Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - генерална дискусија

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, од општ формат, со сите три медиумски функции, на државно ниво.
Како е ова со сите три медиумски функции ? Мислам на што точно се мисли ? Да има и радио и весник или да е со три канали ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Како е ова со сите три медиумски функции ? Мислам на што точно се мисли ? Да има и радио и весник или да е со три канали ?
Понекогаш прашањата ти се неверојатно детинести, размисли малку пред да прашаш. Од каде ти дојдоа тие поими при памет - радио, весник, три канали ???

Трите функции се: образовна, информативна и забавна.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Понекогаш прашањата ти се неверојатно детинести, размисли малку пред да прашаш. Од каде ти дојдоа тие поими при памет - радио, весник, три канали ???

Трите функции се: образовна, информативна и забавна.
Епа од кај да знам јас што точно значи затоа и нагаѓам како мало дете.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
740
Поени од реакции
284
На канал 77 да не му дадат концесија за телевизија, знам дека одамна бараат.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Глупости од држава.
Место да се оди кон тоа, постојните телевизии да понудат поголем квалитет во програмската содржина, т ќе се дава концесија на уште телевизии.

Тоа е, треба да се вработат дипломираните новинари од Биро и кои ќе изигруваат тоалет папир на партиската врхушка за 200-300 евриќи.

А ние гледачите ќе имаме нови телевизии кои само ќе се плукаат едни со други.
И онака малиот медиумски простор за маркетинг заработка ќе биде стеснет.
Среќа што има на кабелска избор од регионални телевизии кои имаа подобра понуда. И од филмски, сериски, документарни, спортски и музички канали.

Иако сакам да видам квалитетна тв во Македонија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Во државава ни се потребни тематски телевизии и телевизии на кој политиката и вестите нема да се добредојдени. Не го мислам ова затоа што јас многу и не сакам политика и вести туку за да ја разбие моменталната монотонија во телевизискиот етер. Да имаме една телевизија која ќе емитува стрикно филмови и серии, една посветена само на музиката, една само на спорт, една само детска програма, една само посветена на документарци, една само на колажна забавна програма и ред друго.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Во Хрватска со преку 4 милиони жители, со поголем медиумски пазар има од приватни телевизии само Нова тв и РТЛ. А ние имаме приватни тв Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, до 2011 ја имавме и А1 ( која единствено имаше програма која нешто вредеше).
Плус ги имаме тука и тв 24 и Нова тв со вести постојано.

Плус државната МРТ е очај со програмата и со емитување партиски вести, и документарци за античкиот период, пропаганда од програма.

Ех да, во Хрватска Нова тв си има канал Дома тв на некој емитуваат репризно амерички серии од кои серии повеќето овие нашиве гревови од телевизии никогаш ги немаат емитувано.
И РТЛ си има канали за филмови, патувања и слично.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Во Хрватска со преку 4 милиони жители, со поголем медиумски пазар има од приватни телевизии само Нова тв и РТЛ. А ние имаме приватни тв Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, до 2011 ја имавме и А1 ( која единствено имаше програма која нешто вредеше).
Плус ги имаме тука и тв 24 и Нова тв со вести постојано.
.
Исто и Наша ТВ. Сонце, 21, Ултра, Мега, Тера, К1, О2, Шутел, Koха, Вис, Едо, Орбис и ред други се приватни телевизии.

Koга ја пиша веќе хрватската Nova заборави да споменеш дека они имаат и канал за деца Mini. Исто и во хрватска има плус помали локални/ регионални кој се приватни телевизии.

Србија има исто така премногу тв канали, повеќе локални и канали кој се емитуваат низ цела држава

РТС во Србија има пакет канали РТС Драма. РТС Живот, РТС Музика, РТС Коло, РТС Трезор кој се тематски и се емитуваат на српскиот телеком. Исто така и Pink имаат еден куп тематски тв канали Pink Fashion, Pink Kuvar, Pink Zabava, филмски колку сакаш, музички колку сакаш исто и порно колку сакаш. Prva има плус уште три тв канали Prva Max, Prva World, Prva plus.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Засега ништо од тие предлог одлуки за јавни конкурси за дозвола

Втората и третата точка од Дневниот ред на 16та седница, односно Предлог-одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување една дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис, општ формат, со сите три медиумски функции, на државно ниво и Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за телевизиско емитување на програмски сервис, со претежно образовен општ формат, на државно ниво, ќе се разгледуваат на првото продолжение на 16та седница
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Кога ќе биде продолжението на седницата?

Сега веројатно се договараат кој бизнисмен добие дозволата за телевизија.

Ние имаме резервни канали Сител три и Канал 5 плус на кои има само репризи од утринска програма и премиера на оној типот што јаде бурек.
И легендарното спортско студио на Сител три.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Ќе пишам тука затоа што не знам каде е соодветно.

На еден српски форум најдов линк каде пишува дека N1 е регистрирана верзија за Словенија, Црна Гора и Македонија.
http://www.gouvernement.lu/3989414/2015-...mbourg.pdf

Е сега знам дека има посебна верзија канал за Босна, посебен за Хрватска и посебен за Србија. Сите се разликуваат со некој емисии, со новинари и слично. Дали ќе биде посебен канал за Македонија не знам.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Kaков глуп дизајн на сајтот имаат одвај се снајдов кај им е што им е.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Кој го интересира нека слуша. Во вториот дел има нешто за 24 вести и за Роби Телекабел.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Кабелските и дигиталните оператори се незадоволни од предложените измени на законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кој во пракса би биле обврзани да продолжат да го прават истото што го прават и сега - да ги емитуваат македонските телевизии во своите телевизиски понуди, само што со предложените законски измени ќе бидат обврзани да ги нудат во своите ТВ понуди.

Досега единствен ТВ канал кој е законски обврзувачки за кабелските и дигиталните оператори е МРТ 1, но со предложените законски измени сите македонски национални и сателитски телевизии ќе мораат да бидат дел од телевизиските понуди на кабелските и дигиталните оператори.

Единствени телевизии кои се незадоволни од предложените законски измени, се локалните и регионалните телевизии низ Македонија, бидејќи кабелските и дигиталните оператори - како Вип ТВ на пример - слободно ќе можат и понатаму да ги заобиколуваат и да не ги емитуваат нивните ТВ канали.

Како капак на се`, кабелските и дигиталните оператори се жалат бидејќи со додавање - или подобро кажано, со задржување - на сите македонски национални и сателитски ТВ канали во своите телевизиски понуди, ќе мораат да отстранат некои од нивните атрактивни ТВ канали, но сигурно не мислат на Балканика, Фен ТВ, Пинк, Гранд и останатите шундовски идиотизми, кои сигурно се најатрактивните ТВ канали во телевизиските понуди на кабелските и дигиталните оператори, особено во телевизиската понуда на Вип ТВ, за разлика од Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите за кои Вип ТВ вели дека имале слаба гледаност. :tapp:

http://www.24vesti.com.mk/nezadovolstvo-kaj-operatorite-poradi-izmenite-na-zakonot-za-audio-i-audiovizuelni-uslugi

Незадоволство кај операторите поради измените на законот за аудио и аудиовизуелни услуги

10.01.2018 | 17:28

Големите и малите оператори кои реемитуваат програмски сервиси ќе го искажат своето незадоволство од предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги на состанок со двајцата ресорни министри Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, дознава ТВ 24. Операторите ќе бараат средба и со Делегацијата на европската комисија во Македонија, која прави надзор во подготвувањето на измените. Ова е договорено на состанок на Здружението за информатички и комуникациски технологии во Стопанската комора на Македонија.



Според дел од Здруженијата, со измените, државата прави директен упад во работењето на операторите, се наметнуваат обврски кои ќе ги направат неатрактивни за корисниците, но и обврски кои не се во согласност со ЕУ регулативите.

Пред Нова година Владата брзаше да ги донесе законските измени, но Брисел го побара тектстот уште еднаш да го разгледа, за што информираше и владиниот портпарол.

„Најавено беше дека ќе биде на дневен ред на вчерашната владина седница на барање на Европската комисија, сакаат да имаат уште едно читање на предлог законското решение. Владата одлучи дека тоа е во ред.“ - изјави Миле Бошњаковски.

Здруженијата немаат информации дали Европската комисија ќе направи дополнителни измени, но велат дека во писмените реакции што ги испратиле до ЕУ за нив е спорно и неприфатливо што законодавецот навлегува во регулирањето на односите помеѓу комерцијалните медиуми од една страна и операторите од друга страна и при тоа операторите ги става во подредена позиција.

Ако измените на Законот се прифатат вакви какви што се тоа значи дека опраторите кои реемитуваат програма ќе мора да ги реемитуваат сите домашни радиодифузери вклучувајќи сателитски телевизии кои не запазуваат медиумски стандарди. Тоа ќе значи дека ќе бидат принудени да скратат од атрактивните телевизиски канали на сметка на неатрактивни. Единствена обврска која што е прифатлива е обврската за реемитување на Националната радиотелевизија (МРТВ) како медиумски сервис од национален интерес.

Против законот се и најголем дел од локалните телевизии, кои не беа опфатени со законот. Велат дека е дискриминирачки едни приватни телевизии да ги има на сите кабелски оператори, а за други да не важи таквата обврска. Операторите велат дека при подготвувањето на измените биле само известени, но воопшто не биле консултирани.


Ирена Смиљанска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom