Оди, оди...
Адам, створен како возрасен, не значи дека бил бездушен, туку, како што вели еден од Учителите во Црквата, Адам бил трезвеноумен, што значи дека и тоа како имал ум кој „сече„ и кој (ум) ги гледа нештата во нивната суштина, а не само во нивната појавност. Така, кога Адам ги именува животните, Адам со само еден збор (име) кое го доделува, ги опфаќа сите основни и специфични особини кои ги поседува едно животното (еден животински род или вид), а кои (особини) другите животни ги немаат.
Духот Адамов има(л) „резерва„, односно Адам, роден како телесно возрасен, има(л) задача и можност да се уподобува (да станува сличен) на Бога, односно Адам има(л) духовен потенцијал за бесконечно духовно усовршување.
Едноставно кажано, Адам бил телесно совршен, потенцијално бесмртен, а духовно несовршен, со склоност кон усовршување, преку помошта/благодатта која Адам ја примил/примал од Бога.
Ајде, ти пофали се дека нештата ги гледаш суштински...
Мики, нигде не реков дека Адам бил бездушен, дадов забелешка дека веднаш создадениот Адам со возрасно тело на душата и недостасуваат низа промени за да образува силна врска со телото.
Бидејќи душата во човека доаѓа чиста, не гибната, без "меморија" , книга со празни листови кои со тек на промените и времето впива од настаните и доживувањата кои следат.
Бог го создава првиот човек , а под поим човек се подразбираат сите промени.Те разбирам дека и поинаку неможеш да веруваш , но ако било така и самиот бог ќе прескокнел денови и директно на 5 ден ќе отишол.
Мики , овде сме да си споделиме размислувања, а не да се фалиме со нив.
Може да ти кажам како гледам јас на битие.
Создавањето на светот е напишана во "огледало" каде пред читателот стои перде на очите искажано со термини и поими кој не му дозволуваат да види , а всушнос се работи зс секоја човекова промена гледана од позиција на човек и што се доживува.
Поединечно во денови, првиот за новороденче (нека биде светлина и ја оддели бог темнината од светлината) само и тоа го разликува новороденче.
Сводот вториот ден- положбата и фиксирање на очите , што е горе, а што доле.
Третиот ден времето со своите спротивности, сонцето и месечината, расте и ги забележува разликите...како што се мајка и татко.
Четвртиот ден , веќе оди-трча ја осознава природата и животните.
Во тој ден најмногу осознава.
Петиот ден , добива животворен дух...може да создава нов живот ..пубертет, тука доаѓа опомената која се однесува за забранетиот плод.
Шестиот ден е во тек за секој созреан човек.
Седмиот ден кога ќе одиш во пензија да се одмориш.
После со децата на Адам се прават други поделби за човештвото во духовна смисла.(тоа е друга тема)
И така бог го создаде светот за седум дена - седум човечки промени.
Гледај од позиција од сите етапи од човековото постоење, а не од тоа што си сега.
Светот не би постоел , ако нема кој да сведочи за него.
Не само Мојсе и други како Данаил и Јован го гледале истото 7 периоди на човекот , но секој на свој начин го искажал.Мојсе како создавање на светот, Данаил му го толкувал сонот на царот (човештвото преставено со еднина -цар).Јован , седумглав звер со десет рога.(прстите од рацете)
Знам дека за верник е тешко да се раздели од бајките во кои верува, таму каде бог е на една страна ,а човек на друга , сепак овде сме да споделиме размислувања.
Има многу вистина во цитатот "Јас реков , вие сте богови".