Не знам колку од вас ја знаат серијата Entourage, се работи за еден актер кој почнува да станува ѕвезда во Холивуд и неговата придружба/другари.
Ви го спомнувам бидејќи денеска гледав една епизода од втора сезона (некаде 2005та година) тесно поврзана со Аватар, па да споделам со вас.
Во оваа епизода, Џејмс Камерон наводно оди на Sundance фестивалот, за да го види новиот филм на Vince Chase (актерот) и да одлучи дали ќе го ангажира за неговиот нов филм - Aquaman.
Е сега, бидејќи серијата ја работат луѓе кои го знаат Холивуд in and out, не знам дали сите овие сличности се намерни:
1. Aquaman се планира да има 3 дела, исто како Avatar.
2. Vince Chase е сеуште непознат, како што беше Sam Worthington кога бил ангажиран.
3. Иако никој не верува дека филмот може да биде успешен, сепак Камерон се решава да го прави.
4. Откога ќе реши да го ангажира, Камерон му се јавува на Chase додека он е на врв на планината и се спрема за snowboarding. Во документарецот "Making of Pandora", Sam Worthington призна дека тој бил на бордање со пријателите кога Камерон му се јавил и ја понудил улогата, а тој му рекол "Мора да се спуштам до доле прво, за да снимаме".
5. Името, are you kidding me, премногу е слично за да биде коинциденција.
Можда на времето на Камерон не му сметало, бидејќи и така Avatar сеуште не бил почнат да се прави, па никој немало да примети во епизодата.
Интересно, во најмала рака.