оние за жито што се , белите големите. сега за цената немам прашано оддамна инаку ако ги земеш полнети тогаш беа 20 -30 денари вреќа, а ако си ги полнеш сам тогаш муфте. сега како е ситуацијата незнам, ама колку можи да биди една вреќа. таа му е одпаден материјал на пиланите и за ништо не можат да ја искористат. така да ако со не цели 100 денари затоплуваш ти 150 м2 мислам дека ти е џабе греењето. сега ако ти е обврска голема да ставиш две вреќи денот , тогаш незнам што да ти речам. ако се грееш на дрва ке ставаш на секој сат!!! башка затоа се вика алтернативно греење. да беше лесно и едноставно немаше да биди алтернативно и ке го имаше секаде.
пример онака.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Под алтернативно гориво може да се земаат во предвид и крадени дрва кои се продаваат по цена од 1600-1800 денари по кубик, како алтернатива на скапите дрва од 2500 денари и повеќе по кубик, кои се продаваат по стовариштата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
Под алтернативно гориво може да се земаат во предвид и крадени дрва кои се продаваат по цена од 1600-1800 денари по кубик, како алтернатива на скапите дрва од 2500 денари и повеќе по кубик, кои се продаваат по стовариштата.
да можат зошто да не, да не не горат тие:). кој како ке се снајди
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
денес читам во весник во пробиштип брикетарка на сено. е уште тоа го немав видено. било како било ако не му ја набие цената ѓаол и пол ке направи нешто.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Како алтернативна енергија би можело да се земе и електролиза на вода од која се добива гас кој е помоќен и од плинот. За да го пробам ова проблем ми е само бренерот, не е ист ко за плин? Некој искуство?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На оваа страница планирам да напишам повеќе поста, денес ќе започнам со две случки.
Во јануари 2008, бев во посета кај еден наш Сограѓанин во населба Козле.
Во просторијата, во која ме прими, имаше една печка која многу убаво топлеше и го прашав колку пари троши за огревното дрво. Ме изненади, кога ми рече дека за дрвата не плаќа ништо. Имено, тој купил една мала преносна пила за дрво и со неа, на неговите комшии им прави услуга - им ги сече и одстранува исушените овошни и други дрва и грмушки по дворовите и тоа бесплатно само за да му ги одстапат дрвените остатоци. Таквите дрва ги собираше во една метална гаража и од кога добро ќе се исушат ги користеше за греење.
Втората случка се случи минатото лето, во близината на Зелен Пазар, позади зградата во која живеам. Тука, ЈП „ Паркови и зеленило “ кастреше гранки од дрвата, бидејќи биле ниски и наводно пречеле на возилата. Таквите гранки, приближно половина кубик, ги товареа во едно тамче и јас, бидејќи сум муабетчија и знатижелен ги прашав каде ќе ги носат овие гранки. Во разговорот со Бригадирот, кој ги предводеше работниците, разбрав дека тие гранки ќе бидат фрлени во депонијата Дрисла. Тој, разочарано, ми рече, дека со овие гранки некој може да се грее барем половина месец, дека се подготвени ако некој сака дома да му ги однесаат бесплатно. Наместо, да потрошат нафта до Дрисла и таму да платат затоа што депонијата ќе ги преземе овие гранки како ѓубре.
Гледав еден филм, како во Шведска со машини сечат дрва во шумите. Машината го корнеше дрвото од земја. Го одсекува, одвојува од трупецот, врвот на дрвото, гранките и коренот. Овие дрвени остатоци, ги дробат и ги носат во котларниците каде се складираат во силоси, а потоа се трошат за греење. Таму, најголем од граѓаните се греат, на оваков начин, од дрвени одпадоци. Во овакви одпадоци спагаат и кората од дрвото, талажот и другите дрвени одпадоци од пиланите.
Додека ги пишувам овие зборови размислувам за следното: Кај нас децата во основните учипишта учат дека нашата Земја е богата, а децата во Јапонија учат дека нивната земја е сиромашна и дека сите треба да штедат и домаќински да се однесуваат.
Поздрав до сите кои ќе ја прегледаат оваа тема! Ако се заинтересираме, можеме доста да направиме за намалување на трошоците за греење. Од тоа тоа ќе имаме корист и лично ние, но и целата наша заедница.
Во следниот пост планирам да ги ставам топлотните карактеристики на огревното дрво, во споредба со дрвените и на некои земјоделски одпадоци
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
На оваа страница планирам да напишам повеќе поста
Пријателе, не е се во дрвото, тоа и загадува, многу малку фали да се грееме на вода т.е. разложување на водород и кислород и негово согорување, со тоа нема загадување а е далеку покалорично и од нафтата, останува само проблем со горачот - бренерот не се продава за ваква намена, треба рачно да се изработи.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
Пријателе, не е се во дрвото, тоа и загадува, многу малку фали да се грееме на вода т.е. разложување на водород и кислород и негово согорување, со тоа нема загадување а е далеку покалорично и од нафтата, останува само проблем со горачот - бренерот не се продава за ваква намена, треба рачно да се изработи.
во ред тоа , ама како ти евтино би го добил тој водород. колку што сум во тек со настаните цената на водородот му е малце поевтина од бензинот.
инаку дрвото е карбон неутрално така да ке испушти онолку јаглерод диоксид колку што и апсорбирало кога растело. истото важи за сите продукти од дрво и растителни одпадоци па и ако сакате и маслото за готвење ( не од колите).
и ако земиме така можеби на некој ке му текне тука ладна фузија како да направи, ама муабетот на темата би требало да биде да се грееме со нешто што го има веќе, и обично се фрла или така нешто, да му ја подобриме ефикасноста на тоа што го имаме, како да се направи или преправи за евтини пари и лесно, а не да ти треба фабрика и цела индустрија. ете да речиме за поединец да земи и во гаража да го склопи или евентуално и да прикупи нешто.
натаму терајте го муабетот, на кај практично од кој некој ке има корист. џабе ако филозофираме што би било кога би било, ако би било.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
во ред тоа , ама како ти евтино би го добил тој водород..
Во домашни услови и тоа водород + кислород задно што ќе испушти голема количина на енергија. Електролиза на вода е тоа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.154
Во домашни услови и тоа водород + кислород задно што ќе испушти голема количина на енергија. Електролиза на вода е тоа.
позната ми е електролизата, ама колку струја ке потрошиш за да добиеш доволно количество на водород за да се грееш на него.
мислам колку е тоа економски исплатливо. имаш математика направено некоја?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
позната ми е електролизата, ама колку струја ке потрошиш за да добиеш доволно количество на водород за да се грееш на него.
мислам колку е тоа економски исплатливо. имаш математика направено некоја?
Во секој случај помалку струја ќе потрошиш за да добиеш висококалоричен гас. Ова не е автомобил па да пазиш. Со 1кw ќе направиш гас кој ќе затопли 500 квадрати. Но намерно оваа гранка не се истражива во јавност затоа што ќе пропаднат многу гиганти. А на нас граѓаните ке ни биде пополн џебот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom