Пред неколку години имав гледано на диксавери мислам дека беше за некој таму иноватори што мака виделе кога сакале да промовираат нешто ново. Овие мислам конкретно од Велика Британија беа или што би рекле врв на западната цивилизација која тука некој толку свршува на неа. По нивно кажување самиот закон за патенти не ти дозволува да профитираш и те тера да го продадеш на големите корпорации.Е сега амо имаш сила сам да успееш во ред, можеби и ке успееш, додека ако немаш џабе си се мачел.
Едниот мислам имаше измислено некаква специјална боја за незнам што и тој бел ден невиде. Другиот мислам за во Кувајт војната имаш измислено начин како да се гаснат бунарите со нафта што беа запалени но ни тој не виде никаква полза од тоа. Еден го исмисли оној бришачот на мерцедес( демек само еден бришач наместо два) но мерцедес му го зеде патентот.
Имаше уште некој сега искрено не се сеќавам пошто оддамна беше, но знам дека само еден успеа во животот и тоа со нов доттогаш невиден тип на правосмукалка. И да ден денес таа е една од најценетите и најдобрите правосмукалки и ден денс мислам дека неговата фирма е успешна и вработува којзнае колку луѓе и ги нуди своите производи низ цел свет.
Се работи за оваа
правосмукалка веќе кога сме тука.
Така да на запад ништо ново, на исток исти приказни.