И во тој поглед абортусот е занемарен...па нема нешто почовечки од тоа,во таква состојба да се задржи ембрионот. Личноста ДОКОЛКУ ПОСЕДУВА МАЈЧИНСКИ ИНСТИКТ може да си го задржи своето дете .Што се однесува до тоа дете ,тоа нема да доживува никаков емоционален проблем туку баш како личности таквите деца изградуваат поцврст карактер.
Имав личен контакт со вонбрачно девојче и навистина запрепастена а воедно и радосна од нејзиниот одговор: Фала му на Бог што сум жива и што никој не решил дека јас не треба да постојам !-зарем не ве трогна оваа мисла и замислите каде звршуваат др.абортирани деца и како изгледат ако ми дозволат можам и слики да приложам од абортирано ..навистина залосно изгледа.
А доколку некое дете почуствува емоционален проблем,тоа прво би било затоа што не е воспитано во христијански дух,а второ затоа што околината може да го отфрли на разни начини а не дека е виновно тоа детенце или неговата мајка .Значи ние треба да го смениме ставот кон таквите деца ,зашто токму тие деца можат да бидат подобрите.
А доколку мајката неможе да го задржи во спротивно нека го подари ,и тогаш направила хумано дело и израдувала некое семејство кое плачи за дете.И пак благодарноста е голема од двете страни .
Да се надоврзам уште нешто.. Според мене не треба да се подржува младината на оваа тема ...туку што повеќе добиваат информации за нивните последици.За секоја наша постапка има последица.Ако некоја несакајќи забремени (а несакајќи не постои,затоа што со самото в пуштање во односи се има во обзир и тој исход...тогаш ќе си ги сносиме последиците,не можи да си правиме кејф а од друга страна да уништува невини суштестава.Мислам барем со ова не треба да си играме.Зарем не мислите дека при абортусот ,настануваат најразлични компликации ,доага до стерилитет ,,тогаш се јавуваат најголемите стресови ,искомлексирани личности итн. и постојано измачување на совеста .
PurplePuma напиша:
↑
А ако е од силување? И тогаш да го прифатиме ,,подарокот,,?
Тоа е веќе друга работа....во таков случај би било оправдано.
Ова ти го изјави - ако е од силување е ,,друга работа,, и ,,тогаш е оправдано,,.
Но, Џули, што ако нема мајчински инстикт личноста, без оглед како настанал плодот? Демек, по дифолт се јавува мајчинство кога ќе видиш позитивен тест ако доброволно си имала секс?!
Вториот болд ти е голема глупост, во преднатална психологија учеше до кога плодот е ембрион и до кога истиот има нефункционален нервен систем, односно не чувствува болка, нема тука ништо за жалење и тагување.
Жално е 7-8 месечен фетус да се убие, а ембрион кој не чувствува ништо, нема ништо за жалење.
Тие деца можат да бидат ,,подобрите,,?! И тоа ако се христијански воспитувани?! Браво за тебе и твојата ,,професионалност,, ги дискирминираш децата, Џули.
И мајката не може да го ,,подари,, никому, не е дозволено тоа во РМ. Може само да го остави во дом, и понатаму нашите ,,многу добри,, социјални служби да одлучуваат за неговата судбина. Ти може не работиш со деца од дом оти тие не се од ,,подобрите,, ама моја најдобра другарка е посвоена, и тоа не баш бебе кога била. Изгледа не знаеш што значи ,,дом за деца без родители,, во македонски услови.
И за последното - настануваат компликации, помалку, него што настануваат при раѓање на дете. Па ајде да не раѓаме деца, зошто има компликации?! Сето тоа што си го навела, е теоретски можно само, зошто такви случаеви не сум слушнала да се случиле во Ремедика, Систина барем. Е сега, ако одат кај било кој касап... се е можно.
Инаку, се гледа оти не те бидува баш.... од каде па ти знаеш дека секоја има грижа на совест? Моја навистина блиска (фамилијарно) личност, нема ама ни 1 грам совест зошто абортирала ембрион стар 7 недели во тој момент. После тој абортус има други деца, овој пат со партнер со кој е во брак и со кој сака да ги има децата. Самиот абортус ама никако не и влијаеше во животот, повеќе од неколкуте часа после истиот.
Или ти ги тераш пациентите да имаат грижа на совест за работи за кои не треба, оти така е ,христијански,?!