Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А љубовта од родителите? Цел живот тоа дете да го потсетува на неуспех и изгубени соништа? А благосостојбата? Траумите што детето ќе ги помине во шит фамилија каде ни мајката е мајка, ни таткото е татко? А што ако заврши во сиропиталиште? Ќе има тоа некаква тежина? Ма дај ти се молам. Зашо онда славиме роденден а не зачетден?

Јас да сум ќе воведам ригорозни мерки за станување родител. Психофизичка состојба на мажот и жената, коефициент на интелигенција, економска состојба.
Добро ти да си ама не си, и вака вели Универзалната декларација за човекови права при ОН.
 
P

Princ

Гостин
А љубовта од родителите? Цел живот тоа дете да го потсетува на неуспех и изгубени соништа? А благосостојбата? Траумите што детето ќе ги помине во шит фамилија каде ни мајката е мајка, ни таткото е татко? А што ако заврши во сиропиталиште? Ќе има тоа некаква тежина? Ма дај ти се молам. Зашо онда славиме роденден а не зачетден?
Ништо од она погоре не е вечно. Ни љубов, ни материјална состојба, ни татко, ни мајка, ни ова, ни она... Се` тече, се` се менува.
Јас да сум ќе воведам ригорозни мерки за станување родител. Психофизичка состојба на мажот и жената, коефициент на интелигенција, економска состојба.
Имајќи во предвид дека 1% од луѓето се МНОГУ богати, 19% припаѓаат на средната класа некоја солидна, и 80% се сиромашни... ти предвидувам брзо бесење на плоштад. Среќа што не си, нели?
Не сакав да почнам да објаснувам како богатството воопшто не е гаранција дека ќе бидеш добар родител (да не те потсетувам на бритни спирс, парис хилтон...) ама пример-два нека ти послужат за да ја сузбиеш таа мисла. Всушност, тие и ги прават најголемите пропусти во грижата кон децата.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Неам слушалици ама претпоставувам дека декларацијата вели за веќе родени деца. Ми дрндате за правото на живот на едно купче збрчкани ќелии а ме прашал некој за моето право на живот? Ги прашал некој нашите војници што ги пуштивме низ среден исток да водат битки што не се наши? Прашал некој дали јас или ти ќе треба да фаќаме врски по партиски линии за да најдеме работа и врземе крај со крај?

Остајте го абортусот на раат. Ако не го оправдувате, не абортирајте, но не им го забранувајте правото на тие што абортираат, уште помалку да ги дискриминирате.
 
P

Princ

Гостин
Не ти требаат слушалки за да прочиташ дека вика
Human Right #3:
The Right to Life.

Право да живее. Значи не право на живот (live), туку секој има право да ЖИВЕЕ (life)! Има огромна разлика од едниот збор до другиот, само дали сакаш да ја видиш.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
@принц Тоа е одговорот на сите мои прашања? Не е ништо вечно? СЕ' СЕ МЕНУВА?! Кажи го тоа на детето што има мајка роспија и татко пијаница што се враќа дома секој ден и ги мава од ќотек. Кажи го на мојата комшивка што и се скина кондомот и сеа на 17 години ќе ја мажат за кретен што нит е човек, нит па има во глава. Она нема да може да оди на факултет, моронов по цел ден и цела вечер не се враќа дома. Порано девојчево доаѓаше кај нас на гости често се дружеше со нас, сеа ја нема никаде. По цел ден е кај свекрвата. Уште сеа гледам како тоа дете ќе биде посипено со нивната љубов. Oh, woe is us.

Секако дека богатството не е најважно, не мора да бидеш богат за да станеш родител, но треба да имаш услови за да се исполнат бар најосновните потреби на детето.

Баш би сакал да видам како ќе размислувате кога ќе напумпате некоја девојка.
 
P

Princ

Гостин
Остајте го абортусот на раат. Ако не го оправдувате, не абортирајте, но не им го забранувајте правото на тие што абортираат, уште помалку да ги дискриминирате.
Остајте ги дрогирашите на раат. Ако не сакате не се дрогирајте, но не им забранувајте на нив да се дрогираат.
Остајте ги убијците на раат. Ако не сакате немојте да убивате, но немојте да ги казнувате другите доколку убијат.
Остајте ги педофилите на раат. Ако не сакате не онаквувајте деца, но не ги казнувајте оние што си онаквуваат деца.
Остајте ги XXX на раат.

Дали си свесен дека за човечки живот одземен зборуваме? И не, јас не можам да те оставам на раат за ова.

Кажи го тоа на детето што има мајка роспија и татко пијаница што се враќа дома секој ден и ги мава од ќотек.
Да немаат деца само нејзе ќе ја мава. Пак не го реши проблемот. Или и сопругата ќе му ја абортираш? А и нејзината баба која ја силуваа фашистите? И све така до бескрај.
Кажи го на мојата комшивка што и се скина кондомот и сеа на 17 години ќе ја мажат за кретен што нит е човек, нит па има во глава.
Чекај малку, она мислеше дека сексот е кожно-венерична болест при која два сексуални органа се тријат и така се лекува? Девојкава штом имала однос на 17 години со кретен, и она не е ништо поарна. Јас на 24 години загубив невиност. Бидејќи на 24 станав спремен за последиците кои би ги имал од сексуален однос со девојката. Ако јас можев да дркам до 24 години, секој може. Не се работи овде дали сака или не. Ќе дркаш и ќе немаш дете до моментот кога ќе го одлучиш спротивното, или ќе имаш секс на 17 и ќе си сносиш одговорност да израснеш дете. Абортусот не е контрацепција.
Баш би сакал да видам како ќе размислувате кога ќе напумпате некоја девојка.
Princ размислуваше ПРЕД да напумпа некоја девојка. Тука е разликата помеѓу мене и тебе.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Бре, како сте се фатиле за два три збора како роспии за кур, а се друго го ставате на игнор.

Каков човечки живот? Знаеш што пиши во Библијата? Госпот казнувал за "истурено семе". Кажи ми принцу, зашо онда дркаш? Кога ќе го согледате животот што е роден околу вас? Мене според напишаново, вас ви се побитни неродените од родените. Ако ми се правите толку светци и светици, сакате да организираме акција за дечињата во 11ти октомври? М? Да им дадеме малце од љубовта што нивните родители не сакале да им ја дадат поради некое си нивно убедување?

Ова најсериозно прашувам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Неам слушалици ама претпоставувам дека декларацијата вели за веќе родени деца. Ми дрндате за правото на живот на едно купче збрчкани ќелии а ме прашал некој за моето право на живот? Ги прашал некој нашите војници што ги пуштивме низ среден исток да водат битки што не се наши? Прашал некој дали јас или ти ќе треба да фаќаме врски по партиски линии за да најдеме работа и врземе крај со крај?

Остајте го абортусот на раат. Ако не го оправдувате, не абортирајте, но не им го забранувајте правото на тие што абортираат, уште помалку да ги дискриминирате.
Вели ПРАВО НА ЖИВОТ другото е само како вовед и сликовито објаснување на животот. Тоа важи и за родени и неродени. Па имаш право на живот никој во оваа држава нема да те осуди на смрт заради тоа што го пишуваш на форумов. Твоето уше е едно купче на збрчкани ќелии да земам да го пресечам нема да ти пречи?
 
P

Princ

Гостин
Каков човечки живот? Знаеш што пиши во Библијата? Госпот казнувал за "истурено семе". Кажи ми принцу, зашо онда дркаш? Кога ќе го согледате животот што е роден околу вас? Мене според напишаново, вас ви се побитни неродените од родените.
Неспоредливо е одзимањето на човечки живот (срце чука ово-оно) со дркање. На темава одбивам да зборувам од религиозна гледна точка. Зборувам како човек.

Ако ми се правите толку светци и светици, сакате да организираме акција за дечињата во 11ти октомври? М? Да им дадеме малце од љубовта што нивните родители не сакале да им ја дадат поради некое си нивно убедување?

Ова најсериозно прашувам.
Најсериозно, постојано давам љубов каде што има потреба од нејзе. Ти ако не го правиш тоа (и било кој друг), преиспитај се.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Принцу, сакав да кажам дека дркањето е грев според библијата. Ти го истураш светото семе и со тоа од старт убиваш околу три милиони потенцијални деца.

Абре какви последици човече ако тоа дете не е посакувано? Кога тоа ќе ти влезе во глава? Како ќе расте тоа дете ако не го сакат? Лол, Принц мисли дека сум напумпал цурица. :D

Тебе буцо аналогиите ти се гз преку глава. Да бе да, ќе ми пречи. Пошо тоа уше е мое и моја сопственост, се додека тоа не стане свесно за неговото постоење и не сака самото да се оддели од мене, јас имам јурисдикција врз него.

Убивањето животни не е убиство?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Пошо тоа уше е мое и моја сопственост, се додека тоа не стане свесно за неговото постоење и не сака самото да се оддели од мене, јас имам јурисдикција врз него.
Your sperm is property of the government!

Blasphemy!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тебе буцо аналогиите ти се гз преку глава. Да бе да, ќе ми пречи. Пошо тоа уше е мое и моја сопственост, се додека тоа не стане свесно за неговото постоење и не сака самото да се оддели од мене, јас имам јурисдикција врз него.
Па која е разликата и едното и другото се само групација на клетки.
Човекот е свесен уште од првиот ден на зачнувањето и аналогно на тоа тој самиот е свест, живот самиот по себе и не е ничија сопственост.
Зошто децата ако се сопственост на мајките, тогаш децата не се деца и мајките не се мајки, туку првите ќе бидат робови, а вторите робовладетели.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Неам слушалици ама претпоставувам дека декларацијата вели за веќе родени деца. Ми дрндате за правото на живот на едно купче збрчкани ќелии а ме прашал некој за моето право на живот? Ги прашал некој нашите војници што ги пуштивме низ среден исток да водат битки што не се наши? Прашал некој дали јас или ти ќе треба да фаќаме врски по партиски линии за да најдеме работа и врземе крај со крај?

Остајте го абортусот на раат. Ако не го оправдувате, не абортирајте, но не им го забранувајте правото на тие што абортираат, уште помалку да ги дискриминирате.
Може роденденот си го славиш кога си роден, но најголемото чудо на природата и благослов е зачнувањето. А и ти си купче збрчкани клетки и на 23 години, па пак те сметаме за човек. Затоа доста го потценуваш зачнувањето , само затоа што ти си толку ,,голем и важен' а тоа толку мало што не го гледаш.
А да си војник во Македонија е професија, така да ти си бираш... И те молам не мешај партии со темава, не ја спуштај на толку ниско ниво. Правото на живот не трпи политика.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Па која е разликата и едното и другото се само групација на клетки.
Човекот е свесен уште од првиот ден на зачнувањето и аналогно на тоа тој самиот е свест, живот самиот по себе и не е ничија сопственост.
Зошто децата ако се сопственост на мајките, тогаш децата не се деца и мајките не се мајки, туку првите ќе бидат робови, а вторите робовладетели.
Затоа имаш поделба во медицината бе. Сперматозоид........фетус.......бебе. Не е случајно поделбава направена. Или, онака само терминолошки нафрлано е, некој го измислил од досада?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom