- Член од
- 29 септември 2013
- Мислења
- 606
- Поени од реакции
- 491
Оффффф....
Луѓе не можам да ве разберам.
Нашиве телевизии даваат повеќе српска програма отколку македонска, малите деца повеќе знаат српски отколку македонски. Зборовите: устручавам, обала, уље, битно, ваљда, запосли, покушај, увек, никад, више, мање и уште стотина други, станаа дел од секојдневната употреба. Успех на нашиве родители е ако нивното детенце отиде на аудиција во Белград или ако некоја наша фаца влезе во некое нивно реално шоу. Нашиве кој од кој се прави поголем србин од нив па “прича српски“.
Паметен си ако кажеш некога изрека која само “тие“ ја знаат (како што велат Србите) демек истите тие ги нема на македонски. Па после се лутиме ако не наречат Јужна Србија. Ако порано србизмите ги користеа само скопјани, сега ги користат сите.
Па вие уште ги барате и 40-те Пинк канали!
Едвај се изборивме да добиеме македонски превод т.е. сеуште се бориме. На детските канали српска синхронизација, на спортските канали српски коментар, а сопствениците на тие канали се полнат со пари од Македонија.
Меѓу нашиве кабелски канали постои еден голем монопол кого некои земји одреден период се обидуваат да го скршат (а кај нас досега не ни имало обид) па сега сакате друг “монопол“ (Пинк) повторно да влезе во нашите домови.

Последно уредено: