Зошто очајнички одмор ? Знаеш што е очајнички ? Да одиш Грција на краците во една соба напикани 4 -ца, "апартман" ѓомити кој патем кошта 200 евра за една недела најмалце, да се натовариш како магаре во колата од компири, домати и што уште не затоа што храната е ѓаол и пол во Грчка, да седиш на плажа цел ден со едно кафе и успат да ти дофрла некој напатен грк дека Македонија е Грчка, е тоа е другар очаен одмор.
Во Албанија прв пат бев летово, поточно Саранда, преубаво си поминав, а имам доста шетано низ светот, храната им беше превкусна, за таа цена што ги издаваат едни соби од 5 квадрати во Саранда добивме цел стан со две спални соби, станот беше пречист.