Кабелските и дигиталните оператори се незадоволни од предложените измени на законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кој во пракса би биле обврзани да продолжат да го прават истото што го прават и сега - да ги емитуваат македонските телевизии во своите телевизиски понуди, само што со предложените законски измени ќе бидат обврзани да ги нудат во своите ТВ понуди.
Досега единствен ТВ канал кој е законски обврзувачки за кабелските и дигиталните оператори е МРТ 1, но со предложените законски измени сите македонски национални и сателитски телевизии ќе мораат да бидат дел од телевизиските понуди на кабелските и дигиталните оператори.
Единствени телевизии кои се незадоволни од предложените законски измени, се локалните и регионалните телевизии низ Македонија, бидејќи кабелските и дигиталните оператори - како Вип ТВ на пример - слободно ќе можат и понатаму да ги заобиколуваат и да не ги емитуваат нивните ТВ канали.
Како капак на се`, кабелските и дигиталните оператори се жалат бидејќи со додавање - или подобро кажано, со задржување - на сите македонски национални и сателитски ТВ канали во своите телевизиски понуди, ќе мораат да отстранат некои од нивните атрактивни ТВ канали, но сигурно не мислат на Балканика, Фен ТВ, Пинк, Гранд и останатите шундовски идиотизми, кои сигурно се најатрактивните ТВ канали во телевизиските понуди на кабелските и дигиталните оператори, особено во телевизиската понуда на Вип ТВ, за разлика од Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите за кои Вип ТВ вели дека имале слаба гледаност.
http://www.24vesti.com.mk/nezadovolstvo-kaj-operatorite-poradi-izmenite-na-zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-uslugi
Незадоволство кај операторите поради измените на законот за аудио и аудиовизуелни услуги
10.01.2018 | 17:28
Големите и малите оператори кои реемитуваат програмски сервиси ќе го искажат своето незадоволство од предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги на состанок со двајцата ресорни министри Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, дознава ТВ 24. Операторите ќе бараат средба и со Делегацијата на европската комисија во Македонија, која прави надзор во подготвувањето на измените. Ова е договорено на состанок на Здружението за информатички и комуникациски технологии во Стопанската комора на Македонија.
Според дел од Здруженијата, со измените, државата прави директен упад во работењето на операторите, се наметнуваат обврски кои ќе ги направат неатрактивни за корисниците, но и обврски кои не се во согласност со ЕУ регулативите.
Пред Нова година Владата брзаше да ги донесе законските измени, но Брисел го побара тектстот уште еднаш да го разгледа, за што информираше и владиниот портпарол.
„Најавено беше дека ќе биде на дневен ред на вчерашната владина седница на барање на Европската комисија, сакаат да имаат уште едно читање на предлог законското решение. Владата одлучи дека тоа е во ред.“ - изјави Миле Бошњаковски.
Здруженијата немаат информации дали Европската комисија ќе направи дополнителни измени, но велат дека во писмените реакции што ги испратиле до ЕУ за нив е спорно и неприфатливо што законодавецот навлегува во регулирањето на односите помеѓу комерцијалните медиуми од една страна и операторите од друга страна и при тоа операторите ги става во подредена позиција.
Ако измените на Законот се прифатат вакви какви што се тоа значи дека опраторите кои реемитуваат програма ќе мора да ги реемитуваат сите домашни радиодифузери вклучувајќи сателитски телевизии кои не запазуваат медиумски стандарди. Тоа ќе значи дека ќе бидат принудени да скратат од атрактивните телевизиски канали на сметка на неатрактивни. Единствена обврска која што е прифатлива е обврската за реемитување на Националната радиотелевизија (МРТВ) како медиумски сервис од национален интерес.
Против законот се и најголем дел од локалните телевизии, кои не беа опфатени со законот. Велат дека е дискриминирачки едни приватни телевизии да ги има на сите кабелски оператори, а за други да не важи таквата обврска. Операторите велат дека при подготвувањето на измените биле само известени, но воопшто не биле консултирани.
Ирена Смиљанска