Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Мојот став е против абортус ...барем во денешно време имаме најразлични средства за контрацепција ,доколку не сакаме бременост имаме многу начини како да се заштитиме,така да повеќе да внимаваме да не дојде до несакана бременост,но доколку се случи да го прифатиме тоа прекрасно суштество на свет...тоа е нашата гордост.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858

А ако е од силување? И тогаш да го прифатиме ,,подарокот,,?
 
B

Black Guard

Гостин
А ако е од силување? И тогаш да го прифатиме ,,подарокот,,?
Има луѓе кои плачат за деца-они ќе го добијат...од домовиве.
--- надополнето: Nov 20, 2011 3:28 PM ---

Пре би да абортирам, него дете во дом да однесам.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Оправдувам, но во следните случаи: последица од силување (макар што не сите се решаваат на абортус после таков инцидент), при високо процентна веројатност да се роди со сериозно наследно заболување, при доказ дека ќе се роди со многу тешко заболување од типот на спина бифида, цистофиброза, мускулна дистрофија, синдром на Даун и други. Но на крајот на краиштата тоа е единствено избор на бремената.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Многу е поефтин абортусот отколку да го чуваш до 18 години
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Го ценам твојот маччински инстинкт но зошто па да не во дом???

Зошто НЕ во дом??
Прво, зошто не жалам ембриони, а жалам деца.
Второ, зошто се сакам самата себе и не би се изложила понатаму во животот, на децата кои ќе ги имам, да им објаснувам дека еден ден можеби некое дете ќе ме побара.
Трето, зошто е нехумано да оставиш дете во дом, блиски луѓе посвоија, видов детето на само 3 години колку беше трауматизирано, не зборуваше, и сеуште вршеше нужда во пелени, немаше никакви хигиенски навики, никаква социјализација.
Доволно социјано загрозени деца и циганчиња има по улиците, тие се за во дом, веќе се родени.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Тоа е веќе друга работа....во таков случај би било оправдано.
Како во таков случај оправдано?!
А тој ембрион не е ли чедо господово!?
Што е крив ембрионот па да биде уништен?!
Како тоа ,,ненамерниот,, ембрион заслужува живот, а овој не?! Каде погрешил?!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Како во таков случај оправдано?!
А тој ембрион не е ли чедо господово!?
Што е крив ембрионот па да биде уништен?!
Како тоа ,,ненамерниот,, ембрион заслужува живот, а овој не?! Каде погрешил?!
Душо, џабе везеш... нема разбирачка... Во случај на силување, лекарот е должен да ти даде пилула за Ден потоа, за да не се случи несакана бременост (ова е во случај ако пријавиш силување, т.е ако одиш на лекар за преглед). Но во некои и од најразвиените земји ако лекарот е верник или сестрата (бидејќи и пилулата според нив е нешто како „убиство на ембрион“), тогаш те лишат и од правото на таква пилула, а не пак да ти оправдуваат абортус.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Душо, џабе везеш... нема разбирачка... Во случај на силување, лекарот е должен да ти даде пилула за Ден потоа, за да не се случи несакана бременост (ова е во случај ако пријавиш силување, т.е ако одиш на лекар за преглед). Но во некои и од најразвиените земји ако лекарот е верник или сестрата (бидејќи и пилулата според нив е нешто како „убиство на ембрион“), тогаш те лишат и од правото на таква пилула, а не пак да ти оправдуваат абортус.
Јасно ми е, но ме интересираше конкретно православната Џули.
Како тоа ембрион, настанат од незаштитен (или можеби заштитен) секс, заслужува да живее, а ембрион од силување, не заслужува? Дали е ова наследниот грев кој го гураат православните? Или е само обичен двоен аршин?!
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Значи жално е да се абортира и да се „убие“ нешто кое што не е сеуште човечко суштество, кое не е оформено, нема свест, не е свесно за своето постоење и едноставно кажано не е живо ама не е жално да загорчиш живот на минимум тројца луѓе кои се вклучени во приказната: „Носоење на нов живот на оваа планета“.

Еве да не одиме во екстреми, да земеме некоја поедноставна приказна. Што ако девојка на 20 години имала односи со својот дечко, и без разлика дали користеле или не користеле заштита, се случуваа таа да забремени. И дечкото и девојката се студенти и се во доста лоша финансиска состојба. Не се долго време во врска кога се случува тоа па не се сигурни што да прават. А да, и детето нема ризик за никаква аномалија, никаков застој во развој, се очекува да биде здраво и нормално.

Исход1: Двајцата се против абортус, и да речеме for the sake of the argument дека не се тотални лицемери, и решаваат да го чуваат детето. Двајцата треба да напуштат факултет, таткото да најде работа, затоа што тие финансии што ги имаат не се доволни за да се издржат самите а не пак да оформат семејство. Мајката исто така, затоа што не може веќе да се куропецава на факултет туку треба да почне сериозно да размислува за многу работи, почнувајќи од грижата за себе и за нероденото дете.По девет месеци, доаѓа детето, тоа си има свои потреби, а родителите се должни да ги исполнат. Е откако ќе се случи тоа, конечно стануваат свесни за она што го направиле. Со нова уста за хранење, која што има потреби поголеми од нив двајцата заедно, немаат шанси да се вратат на факултет и да ги завршат студиите што значи дека цел живот ке работат некоја нискоквалификувана работа со подпросечна плата. За тоа време најверојатно и момчето и девојката ќе сфатат дека не сакаат да го поминат животот заедно што дополнително ке додаде на нивната мизерија. И пет години од првобитниот настан имаш несреќно сиромашно семејство, родители со неостварени амбиции и соништа, дете кое што живее во сиромаштија и со константни кавги помеѓу родителите и расте во нездрава средина.

Исход2: Двајцата одлучуваат да го абортираат детето, одат во клиника и за помалку од еден час ја решаваат ситуацијата и пет години подоцна со завршен факултет, вработени на добро работно место и најважно, со желба да основаат семејство, го прават тоа и имаат три деца на кои им овозможуваат пристојни услови за живеење и сите петина имаат среќен живот.

Вистина е она што е во кампањата повторувано многу пати. За живот се работи. Ама за животот на веќе функционирачки и свесни битија кои би се осудиле да си ја уништат иднината и да живеат во мизерија поради некои ограничени умчиња со интернет конекција а не за животот на грст неоформено ткиво.
 
D

dystopian

Гостин
Како во таков случај оправдано?!
А тој ембрион не е ли чедо господово!?
Што е крив ембрионот па да биде уништен?!
Како тоа ,,ненамерниот,, ембрион заслужува живот, а овој не?! Каде погрешил?!
Ех, ама ја намести, срам да ти е... :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom