Одбраната на Плантинга е подложена на сериозна критика од атеистите. Но, во оваа поставена тема ја користам линијата на помал отпор (мрзелив сум, што да правам...) и ја следам логиката: ако Одбраната на Плантинга е точна (во што се сложуваат сите христијани, освен MIKI1
), тогаш од неговите заклучоци произлегува дека Рајот (од христијанството) не постои, па според тоа христијанството како религија се руши (заедно со нивниот Бог).
Еве на кратко за слободната волја - под ризик дека заради симплифицирање и изоставување важни начела Тапетарот Петар ќе ме испокара
:
Бог, како семоќен, можел да бира по свој ќеиф каков свет да направи и со какви луѓе да го насели. Можел да направи свет во кој луѓето воопшто немаат слободна волја, но таму луѓето би биле обични кукли управувани од Бог (досадна игра со кукли). Можел да направи свет во кој луѓето би имале ограничена слободна волја - да прават само добро, но тогаш тие луѓе би правеле добри дела под диктат, без слободен избор (слободна волја) да го прават што сакаат, иако тоа што го прават е добро (добри кукли - роботи, со ограничена слободна волја - ограничен софтвер). Така, Бог избрал да направи свет населен со луѓе со потполно слободна волја, кои можат да прават што сакаат - добро, но понекогаш и зло. Таквиот свет е повреден од свет во кој луѓето би имале ограничена слободна волја, ап заради тоа Бог, како совршен, го створил светот со најголема вредност - во кој луѓето можат да направат и зло, но тоа не е во котрадикција со неговата семоќ и неговата совршена добрина.