Алвин Плантинга, злото и слободната волја

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Се менувам физички но во суштина не се менувам ни јас ни ти, ни било кој, нема сила што може да ме натера да ме занима машинство на пример или да сакам да слушам џез, ете ти некој пример.
Немам време сега, друг пат :)
Инаку не си ти тој што сака метал да речеме. Ама спојот е толку јак да добиваш таков впечаток дека ти си Нихилиста....
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Немам време сега, друг пат :)
Инаку не си ти тој што сака метал да речеме. Ама спојот е толку јак да добиваш таков впечаток дека ти си Нихилиста....
И јас немам време сега доказ дека ни ти ни јас немаме слободна волја!
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Хахахах абе не ти е јасно тебе уште?
Ти се прогласи умрен од дамна. Мртви луѓе за рационалност, души и сл. по твоите убедувања(т.е. верувања) не можат да контемплираат.
Откаде тоа - сум се прогласил за умрен? Прашањево е реторичко, не се замарај да одговориш.

А за мртвите луѓе, точно е, тие не можат да контемлираат по својата смрт. Ама ние живите луѓе можеме да контемплираме за се што ќе посакаме, па дури и за она што не постои - Дедо Мраз, души, реинкарнација...

А бе луѓе, ми ја усравте темава. Пишете си за карма и слични глупости во друга тема, остајте ме на раат овде.
Го молам администраторот да ги отстрани несоодветните постови од оваа тема и да ги пренесе во друга, соодветна тема.
--- надополнето: 28 декември 2011 во 14:35 ---
Овосветовните мудреци и Светите Оци учат за две сосема различни категории: овосветовното кај философите и духовното кај Светиите. Разликата во начинот на кој учат/поучуваат е неспоредлива.
Што е битна разликата во начинот на поучување? Основно е: дали кажаното/напишаното, независно од кого доаѓа, е точно или не? Го избегна одговорот на моето прашање: Дали она што доаѓа од овосветовните филозофи не е точно, само затоа што доаѓа од нив а не од Светите Оци?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А бе луѓе, ми ја усравте темава. Пишете си за карма и слични глупости во друга тема, остајте ме на раат овде.
Го молам администраторот да ги отстрани несоодветните постови од оваа тема и да ги пренесе во друга, соодветна тема.
Епа, колега, добредоjде на Религија - кадешто модераторот модерира еднаш годишно ;)

Најбоље место у свет! :D

Баш ми е жал за темата...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Епа, колега, добредоjде на Религија - кадешто модераторот модерира еднаш годишно ;)

Најбоље место у свет! :D

Баш ми е жал за темата...
Па покушаваше едно време exlemk, ама изглеа дигна раце....подфорумов си зима замав како што вее ветрот - така :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Сите теми на религија се исто. Неколку страници се оди по темата и после заради една или друга причина ќе тргне накај „општо“. Посебно игорче кога ќе се умеша, тогаш и тие што пишуваат не знаат што напишале...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па покушаваше едно време exlemk, ама изглеа дигна раце....подфорумов си зима замав како што вее ветрот - така :D
Токму онака како што заслужува еден вистински форум за религија. No censorship, whatsoever!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Проблемот со заклучокот на Плантинга, то ест до противречниот заклучок дошол затоа што самата премиса или поставувањето на проблемот му е погрешна.Тргнал од тоа дека постои господ, што само по себе е погрешно, тогаш и заклучокот е погрешен.

PS:Дај вратете се на темата, сите теми ги уништивте да му е*ам мајката!!!
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Не е баш така едноставно. Плантинга тргнал да го соборува Логичкиот проблем на злото (омилен кај атеистите):
1. Ако постои Бог, тој е бескрајно добар, семоќен и знае се.
2. Ако Бог ги има горните атрибути, тој нема да дозволи зло (кое го прават луѓето).
3. На светот постои зло (кое го прават луѓето).
4. Заклучок: Бог не постои.

Плантинга докажал дека точката 4 не произлегува од претходните 3 точки, затоа што постоењето на слободната волја на луѓето (во која спаѓа и правењето зло) е поважна од евентуалното зло што би можело да произлезе како последица од таа слободна волја. Уште повеќе, произлегува дека ако важат првите 3 точки, тогаш Бог не може да створи свет со луѓе, во кој не би постоела слободна волја.
Атеистите би требало да се запознаат со оваа Одбрана на Плантинга и да не се обидуваат да го користат Логичкиот проблем на злото во своите напори да докажат дека Бог не постои. Заклучокот 4 едноставно не произлегува од првите 3 точки! Плантинга совршено прецизно го соборил Логичкиот проблем на злото.
Но, последиците од Одбраната на Плантинга даваат завршен удар на христијанската догма за постоење на Рајот - во него по дефиниција не смее да има зло, а тој е населен со луѓе кои имаат слободна волја, па според тоа во Рајот е можно зло (особено после бесконечно долго време досадување... :) ). Контрадикторност!
Да резимирам: од првите 3 точки не произлегува дека Бог не постои, но затоа од неопходноста на постоењето на слободна волја кај луѓето произлегува дека не постои Рај - онаков каков е дефиниран во христијанството! Со тоа не се докажува дека Бог (дефиниран во точката 1) не постои, но се соборува една основна догма од христијанството, а со тоа паѓа целата таа религија.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Одличен ти е постот, иако не се согласувам со твојата конклузија. Има и други интерпретации. Алвин Плантинга нуди издржана дискусија за логичкиот проблем на злото преку овие две основни премиси: 1. Постоење на семоќен, сезнаен и седобар Бог, и 2. постоење на зло и човечки страдања во свет кој е создаден од таков Бог. За оние кои истрчуваат со конклузии без прочитана реченица од авторот (као малиот гаде), Плантинга е философ кој со логички методи ги гради своите тези и ги презентира во еден кохерентен но комплициран труд. Неговата поента и одговор се логичко докажување на постоење и практицирање на слободна волја.

Дискусијате е далеку од едноставна и завршена. Постојат се`уште разномислија по толкувањето на „пробабилистичкиот проблем на злото“ и „евиденцијалниот проблем на злото.“ Морав да дадам извори за терминиве, зашто прости дефиниции не вршат работа. Се гаѓаме со тврда материја овде, па треба и малку читање. Ваквото поставување на проблемот на злото нужно подразбира покомплицирана дискусија за понуденото сценарио за коегзистенција на омнипотентен Бог и зло.

Еве го моето мислење, со сиот должен респект кон Алвин Плантинга (кого го имам читано и слушано на неколку конференции). Логичкото докажување на постоење на слободна волја (она кое е една од централните теми на Плантинга) е многу, многу лизгава работа. Второ, не сум убеден дека твојот пост го дебанкира постоењето на рајот и тешко дека ќе ви ја обезбеди реторичката муниција која ја посакуваш. Башка, докажување на рајот не е предмет на дискусиите на Плантинга. Побргу би прифатил критика кон аргументот за постоење на слободна волја.

Иако интересно и возбудливо, миксањето на религиски концепти и наука е однапред осудено на пропаст. Првите ниту се докажливи, ниту има потреба да се докажуваат. Како можеш да докажуваш ентитети, процеси, состојби и конструкти кои се надвор од сферата на рационалното и докажливото? Науката оперира во доменот на можното и докажливото.

п.с. Ако сакаш поасални дискусии, префрли ја темата на „Философија“. Ќе се куртулиш од аматерска какофонија и бладања.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
^Издржи еден пост без да навредиш некого, о екселенцијо! I challenge you!
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Фер забелешка, извини. А сеа дај пиши нешто ако имаш на темава (ама да прочиташ прво), о гаде!
Јас мислам дека темава треба да оди во филозофија, пошто нали, таму се учени и соодветно ќе одговорат и ќе се расправа, ќе се печатат трудови и такви рабоќе.Тука ние сме simple men, раб божји, не разбираме многу, со прости зборови објаснуваме поими несфатливи за обичната багра.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јас мислам дека темава треба да оди во филозофија, пошто нали, таму се учени и соодветно ќе одговорат и ќе се расправа, ќе се печатат трудови и такви рабоќе.Тука ние сме simple men, раб божји, не разбираме многу, со прости зборови објаснуваме поими несфатливи за обичната багра.
Кои сте тоа „вие“, има поише гадиња на темава?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Искрено немам читано за човеков ама сконтав околу што е дискусијата. Ќе се информирам кога ќе можам. Да завршам со Хиченс.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom