Азурен Брег

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали некој бил на Азурен Брег?
Ница, Кан, Монако или некој друг град.
Како сте си поминале, или како сте стигнале до таму?
Мене ме интересира како како најефтино би стигнал до Азурен Брег, кои агенции имаат аранжмани до некој град на Азурен Брег.
Исто така ме интересира како стојат со цените таму.
villefranche-sur-mer.jpg
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Тие се кремски места сигруно цените се во ваздух .
За аранжман треба да се почека уште некој месец .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Јас што имам слушано, доста многу се крадело во туристите. Дали е точно ова? :(
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Јас што имам слушано, доста многу се крадело во туристите. Дали е точно ова? :(
Секаде каде и да одиш на патување не 2 туку 4 очи треба да имаш отворено .
За крадење секаде се краде ама во тиа места ти што ги наведе не верувам дека од тоа треба да се плашиш ,бијдеки таму одат појаки луге (генерално )
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Венеција – Верона – Барселона – Ница – Кан – Монако - Монте Карло - Милано
17.900 ден
Во цената е вклучено:
превоз со автобус АЦ;ДВД;ЦД;ТВ на релација Скопје – Венеција – Барселона – Милано – Трст – Скопје
5ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* и 2* (1ПП во Лидо ди Јесоло, 3ПП во Лорет де Мар и 1 ПП во Милано)
сите организирани разгледи наведени во програмата
професионална придружба за време на патувањето
организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
превоз со брод Punta Sabbione – Венеција - Punta Sabbione- 10
влезницата,превозот и паркингот Шпанско Село - 10€
влезницата,превозот и паркингот Камп Ноу - 16€
влезницата,превозот и паркингот Аквариум 10 €
влезница за дискотека 5 €
● патничко осигурување10 €
● билети за јавните превозни средства (метро, автобус...)
индивидуални трошоци
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас сум бил, преку апсолвенската. Убаво е се таму само не е бријилантно како што опишуваат(маркетинг). единствено во Кан и Ница можеш да ги видиш најскапите јахти во светот и да се сликаш на црвениот тепих, а Монако е подобро освен казината голем впечаток ми остави и кралската палата, стазата за формула што поминува низ градот и ред други работи. Не е прескапо, цената на фамилиарна пица е околу 10-11 евра, се разбира не е ценава за некој отмен ресторан. Кај казината во Монте Карло е таму е веќе друго , кафето кошта околу 8 евра а тоа е најефтино. Сепак ако имате можност добро е да се види, а ако имате и среќа можете и со некоја пара да си одите.
Крадење на овој брег нема.Таму одат кремски фаци, шеици, бизнисмени кои вложуваат со илјадници и стотици евра во казиното , не им дошло до нашите мизерни 500-1000 евра. Барселона и Лоре де Мар за таа работа се познати.
Оф топик. Колега на оваа тура, кој прв пат влегуваше во казино, на слот машина доби 4000 евра и тоа на првото мавање:drk:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
Втор или трет по ред го купив на Монопол. Ефтини хотели имам, може да ти средам.

I keed. Убаво да си поминеш ако успееш да се снајдеш да стигнеш.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас што имам слушано, доста многу се крадело во туристите. Дали е точно ова? :(
На апсолвентска бев. Преубаво е.
Крадење во Монако нема. Водичот нас цело време не тераше да пазиме и кога дојдовме во Монако рече ако сакате сега со парите на чело шетајте.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
На апсолвентска бев. Преубаво е.
Крадење во Монако нема. Водичот нас цело време не тераше да пазиме и кога дојдовме во Монако рече ако сакате сега со парите на чело шетајте.
Па добро, со исклучок на Монако. Зошто таму нема сиромав или некој да проси на улица. Али по другиве градови како што зборат може и да се разбудиш гол. :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
На апсолвентска бев. Преубаво е.
Крадење во Монако нема. Водичот нас цело време не тераше да пазиме и кога дојдовме во Монако рече ако сакате сега со парите на чело шетајте.
Ме интересира колку плати за апсолвентската до таму и колку дена бевте?
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Венеција – Верона – Барселона – Ница – Кан – Монако - Монте Карло - Милано
17.900 ден

Во цената е вклучено:
превоз со автобус АЦ;ДВД;ЦД;ТВ на релација Скопје – Венеција – Барселона – Милано – Трст – Скопје
5ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* и 2* (1ПП во Лидо ди Јесоло, 3ПП во Лорет де Мар и 1 ПП во Милано)
сите организирани разгледи наведени во програмата
професионална придружба за време на патувањето
организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
превоз со брод Punta Sabbione – Венеција - Punta Sabbione- 10
влезницата,превозот и паркингот Шпанско Село - 10€
влезницата,превозот и паркингот Камп Ноу - 16€
влезницата,превозот и паркингот Аквариум 10 €
влезница за дискотека 5 €
● патничко осигурување10 €
● билети за јавните превозни средства (метро, автобус...)
индивидуални трошоци

Истава тура ни е понудена годинава за на екскурзија, али колку ќе се сложат родителиве тоа не се знае..
 
V

Vollstandig

Гостин
Секаде каде и да одиш на патување не 2 туку 4 очи треба да имаш отворено .
За крадење секаде се краде ама во тиа места ти што ги наведе не верувам дека од тоа треба да се плашиш ,бијдеки таму одат појаки луге (генерално )
Многу ти е тапа размислувањето “Таму одат појаки луѓе“. Какви се тие појаки луѓе? Понабилдани, физички посилни, јаки во издржливост на екстремни услови...јаки во имунитет, здравствено силни, емоционално силни?
Кога природат го создавала тој Азурен брег сигурно не напишала ниту планирала “Еве создадов место за да одат само јаки луѓе (без разлика што тоа и да ти значи) и никако обични луѓе да не цапнале тука. “

Безвеза е кога се класифицираш во некоја група на луѓе и имаш одредено движењеи никако подруго ниту на локалитети стапнуваш со извадок “вакви луѓе одат таму онакви луѓе таму“.
Тоа го правеа а и го прават валјда сега новопечени металц, строго во стилот на андерграундот во парк или некое недоделкано место в подрум шупа гаража со пиење и строго дремење во паркови или во нивни филмски места наречени Dark Places жими стапов, и ко изгубени честитики се коа ќе стапнат во обичен ресторан,пицерија, или обичен бар да се напијат кафе.
Мене ништо не би ме спречило да појдам таму освен финансиите а финансии доволни се за пат па да појдиш и да го видиш местото , каде што нема никој да ти речи врати се назад...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ница е главното централно подрачје на Азурниот брег,место кадешто не можеш да останеш рамнодушен, град кој ќе те врати назад низ времето пред 400.000 години кога и почнала цивилизацијата во овој регион. Ница (Nicaeа) веројатно била основана околу 350 год. пр.н.е. од страна на Грците од Марсеј, и била наречена “Nikaia” во чест на грчката божица на победата NIKA. Помеѓу туристите Ница е втор француски град по популарност покрај Париз,а во градот се наоѓаат повеќе шопинг центри како: Nice Star, Nice TNL, Nice Lingostière, Northern Forum, St-Isidore, Trinity, и Cape 3000 со Saint-Laurent-du-Var.
Во Ница е прекрасно да пливате во тиркизното чисто море и да се сончате, да уживате во прошетките на шеталиштето покрај брегот, а во вечерните часови заедно со гитари и песни, да уживаме во звезденото небо над Ница.
Кан е град на Jet-set, на филмската и музичка елита, на грациозноста и престижот. Секако во Кан се наоѓа филмската палата кадешто секоја година како гости може да се забележат Роберт де Ниро, Квентин Тарантино, Емир Кустурица, Памела Андерсон, Jay-Z & Beyonce итн. Најчесто тие отседнуваат во многуте елитни хотели или на нивните јахти. Во Кан истотака се одржува и најголемиот музички светски саем за музика.
Монакo е кнежество во Југозападна Европа. Монако претставува т.н. град-држава, кој се наоѓа на Средоземното море и граничи со Франција и Италија. Кнежество Монако е втората најмала држава во светот по Ватикан.Монако е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението. Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.Секоја година Монако привлекува голем број туристи поради казината и пријатната клима, но сепак на самите Монегасци не им е дозволено да се коцкаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom