Адвертајзингот во Македонија

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Најтапа ми се сите реклами за шампони и детергенти иако не се рачунаат за македонски медиа производ. Инаку ретко да има реклама која што е навистина наш производ, иако се прават за наши фирми. Обично ги прават адвертајзинг агенции кои имаат канцеларии во Скопје, но немаат никаква врска со правењето на рекламата (телевизиска) бидејќи сите се снимаат во странство.
Малце сум :eek:ftopic:, ама ептен ме инспирираш со тоа што спомна детерџенти...

Една од најдобрите реклами што сум ги гледала е баш за детерџент (на шпанска телевизија), изгледаше како да ја режирал Pedro Almodovar и углавном еден криминалец бегаше од местото на злосторот и ги пикаше сите алишта во машина за перење... Со многу трчканици, го најде полиција ама немаше доказ... (прашокот многу добро перел....) :pos2::pos2::pos2:

Рекламата беше жива акција-чудо!
 
Член од
27 мај 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Радиото е доста добар медиум за пропагандна порака. Но има и одредени недостатоци. Од премногу реклами вашата може да се изгуби. Потребно е повеќекратно повторување на рекламата за да биде забележана. Доста ограничена порака која можете да ја пратите.
Еве нешто за рекламите и нешто за маркетинг средства.
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
www.2be.com.mk

ВИДЕТЕ ВО ДИСПЛЕЈОТ НА ТЕЛЕФОНОТ, која песна е пуштена ?????
:vozbud:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Високобуџетните реклами, особено правени од државни пари се најуспешни. Слично како и кампањите. Најновата за безбедност во сообраќајот-,,Вози пребрзо, стигни прерано" е ефективна и впечатлива. Од разговорот со претставник на една наша маркетинг агенција, сфатив дека секоја една секунда на екранот чини фасцинантни финансии. Во последно време нема катастрофални промашувања во поглед на содржината. Освен на една телевизија, каде чопоративно се емитуваат несвестско-смешни реклами, за производи од кои треба да те фати страв(најпрво од премалата цена). Сепак, помина времето во кое ,,на добриот производ не му требаше реклама". Луѓето посветуваат дел од своето време на рекламите, кое секој еден добар герила или мултикорпорациски маркетар знае да го искористи во своја полза.
Од кампањата за образованието:
Најдобра реклама за производ:
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
коа има еден кадар коа го снима излогот.....се глеа камера-столбот на изглогот (се рефлектира)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
коа има еден кадар коа го снима излогот.....се глеа камера-столбот на изглогот (се рефлектира)
Добро е што не се гледаат рефлекторите како на спотот од Милчо.:smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Добро е што не се гледаат рефлекторите како на спотот од Милчо.:smir:
Милчо коментираше нешто јавно околу "грешката"?

Инаку, искрено, видео спотовите за кампањите на владата се одлични (едино за тупаницата треба да најдат алтернатива).

А, кога сме кај најсрање реклами, тука дефинитвно води Велија со Хедис.
Кога ги гледам, понекад добивам желба да го скршам телевизорот:pipi:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Рекламите што се снимија за промоција на Македонија се најсовремени снимени тука и за тоа нема збор... Особено спотот на Изи и спотот за Охрид.

И морам да апелирам до фирмите од странство што се рекламираат тука да прекинат да синхронизираат дегенски песни кои маваат во мозок и те хипнотизираат да го фрлиш телевизорот на првиот што ќе ти помине под балкон.
Уфф, при самото пишување се нанервирам. Фриком, Имлек, ако го читате ова, дајте затнете малку (малку повеќе)!
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Рекламите што се снимија за промоција на Македонија се најсовремени снимени тука и за тоа нема збор... Особено спотот на Изи и спотот за Охрид.

И морам да апелирам до фирмите од странство што се рекламираат тука да прекинат да синхронизираат дегенски песни кои маваат во мозок и те хипнотизираат да го фрлиш телевизорот на првиот што ќе ти помине под балкон.
Уфф, при самото пишување се нанервирам. Фриком, Имлек, ако го читате ова, дајте затнете малку (малку повеќе)!
Според мене рекламите ако се квалитетни, треба да вродат со плод, односно да се зголеми фркевенцијата на странски туристи. Баш да видиме дали ќе се постигне посакуваното !!!!!!!

Не е финтата само рекламата да биде ок срочена, и убава за очи.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
И морам да апелирам до фирмите од странство што се рекламираат тука да прекинат да синхронизираат дегенски песни кои маваат во мозок и те хипнотизираат да го фрлиш телевизорот на првиот што ќе ти помине под балкон.
Уфф, при самото пишување се нанервирам. Фриком, Имлек, ако го читате ова, дајте затнете малку (малку повеќе)!
Обично, производот со најдегенска амбалажа и најдегенска реклама постигнува највисоки продажни резултати, според влијаењето на адвертајзингот.

Џабе кога ти ќе направиш ремек-дело за Кан, ако во рекламата нема брендирање и позиционирање на производот. Да, ќе освоиш награда и Оскар за "уметност во рекламирање", ама производот нема да се продаде.
Затоа и има добра реклама за око, и добра реклама за маркетинг.

Пази, ако маркетинг тимот на Космофон мене ми ја презентираше рекламата која ја постираше Новинарка (за 3G), јас би ги отпуштил сите нив.
Освен што ќе ви украде насмевка на лицето, секој друг аспект од рекламата е тотално промашен.

Како прво, реклама за технологија која не специфицира предности на продуктот, ниту пак цена. Што значи дека не е направено никакво маркетинг истражување, не е воопшто "центрирана" кон луѓето кои би активирале 3G.
Како второ, наместо да промовира, таа истакнува една очигледна негативност на 3G-то. Јас како млад дечко, баш ќе се замислам по оваа реклама дали би ставил 3G заради тоа што се случуваше на рекламата. Исто како кога искочија мобилните, Мобимак да имаше реклама:

Во која човек седи на плажа и ужива во своето мохито. Релаксиран е, смирен и опуштен. Оддеднаш, нешто почнува да вибрира во неговите купачи, и следниот кадар вади телефон. Се јавува, го бараат од работа и почнува да се расправа за што ти ја знам.
И завршува со зборовите - Мобилен телефон, за да можат да ве пронајдат насекаде.

Затоа, уметничките реклами освен некои фалења по луѓево, немаат голем придонес. А додека пак дегенските, факт е дека се шират низ цело Скопје, и нема кој не знае за нив.
Е сега, има и уметнички со брендинг, ама во Македонија тешко дека ќе се најде талент да ги реализира - затоа... : )
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Како би ги коментирале кампањите што се вртат во последно време?
Мене ми остави голем впечаток новата на Златен Даб.
Овие новите реклами на One се жива утка, или барем мене многу ме нервираат. :icon_roll T-Mobile продолжуваат стандардно, и ми се чини дека во последно време не се експонираат нешто многу-многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom