Значи жално е да се абортира и да се „убие“ нешто кое што не е сеуште човечко суштество, кое не е оформено, нема свест, не е свесно за своето постоење и едноставно кажано не е живо ама не е жално да загорчиш живот на минимум тројца луѓе кои се вклучени во приказната: „Носоење на нов живот на оваа планета“.
Еве да не одиме во екстреми, да земеме некоја поедноставна приказна. Што ако девојка на 20 години имала односи со својот дечко, и без разлика дали користеле или не користеле заштита, се случуваа таа да забремени. И дечкото и девојката се студенти и се во доста лоша финансиска состојба. Не се долго време во врска кога се случува тоа па не се сигурни што да прават. А да, и детето нема ризик за никаква аномалија, никаков застој во развој, се очекува да биде здраво и нормално.
Исход1: Двајцата се против абортус, и да речеме for the sake of the argument дека не се тотални лицемери, и решаваат да го чуваат детето. Двајцата треба да напуштат факултет, таткото да најде работа, затоа што тие финансии што ги имаат не се доволни за да се издржат самите а не пак да оформат семејство. Мајката исто така, затоа што не може веќе да се куропецава на факултет туку треба да почне сериозно да размислува за многу работи, почнувајќи од грижата за себе и за нероденото дете.По девет месеци, доаѓа детето, тоа си има свои потреби, а родителите се должни да ги исполнат. Е откако ќе се случи тоа, конечно стануваат свесни за она што го направиле. Со нова уста за хранење, која што има потреби поголеми од нив двајцата заедно, немаат шанси да се вратат на факултет и да ги завршат студиите што значи дека цел живот ке работат некоја нискоквалификувана работа со подпросечна плата. За тоа време најверојатно и момчето и девојката ќе сфатат дека не сакаат да го поминат животот заедно што дополнително ке додаде на нивната мизерија. И пет години од првобитниот настан имаш несреќно сиромашно семејство, родители со неостварени амбиции и соништа, дете кое што живее во сиромаштија и со константни кавги помеѓу родителите и расте во нездрава средина.
Исход2: Двајцата одлучуваат да го абортираат детето, одат во клиника и за помалку од еден час ја решаваат ситуацијата и пет години подоцна со завршен факултет, вработени на добро работно место и најважно, со желба да основаат семејство, го прават тоа и имаат три деца на кои им овозможуваат пристојни услови за живеење и сите петина имаат среќен живот.
Вистина е она што е во кампањата повторувано многу пати. За живот се работи. Ама за животот на веќе функционирачки и свесни битија кои би се осудиле да си ја уништат иднината и да живеат во мизерија поради некои ограничени умчиња со интернет конекција а не за животот на грст неоформено ткиво.