Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - генерална дискусија

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Од кога се наложи на операторите да имаат само македонски или рамковен превод, имам чувство дека одредени оператори се свестија и почнаа да работат околу локализација на каналите на македонски јазик. Најсвеж пример за ова според мене се каналите travel channel и каналот FLN.
Дали АААВМУ со ова ја постигна целта, по примерот на другите земји и во Македонија каналите да бидат 100% преведени?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487

Да се надеваме дека си во право.
Следна цел ќе биде спортските канали да бидат со македонски коментар.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Да се надеваме дека си во право.
Следна цел ќе биде спортските канали да бидат со македонски коментар.
Дај Боже, дај Боже.
Но не само спортските канали, нека вложат и напор и за детските канали, сепак мислам дека OK Orlando Kids не е доволно што е локализиран.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Дај Боже, дај Боже.
Но не само спортските канали, нека вложат и напор и за детските канали, сепак мислам дека OK Orlando Kids не е доволно што е локализиран.
Е да, ама за детските канали ќе треба да се зголеми претплатата. Овие што ги даваме секој месец мислам дека се малку. Плус треба во синхронизацијата да бидат вклучени професионални глумци, а не како сега аматери и синхронизација не на кои било детски канали туку на Дизни и Ник.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Е да, ама за детските канали ќе треба да се зголеми претплатата. Овие што ги даваме секој месец мислам дека се малку. Плус треба во синхронизацијата да бидат вклучени професионални глумци, а не како сега аматери и синхронизација не на кои било детски канали туку на Дизни и Ник.
Секако, доплатата не ја прифаќам.
На пример boomTV детскиот канал Kids Co го имаше синхронизирано, па не го доплаќаше. Еве сега и каналот OK Orlando Kids е синхронизиран, па не се доплаќа дополнително.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487
Секако, доплатата не ја прифаќам.
На пример boomTV детскиот канал Kids Co го имаше синхронизирано, па не го доплаќаше. Еве сега и каналот OK Orlando Kids е синхронизиран, па не се доплаќа дополнително.
Не мислам на дополнителна доплата, туку зголемување на основната доплата (или пак укинување на некои непотребни канали), бидејќи таквите канали имаат високи трошоци поврзани со синхронизацијата. За Kids Co, незнам каков бил, но за ОК знам сигурно: петокласни цртани со петокласни глумци.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе неколку правилници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа Вториот јавен состанок за 2015 година. Според Законот, Агенцијата е обврзана на секои три месеци, јавно да ги презентира сработените активности предвидени со Годишната програма за работа.

Нашата тенденција за транспарентност и отчетност во работењето постојано ја надградуваме. Во таа насока, е и презентирањето на обемниот сублимат од реализирани тримесечни активности на Агенцијата – истакна д-р Зоран Трајчевски“, директор на АВМУ.

Во насока на усогласување на домашната со европската легислатива, донесени се неколку правилници меѓу кои Правилникот за нови рекламни техники, Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнал од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Согласно Годишниот план за вршење на надзор, реализирани се низа редовни, контролни и вонредни програмски и административни надзори, како и еден стручен надзор. Во ова тримесечје се спроведе и процесот на надзор врз исполнувањето на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, кај МРТ1 и ТВ станиците од општ формат на државно ниво.

Во вториот квартал од 2015 година, Советот на Агенцијата донесе одлуки за промена на сопственичката структура кај два радиодифузери.

За констатираните прекршувања, на радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и печатените медиуми, изречени им се мерки, при што им е даден рок за усогласување на нивното работење согласно закон. Донесени се 5 одлуки за доделување дозвола за телевизиско емитување, од кои две на државно и три на регионално ниво, додека три оператори на јавни електронски комуникациски мрежи ја известија Агенцијата, за престанок на вршење на дејноста – пренос и реемитување на радио и телевизиски програмски сервиси и истите се избришани од регистарот на оператори.

Во насока на развој на медиумската писменост, промовирана е Нацрт – програма за поттикнување на медиумската писменост во РМ, како и македонска верзија на спотот на ЕАВИ за Авантурата низ медиумската писменост. Исто така, претставена е и Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, по што следеа јавни расправи за текстот на Нацрт – програмите, од каде повратно се добиени вредни предлози и сугестии.

Согласно Законот за постапување по претставки и предлози, Агенцијата има обврска да постапува по поднесените претставки и предлози. Најголем број од поднесените претставки и предлози до Агенцијата, се однесуваа на програмските сервиси кои се реемитуваат преку операторите на јавна електронска комуникациска мрежа.

Директорот на Агенцијата посочи дека Агенцијата е отворена за соработка и ги повика сите радиодифузери и останатите засегнати страни, да дадат свои мислења или предлози на теми, кои би се презентирале на следниот јавен состанок, а се од интерес на целата јавност.

Извор: biznisvesti.mk
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Што е со HD каналите? Кај мене само МТВ 1, 2 И Собраниски се во HD. Мислам дека порано имаше и Канал 5??
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Што е со HD каналите? Кај мене само МТВ 1, 2 И Собраниски се во HD. Мислам дека порано имаше и Канал 5??
Терестријално само МРТ каналите се во HD. Кај операторите (не кај сите) и каналите Сител и Алфа се во HD, но колку нивната програма е навистина во HD не знам.
Канал 5 HD имаше на времето, но во HD нудеше само натпревари од UEFA Лига на шампионите и Лига Европа, како и Формула 1, другото им беше во SD. Откако не ги откупија правата за тие преноси, каналот престана со работа. Иначе истиот се пренесуваше само на MaxTV.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Денес немам што друго обврски и ај реков да видам на авму дали некој од операториве имаат нови канали и ај видов што видов отидов во документот кај што е листата на странски канали кој се дозволени за емитување па приметив го има скоро целиот Pink пакет канали без основниот Pink 1 канал, без некој од филмските канали што се и можеби уште некој.

Добро би било некој да ги земе овие канали во понуда. Знам дека има и такви што не ги сакаат ама сигурно има и такви што би се претплатиле на нив.

Јас искрено сум ги видел тие канали, не ми се нешто по ќејф но добро е се наоѓа некогаш нешто интересно на нив.
http://avmu.mk/images/Pregled_na_licenci_30.03.2016.xls

Tуку нели едно време беа нешто забранети кај нас овие канали после дешавките со Pink 15 или пак јас нешто погрешно сум разбрал ?
 
Последно уредено:

Ако не се лажам, од пред некој ден IP Systems операторот ги нуди некои од Pink каналите.

Иначе да, беше забранета заради заостанат долг кон тогашното СРД (сегашно АААВМУ), заради долг кон вработените од Pink 15- и навредата кон нашата Република со привремената референца и покрај официјалното признавање од страна на нашиот север „брат“.
Колку што знам, се извинија изгледа за FYROM, но долговите останаа. Можеби им текна дека да ги подмират, па сега ќе биде интересно :) Баш ме интересира дали Blizoo ќе ги додаде експресно каналите како tring или пак digitalb каналите што ги има. :)
ps: каналите и јас не си сакам многу-многу, но тие што се филмски, колку што следам, знаат да дадат некогаш добар филм :)
 
Филмските и тие HTS музичките канали се добри, а и овој Pink plus има по некој добри емисии.

Ај па нека дозволат и HRT кај повеќето оператори да се врати би било одлично исто така би сакал и B92 да ја вратат а да дозволат и Prva, Prva plus, РТС 1, РТС 2, РТС 3,. Сепак тешко ова во блиско време.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Ако не се лажам, од пред некој ден IP Systems операторот ги нуди некои од Pink каналите.

Иначе да, беше забранета заради заостанат долг кон тогашното СРД (сегашно АААВМУ), заради долг кон вработените од Pink 15- и навредата кон нашата Република со привремената референца и покрај официјалното признавање од страна на нашиот север „брат“.
Колку што знам, се извинија изгледа за FYROM, но долговите останаа. Можеби им текна дека да ги подмират, па сега ќе биде интересно :) Баш ме интересира дали Blizoo ќе ги додаде експресно каналите како tring или пак digitalb каналите што ги има. :)
ps: каналите и јас не си сакам многу-многу, но тие што се филмски, колку што следам, знаат да дадат некогаш добар филм :)

Изгледа некоја финта се направиле,се регистрирале како Пинк БИХ
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ај па нека дозволат и HRT кај повеќето оператори да се врати би било одлично исто така би сакал и B92 да ја вратат а да дозволат и Prva, Prva plus, РТС 1, РТС 2, РТС 3,. Сепак тешко ова во блиско време.
HRT1, 3 и 4 може да се нудат, тоа што blizoo, MaxTV и BoomTV не ги нудат е друго.
B92 исто така самата си побара, како и Nova TV (hr.) да не се нуди во Македонија.
За Prva немам информации зошто нема права да се нуди.
А за РТС 1, 2 и 3. Тоа ти е ист случајот како со МРТ 1, 2 и Собраниски, БНТ 1 и 2. За во дијаспората, овие радиодифузери си имаат свои сателитски канали (РТС Сателит, МРТ Sat, БНТ World ...)[DOUBLEPOST=1461521883][/DOUBLEPOST]
Изгледа некоја финта се направиле,се регистрирале како Пинк БИХ
Нема врска тоа. Pink од Србија, се префрли како правно лице во БиХ, заради намалените трошоци за водење на бизнис. Имаше на интернет текстови за ова пишувано.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
HRT1, 3 и 4 може да се нудат, тоа што blizoo, MaxTV и BoomTV не ги нудат е друго.
B92 исто така самата си побара, како и Nova TV (hr.) да не се нуди во Македонија.
За Prva немам информации зошто нема права да се нуди.
А за РТС 1, 2 и 3. Тоа ти е ист случајот како со МРТ 1, 2 и Собраниски, БНТ 1 и 2. За во дијаспората, овие радиодифузери си имаат свои сателитски канали (РТС Сателит, МРТ Sat, БНТ World ...)[DOUBLEPOST=1461521883][/DOUBLEPOST]
.
HRT јас би сакал да се врати на MaxTV. Другиве и не ми се до толку нешто потребни ама ако некогаш би се нешто сменило околу лиценците за каналиве зошто и да ги нема.

Глупаво е што едни ги имаат други ги немаат, истото го мислам и за Arena sport каналите. Ако веќе некој побарани канали може да се нудат во Македонија тогаш нека ги има кај сите оператори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom