Алтернативни горива за загревање

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Значи за дома ќе треба некаква преса да се измозга. За да се прави нешто како брикети со димензии на стандарден горилник (ок, не мора да бидат којзнае колку пресувани, само да го имаат обликот). Сигурно нема да ставаме дома печки со горилници метар на метар. :)

Малку размислување во друг правец.
Дали и каде, би можеле да се најдат гранки од дрва, или потенки дрва. Нешто што претпоставувам обично го фрлаат. Поентата е тие гранки да бидат евтини, осетно поевтини од стандардните дрва за греење.

Ракетните печки за кои зборував во неколку наврати, може да имаат вертикално ложиште. Практично може да се стават гранки, цели (потенки) трупци, кои не мора ама баш никако претходно да се сечат, цепат итн. Гравитацијата работи за вас и дрвата се лизгаат надоле, како што горат.
Иначе да не ве чуди, ложиштето вообичаено е секогаш отворено.

Еве пар фотографии:

rocket-stove-milkwood.jpg
20110416rocketstoveshower.jpg
rocket-stove-water-heater17.jpg

Полесно е да направиш котел со големина на горилникот со димензии на балата отколку да направиш преса која ке го прави сеното со димензии на горилникот. Логика:)
Башка котлите на дрва со таа снага не се ништо помали од овие на бали од слама.
 
Не знам колку е практично за поголема соба, ама заебана работа :icon_lol:.

Па целата поента е дека за по дома на никој не му треба толкава снага. :)

--- надополнето: 13 ноември 2013 во 13:26 ---
Не знам колку е практично за поголема соба, ама заебана работа :icon_lol:.

Стара финта е ова. Функционира (до некаде), ако сакаш го дишеш чадот од свеќата и да ризикуваш пожар. ;)
 
Па целата поента е дека за по дома на никој не му треба толкава снага. :)
Дали го виде линкот кој јас го приложив или уште ги гледаш тие што ги приложи смрта на зоните ...
Јас котелот што го приложив на слама има снага од 30-40 КВ така да ништо не е посебно поголем од котлите на дрва со таа снага.
За куќа од 200 квадрати и тоа како му треба толкава снага.
Сега ако ти е за во собата тогаш зошто воопшто и би ставал котел па и на слама.
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 14:30 ---
Не знам колку е практично за поголема соба, ама заебана работа :icon_lol:.

Вреди да се проба, ама отворен оган во затворена просторија некако ми личи како рецепт за пожар.
 
Еве една интересна страница за опрема за согорување на слама
http://www.steptrutnov.cz/en/manufa...boilers-for-burning-whole-bales-of-straw.html
За котел е предвиден ист како што предлагаат Канаѓаните, во форма на цилиндер со големи врати ладени со вода
Дадена е и шема на поврзување. Можете да видите дека предвидуваат едно или две ложењ на 24 часа затоа има и резервоар за акумулирање на топлинатаkotle-na-balikovou-slamu.jpgkotle-na-balikovou-slamu-schema.jpg
 
Еве во Реклама 5 најдов оглас дека во село Облавце - Кумановско се продава слама за 50 денари по бала. Се нудат 250 бали
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=926785
Оваа ми се чини поволно, ако се балите со тежина 20 кила, тогаш еден KWh доаѓа за 0,625 денари.
250 бали имаат енергија колку 12 до 15 кубици огревно дрво. За сламата треба да се плати 50 денари * 250 бали =12 500 денари
А за 12 500 денари можат да се купат само 5 кубици огревно дрво.
Мислам дека треба уште да го проанализираме користењето на слама за затоплување
 
Вакво какво е... го поскапува производот со енергијата потрошена за дробење на дрвото, но за тоа има интерересно решение. А дрвениот чипс добро изработен и третиран, е скоро исто како и пелетите, но сигурно би бил поевтин , кога се земе дека ги нема трошоците за пресување...што се заедно го прави занимлив мал-среден бизнис.
Напредна топловодна печка според концепт-дизајнот на 2С тогаш би била вистинско решение за нашиве услови....;)
 
Интересно, но колку трошоците за вакво „чипување„ се помали од цените за производство на пелети?
Машнава од клипот некако често се заглавуваше. Изгледа дека различната на дебелина трупците влијае на процесот, и изгледа дека целите трупци не се процесираат само со едно проаѓање.
Не знам, потребата од додатна механизација за ставање на дрвата внатре, и се што видов, некако не влева доверба за процесот и исплатливоста на истиот. Една од предностите на пелетите е што ги комбинираат со други дрвни индустрии, и се користат одпадоците. Во овој метод, целото дрво иде за правење гориво.
Којзнае можеби е исплатливо, но ќе треба и дизјан на печки, електроника и се по ред....
 
.....ќе нафрлам само неколку идеи за размислување, а кога ќе имам време подетално ќе образложам....инаку сите идеи се однесуваат за загревање на индивидуални објекти бидејќи колективните згради се тешки за договарање и менување на инсталациите

1. Лушпи од јаткасти плодови....при индустриско производство на лешници, бадеми, ореви....дрвенестите лушпи завршуваат како отпад....со прилагодување на котел за централно греење на овој вид на гориво може да се добие голема ефикасност за ниска цена

2. При процесот на гасење на вар се ослободува ацетилен (на овој принцип работат старите рударски светилки) кој може да се искористи за загревање....иако денес варот не се користи како некогаш....сепак наместо високоенергетскиот ацетилен да се испушта во атмосферата....со контролирано гасење на вар добиваме енергија како нуспроизвод и гасена вар како производ

3. биодигестор....многу рурални места немаат канализација и фекалиите завршуваат во септички јами....со добро осмислена септичка јама и додавање на соодветни бактерии....метанот што се ослободува може да се искористи за готвење или загревање....исто така и изметот од шталите може да се преработи во биодигестор и да се добие голема количина метан

4. греење со шталско ѓубриво...вообичаено шталското ѓубриво се остава на големи купови да "прегори" пред да се употреби врз земјоделското земјиште....поради хемиските и биолошките процеси што се случуваат во овие купови ѓубриво се ослободува голема количина енергија и температурата лесно достигнува 60 степени целзиусови....со мрежа од цевки низ кои протекува вода или антифриз и изменувач на топлина оваа енергија може да се искористи како подно греење за некој објект или за загревање на оранжерии за раноградинарство

5.искористено масло за јадење од ресторани....може да се искористи директно за согорување во специјално прилагодени котли или да се преработи во биодизел кој исто така може да се користи во веќе постоечки котли за дизел, а како нус производ добиваме глицерин

6. компостирање на листови и друг биолошки отпад....кај нас биолошкиот отпад помешан со друг вид отпад завршува на депонија...тони и тони листови и друг биолошки отпад неповратно завршуваат по депонии...но со правилна селекција и компостирање (при правилно компостирање не се ослободува непријатна миризба) може да се загрева вода до 40 степени и да се употреби за подно греење или да се догрее и да се искористи за парно греење

7. ефикасен систем за искористување на енергијата на топлите гасови од согорувањето на дрво во класични печки
 
Интересно, но колку трошоците за вакво „чипување„ се помали од цените за производство на пелети?
Машнава од клипот некако често се заглавуваше. Изгледа дека различната на дебелина трупците влијае на процесот, и изгледа дека целите трупци не се процесираат само со едно проаѓање.
Не знам, потребата од додатна механизација за ставање на дрвата внатре, и се што видов, некако не влева доверба за процесот и исплатливоста на истиот. Една од предностите на пелетите е што ги комбинираат со други дрвни индустрии, и се користат одпадоците. Во овој метод, целото дрво иде за правење гориво.
Којзнае можеби е исплатливо, но ќе треба и дизјан на печки, електроника и се по ред....

...не би било замена за пелети, кои си имаат своја линија на стварање.
Ваквото процесирање е за дрво кое е непрактично за друго користење итн. Посебно колку знам...море гранчиња од кроење лозја се зборува дека остануваат неискористени.
Нормално, ако на тоа сега "некорисно" дрво НАГЛО НЕ МУ ПОРАСНЕ ЦЕНА кога некој ќе се понуди да го купи за некоја цена која претходно била нула или трошок...:)
Инаку машината не заглавува, како и сите шредери оди напред назад кога ќе наиде на крупен залак.....
 
Вакво какво е... го поскапува производот со енергијата потрошена за дробење на дрвото, но за тоа има интерересно решение. А дрвениот чипс добро изработен и третиран, е скоро исто како и пелетите, но сигурно би бил поевтин , кога се земе дека ги нема трошоците за пресување...што се заедно го прави занимлив мал-среден бизнис.
Напредна топловодна печка според концепт-дизајнот на 2С тогаш би била вистинско решение за нашиве услови....;)

Слична машина на чипување на дрвото, колку што разбрав, пред одредено време има набавено ЈП Паркови и зеленило.
Порано одпадните гранките ги фрлаа во Дрисла. Сега ги сецкаат и ги користат во жардењерите за заштита од коров, ѓубрење и спречување на сушење на земјата.
Те молам образложи подетално за: „ Напредна топловодна печка според концепт-дизајнот на 2С тогаш би била вистинско решение за нашиве услови....“
 
... ЈП Паркови и зеленило
Порано одпадните гранките ги фрлаа во Дрисла. Сега ги сецкаат и ги користат во жардењерите за заштита од коров, ѓубрење и спречување на сушење на земјата.
Да не си слушнал каде можат да се набават гранки?
Од огревното дрво, прилично сигурен сум дека на лице место каде ги сечат дрватам ги кастрат и гранките.
 
Да не си слушнал каде можат да се набават гранки?
Од огревното дрво, прилично сигурен сум дека на лице место каде ги сечат дрватам ги кастрат и гранките.

Незнам ... Ќе се обидам да дознам и ќе јавам.
Тие имаат плац карши Гимназијата Орце Николов. Ако некој живее блиску, го замолувам да се рапраша
 
Слична машина на чипување на дрвото, колку што разбрав, пред одредено време има набавено ЈП Паркови и зеленило.
Порано одпадните гранките ги фрлаа во Дрисла. Сега ги сецкаат и ги користат во жардењерите за заштита од коров, ѓубрење и спречување на сушење на земјата.
Те молам образложи подетално за: „ Напредна топловодна печка според концепт-дизајнот на 2С тогаш би била вистинско решение за нашиве услови....“
Замолив еден познавач на проблематиката, инжињер од минатите славни времиња, да ми направи ТактичкоТехнички опис на печка на дрво ( а тука е и дрвениот чипс) според неговите согледувања, а се тоа за едно мало проектче кое би дефинирало добра печка за греење во денешно време.
Тоа кондензирано е отприлика ова:

Печката да се ложи само еднаш во текот на четири или пет часа, значи треба да биде поголема печка која одеднаш ќе прими гориво за да се ослободат 30 до 40 KWh. Термоакумулациона за да оваа количина топлина се акумулира и потоа постепено се испушта на просторијата. Влезот на воздух во ложиштето строго контролиран, да има одлично дихтување на врати, пригушување на оџакот и херметичност на други отвори. Вентилатор на страната на чадот за да во ложиштето има подпритисок за да не дојде до чадење во просторијата. Вентилаторот е задолжителен заради чести палења на печката. Вентилаторот со континуирано променлив број на вртежи поставен на самата печка.
Во ложиштето одеднаш би се поставила и запалила поголема количина на огревно дрво. При тоа вентилаторот на оџакот би бил вклучен и би биле отворени долните отвори за воздух. Кога дрвото ќе се запали, односно кога ќе заврши првата фаза на сушење, во втората фаза на испарување и согорување на испарливите состојки ќе треба да се пушти воздух и во самото ложиште, значи печката треба да има отвори и за секундарен воздух. Во третата фаза – согорување на цврстото гориво, би се исклучил вентилаторот, воздух само одоздола и би се придушувал оџакот бидејќи тогаш во ложиштето се високи температури. Во четвртата фаза, догорување уште повеќе би се придушил оџакот.
Се постигнува висока искористеност на горивото. Едно ложење и воопшто нема да се додава свежо гориво се додека не изгори и догори претходната количина на гориво. Секое додавање на ладно свежо гориво во ложиштето во кое дрвото гори ќе предизвика делумно гасење на веќе запаленото гориво а тоа е загуба. Ново гориво ќе се внесува во ложиштето од кога претходното гориво наполно ќе догори.
Печката има сигнализација. Има еден или два покажувачи на температурата во ложиштето од кој ќе се одреди кога е постигната температурата на палење, кога е фазата на горење на испарливите состојки во горивото ( максимален интензитет на согорување ) и тн. Ламбда сонда на излезот на чадот - која ќе покажува колкава е количината на кислород во чадот односно колкав е вишокот на воздух во текот на согорувањето. Сонда која ќе ја мери брзината на чадот во оџакот.

Примарниот и секундарниот влез на воздухот и пригушниот лептир во оџакот би требале автоматски да се отвараат – со чекорни мотори врз основ покажувањата на сензорите.
 
Замолив еден познавач на проблематиката, инжињер од минатите славни времиња, да ми направи ТактичкоТехнички опис на печка на дрво ( а тука е и дрвениот чипс) според неговите согледувања, а се тоа за едно мало проектче кое би дефинирало добра печка за греење во денешно време.
Тоа кондензирано е отприлика ова:

Прашањето тука е зошто нештото да биде просто и функционално кога може да биде сложено и нефункционално.
По мое премногу електроника, мотори , сензори. Ај што ке биде скапо за да се направи туку и многу нешта можат да се расипат.
После не ми е јасно како ке се складира топлината и како воопшто ке се зема од печката. Сигурно и на тоа мислел само тука не е споменато. Можеби и ефикасноста на таква печка би била голема но само под услов се да е наштеловано како што треба. Еден сензор или мотор или клапна да заеби и толку од ефикасноста. Друга работа ( ова по печките на пелети кои исто така имаат некаква електроника, додуша далеку помалце сложена) е видот и униформноста на дрвото. Сите тие сетизни , штеловања и незнам што нема да вредат ни пет пари ако таа е штелована за еден тип на дрво со одредена влажност а се стави друг тип на дрво или огревен материјал со различна влажност или карактеристики. Кај печките на пелети се правеа еден куп глупости само заради пелетите што не се со ист состав или карактеристики. Тука чуда ке се прават ако наместо даб се стави бука на пример.
Во секој случај има далеку поедноставни начини со многу помалце променливи кои можат да заебат и со задоволителен коефициент на искористеност на печката, да не зборувам за цената на изработката на таква печка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom