Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - генерална дискусија

Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Ако бесплатно се реемитуваат тогаш ништо нема спорно тие и сега ги реемитуваат сите канали. Но ако кабелските им наплаќаат на приватните телевизии, сега ќе бидат уценувани.
А што се однесува до македонските сателитски телевизии, па кои се тие? јас незнам ни една?
И да ги има како може да го намалат квалитетот кога тие и сега пренесуваат ѓубре канали.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Ништо од плановите за 6-та национална терестријална телевизија, извисија Роби Телекабел и телевизија 24 за национална терестријална лиценца.

https://www.24.mk/parite-odat-vo-stranstvo-studija-narachana-od-agencijata-za-mediumi-veli-ne-treba-nova-nacionalna-te

Парите одат во странство, студија нарачана од Агенцијата за медиуми вели не треба нова национална телевизија

03.05.2018 | 17:58



Агенцијата за медиуми нема да распише конкурс за доделување на национална концесија за телевизија затоа што маркетинг агенцијата која ја правела студијата препорачува дека нема услови на пазарот за нов играч. Во студијата се наведува дека се мали шансите новиот концесионер да постигне одржливост во одредена временска рамка, а и дека ќе ги загрози и останатите национални телевизии, кои според анализата покажувата пад на приходите.

„Податоците за пазарот покажуваат пад на приходите од основната дејност и пад на приходите од продажба на рекламен простор како најголем извор на финансирање на овие телевизии последователно во последните пет години, со исклучок на 2015 година“ - MARKETVISION

Од Агенцијата за медиуми велат дека постапиле по закон нарачувајќи студија за оправданост за доделување на нова национална концесија. Ја ангажирале Агенцијата Маркет вижин која често се јавуваше како маркетинг агенција која ги добива тендерите за соработка меѓу претходната власт и медиумите блиски до неа.

„Со оваа Агенција имаме соработка на различни проекти, соработуваме и со други маркетинг агенции, меѓутоа кога станува збор за маркетинг агенции во изминатиот период соработувале со Владата, ако се мисли на полето на владините реклами, така што оваа агенција не е исклучок“, вели Зоран Трајчевски - директор на АВМУ.

Пазарот е тој што треба да покажа дали има потреба од нов национален медиуми, велат од Владата.

„Потребни се реформи во медиумската индустрија, а тоа значи и целосно департизирање и професионализирање на АВМУ, да биде вистински регулатор на пазарот. Дали се потребни нови концесии или не тоа треба пазарот да го каже, меѓутоа едно е факт дека медиумите кои работат и егзистираат во Р.М. мора да ги почитуваат сите меѓународни стандарди, авторските и сродни права, но и треба да бидат испочитувани од регулаторот за тоа што го работат и на кој начин“, вели Роберт Поповски - министер за отчетност.

Додека од една страна со студијата се оправдува слабата кондиција на постоечките медиуми, од друга страна се ускратува правото на некој нов национален концесинер да излезе на пазарот – во директна конкуренција со постоечките телевизии.

Постапувајќи вака, се отвора дилемата дали на ваков начин не се дава можност на нов медиумски играч да инвестира во програма, продукција и проекти, преку кои ќе се вратат и рекламите кои во изминативе години се преселија надвор од Македонија токму поради слабата програмска понуда дома. Долго време дел од експертите коментираат дека дел од медиумите станаа зависни од владините реклами, а во трката за профити го занемарија квалитетот на понудата.


Ирена Смиљанска
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Мултимедиа Нет кабелска од Куманово си емитувала Sky sport 2 нелегално :) Aj тоа туку емитувала и Sport klub, HBO, пакет Box каналите, RTS 1, RTS 2, Nova хрватска...
http://avmu.mk/решение-за-опоменување-и-за-исклучува-2/

Сега им е изречено мерка да си ги исклучат. Некој оператори си тераат нелегално со канали се додека не ги фатат и опоменат :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
Тв сонце зарем не работи повеќе?
Работи, само направиле промена т.е.

"ТВ Сонце која имала дозвола за ТВ емитување на државно ниво преку сателит, поднела барање за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. По добивањето на новата дозвола, по сила на закон, претходната дозвола престанала да важи".
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.127
Поени од реакции
4.941
Работи, само направиле промена т.е.

"ТВ Сонце која имала дозвола за ТВ емитување на државно ниво преку сателит, поднела барање за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. По добивањето на новата дозвола, по сила на закон, претходната дозвола престанала да важи".
I sega emituva samo preku operatori kabelski na drzavno nivo ili i preku satelit ili veke ne emituva preku satelit ?
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Предупредено си беше... :)

Поддршка за операторите и те како!
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Една добра работа од ова е што еден куп пензионер-експерти за се и сешто ќе останат без деневната доза јавувања по телевизии во утрински, попладневи и вечерни емисии.

Плус и без ангажман ќе останат и дебело платените експерти од Топ Тема и слични срања на Алфа, 24 и Сител.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom