Многу НЕСМАСНА политика.
Тоа би бил мојот коментар.
Одлуката за визи ја донело СОБРАНИЕТО каде што никој не се побунил кога се гласала оваа одлука,ниту Албанските партии.
Сега кога доаѓа на ред имплементација на истава одлука се дигаат „востанија“ ..а од кого? Од истите оние кои што СПИЕЛЕ кога се гласала првично оваа одлука за визен режим.
И пред ова имало визен режим меѓу МК и АЛБ ,со единствена разлика што МК визи се давале на граница. А според новата одлука би требало да се оди во Тирана.
Реално ама баш ништо не добиваме како држава доколку визите ги издаваме во Тирана... ниту сме заебале некого ниту ќе видиме некои „бенефиции“ од ова, затоа сите муабети како „ПОВТОРНО СМЕ СЕ ПРОДАЛЕ“ или останатите коментари во стилот дека сме изгубиле нешто поради оваа (не)одлука се бесмислени и само провоцираат негативен набој меѓу луѓево.
До кога вака лесно ќе се палиме на политички игри, колку пати до сега рекле едно направиле друго ,ветиле а не исполниле, затоа оладете со непотребни коментари каде што упорно неколку луѓе се обидуваат да ги извртат работите на дигање тензии.
Ај..со здравје!