Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bafra

Гостин
Не оправдувам од никого ама Македонија така функционира.

Лично јас за фирмите а и конкуренцијата за да добијам работа ако во цената не го вклучам и референтот за да ми ги каже цените на понудите работа ќе добијам на куково лето.
Нее ли и ова кеиминал?
И како да се искорени?
А и да се искорени 90%од фирмите ќе треба да се затворат
НЕ Е тоа криминал, доколку си понудил најниска цена.
Криминал би било доколку ти со поткуп си добил тендерот а си понудил НАЈВИСОКА цена а тие со најниска ги одбиле под некој нереален основ и од буџетот место 1.000 евра потрошиле 5.000 евра
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

А не е криминал да ги отворат понудите од другите пријавени на тендерот да ти кажат што нудат и ти да ги наштелуваш работите демек подобра понуда имаш и да доставиш понуда во 5 до 12? Технички не губи никој ама не е фер:)
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Ванхауте: Промена на режимот преку избори повеќе не е можна

Интервјуто
Нека си го фати патот он за дома, нека си решава терористички проблеми а не да ми спрема терен за непризнавање на резултатите од изборите, да не треба да се распадне државава според него, за тоа ли гинеле наши предци, за некој вакви палимерковци да ми солат памет во своја држава а платеници од пораталиве да го величаат и да му се радуваат продадени души што не си ја сакаат сопствената земја
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Вакво величање на странци одамна не сум видел. Дури и за СДС ми е премногу ова. Дали е можно Ванхауте да им биде кандидат за премиер на следните избори?
 
B

Bafra

Гостин
А не е криминал да ги отворат понудите од другите пријавени на тендерот да ти кажат што нудат и ти да ги наштелуваш работите демек подобра понуда имаш и да доставиш понуда во 5 до 12? Технички не губи никој ама не е фер:)
Се додека од Буџетот НЕ се одлеани повеќе пари а притоа запазени се квалитети и стандарди нема ништо лошо.

Што има лошо место 10.000 евра да плателе за услугата/материјалот некој ти кажал понуди 9.500 евра ... полошо е само за продавачот помала заработка ама секој со свој есап.

Криминал е ако ти си понудил 8.000 еур а после со анекс ова она испадне 20.000 еур ;)
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Имав слободно време и се изначитав. Сакам да поставам едено размислување. Секој член на СДС се служи со аргументи дека државата нечини, народор глуп (греши и кога е у право), младите бегаат, катастрофа со здравство и образование, немање на инвестиции, најголем криминал и корупција, партиска администрација и судство, немање идеја за ЕУ и НАТО. Сеа си викам ок, вака напишано мизерија изгледа. Потоа викам ова е се негација на постоечкото и во кое реално се инвестира, ама еве како ме убедува опозицијата дека се нечини. Па за кој ку..ц се бори она. Еве нека каже некој битен од СДС со што е толку фраерски да ги гласам. Со тоа што се негираат заслужуваат да седнат во фотеља. За тоа што не нудите ништо треба да ве гласа чоек. Само со тоа што кажувате дека нечини власта ви е исто ко да сте некои тужи баби во градинка. Вакви опозициски олоши не е било во Македонија
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.388
Поени од реакции
36.321
Нека си го фати патот он за дома, нека си решава терористички проблеми а не да ми спрема терен за непризнавање на резултатите од изборите, да не треба да се распадне државава според него, за тоа ли гинеле наши предци, за некој вакви палимерковци да ми солат памет во своја држава а платеници од пораталиве да го величаат и да му се радуваат продадени души што не си ја сакаат сопствената земја
Сакање на сопствената земја = сакање на Груевски?

Оди фрли се во некој бунар со главата надолу.[DOUBLEPOST=1458900363][/DOUBLEPOST]
Вакво величање на странци одамна не сум видел. Дури и за СДС ми е премногу ова. Дали е можно Ванхауте да им биде кандидат за премиер на следните избори?
Што кажува во интервјуто? Го прочита?
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Сакање на сопствената земја = сакање на Груевски?

Оди фрли се во некој бунар со главата надолу.[DOUBLEPOST=1458900363][/DOUBLEPOST]
да бе, чичко ми е мене грујо хахах..сакаш да те упознаам ?
зашто ми лепиш етикета со грујо ? што кажав дека сдсм ја нуди државата на странци за да дојде на власт ? заболело ме мене за вмро и сдсм, очи нека си извадат меѓу нив, ама кога некој ми нуди држава на странци е тогаш ми се пали сијаличката, тоа нема да помине кај никој што си ја сака државата....

тоа е проблемот на сдсм, што не може да сватат дека ако плукаат цело време по вмро, дека краделе, праеле вака така, не ги прави нив подобри, ќе си ги пикнат у затвор тие што краделе, ама тоа нема да ги донесе сдсм на власт, не може куртон од белгија да ми уринира врз држава, да ми негира историски личности, и јас истиот тој да го подржам на избори, не бе бато не бива таа работа. Јас можам да сватам дека кај членството на сдсм омразата према вмро е голема и дека по секој цена сакаат власт ама не можам да сватам, да не им смета кога вакви мајмуни како ван хојте, све можно плука и негира во Македонја, нека се води политичка борба, ама не по цена да се продаваат национални интереси.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
И по провладините мислења што ги читам на форумот може да се видат трендовите на напаѓање на опозицијата. И интересно е што овие трендови се менат како се менува ситуацијата. Како Грујо да ги управува со даљинско.

Прво беше дека разговорите се сечени и монтирани, па после беше „ние сме лоши, ама вие бевте полоши“, а сега Катица не чинела, била дебела, не ја делела баничката во трето одделение, а странците сите ќе не’ јаделе. А да, тука е и онаа констатација дека опозицијата немала програма (а општо се познати ставовите на опозицијата за скоро секое прашање и веќе се промовирани куп мерки ако победат на изборите).

Вистината е дека и Меган Фокс да беше обвинителка, вие ќе речевте оти била таква или онаква. И СДСМ да вети најдобра програма вие ќе речете дека не чини. И најчистиот човек на светот да го стават лидер на опозицијата, вие ќе речете пастирот е подобар. Само да не дојде време да се срамите и оградувате од тоа што сте го кажале, и тоа нема да биде прв пат...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Сакање на сопствената земја = сакање на Груевски?

Оди фрли се во некој бунар со главата надолу.[DOUBLEPOST=1458900363][/DOUBLEPOST]

Што кажува во интервјуто? Го прочита?
Истото што го вергла опозицијата, т.е. координарано е ова иначе немаше да се појавува секој ден на различни (а всупност исти) прооопзициски медиуми. Нема услови сега за сега, вчудоневиден е од народот (дури и незадоволен од него) во македонија и да имало техничка влада 2-3 години под меѓународен мониторинг (мек протекторат).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.210
Поени од реакции
25.948
Што кажува во интервјуто? Го прочита?
Дека ако се оддржат избори, СДСМ ќе губат ко магариња. И дека кај ВМРО-ДПМНЕ не видел никаква желба за промени, туку преговарале само затоа што мора да се преговара, до некоја завршница, после која ќе продолжат по старо.

Ама тоа не е нешто ново или иновативно. Груевски на секој јавен собир го кажува истото.
 
W

wicked_1

ова бетер од на Прибе извештајот го истолкува :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.210
Поени од реакции
25.948
ова бетер од на Прибе извештајот го истолкува :icon_lol:
И извештајот на Прибе, и ставовите на Ван Хојте, и барањата на СДСМ ќе завршат на исто место. Ко секоја искористена тоалет хартија. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom