Џордан Питерсон - подем и пад

Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Не е негативен зборот....човекот си е супер, баш така завршува живот на толку емотивен човек. И нема никаква хипокризија кај него.....нема учење и знаење кое може да му помогне на човек на кој му се распаѓа цел свет :)
Се препуштил човекот во рацете на ќерка му како и секој што истото го прави во слична ситуација. Сум бил сведок многу пати, како човек наоѓа утеха во безизлезни ситуации на луѓе што им верува.
Или ќе станеш емотивно тап, или ќе завршиш во некоја установа не гледам друга опција ако го погрешиш човекот од доверба.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Неговата психичка состојба е повеќе анкциозност отколку било што, а се е тоа резултат на емотивна незрелост и комфорт... токму неговата таргет група, не поминал сам хироус џрни а на други им проповеда за истото па и правила за живот... Јордан таков не смее книги за самопомош да пишува туку да заглави сам на пуст остров без лековите и цивилизацијата воден од нагонот да преживее... и за 6 месеца ќе биде нов човек, отпорен на глупости... е тогаш книга.

Најсмешно е што Јордан и за стоицизам правеше муабет.
 
Немора да си на пуст остров да си сам и единствено што те тера напред да биде инстинктот за преживување. Очигледно не си осетил некој работи на свој грб па да ја сфатиш тежината и симболиката на тоа што го зборува. Тоа е комфорт. Книгите негови не ми се читани, но типот ми изгледа џењуајн иако не сум толку детално запознаен со неговиот живот.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Зошто мислиш дека анкиозноста е резултат на емотивна незрелост и комфорт?Стресот е тој шо најчесто предизвикува анксиозност.Сум видел многу силни љуѓе кој имале огромен стрес ко на пример тешка болест на некој свој близок па сеа се тотално крахирани и изгубени како на психолошки така и на финансиски план.Обично судат љуѓе кои не поминале низ такви маки и искушенија,ама кога судбината ќе ги рашамара и нив тогаш ќе сватат дека и не се толку силни колку шо мислеле дека се.Тогаш ќе сватат дека изреката-Неволјата шо не те убива те прави посилен е тотална глупост!
 
Последно уредено:

Не му судам на анкциозноста туку на профитерството дека го знае решението а самиот е неспособен да се справи... а сега си прави твистови за да не му отиде брендот даун д тоилет.

И да, непријатностите те растат, те прават отпорен. Провери статистички каде се потребни најмногу антидепресиви, има една непријатна вистина за нас па ја блокираме... децата на комфортната циивилизација... секогаш ќе останеме деца додека не се соочиме со физичка загрозеност.... овој муабет да го правиш со некој од Сирија шо пребегнал со мало дете во раце, изгубил се и поминал свашта има да ти се смее колку сме ние... непораснати... и ќе биде во право.
Он ќе чисти улици во Германија со насмевка додека ти си работиш фина канцелариска работа со хелексот до тебе и го слушаш Џорди...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Јас поинаку го гледам тоа. Џордан Питерсон е човек кој страда од коктел со психолошки растројства. Има анксиозност, хронична депресија, идентитетски проблеми и Бог знае што уште му се дешава. Зима фармакотерапија која го носи на други мрачни места поради апстиненцијалните кризи, во комбо со ова погоре. Со такви состојби на умот, мотото: „Practice what you preach" не е толку едноставно применлива работа. Греота е пошто страда од психолошки растројства кои не одбрал да ги има.

Неговите „селф-хелп" книги, како и неговите излегувања, се повик за помош, поврзан со неговата унутрашна борба. Он случајно стана познат, па влезе во јавниот простор (читај го Хабермас за муабетов) и сега мора да биде некаков морален пример, иначе ќе јаде критики. Тоа ги снаоѓа сите што се славни. Они не треба да бидат луѓе, туку богови. Јасно е и зошто.
Ама... секојдневно гледам вакви луѓе. Значи, природната средина ми е таа. Професори по Етика шо дрпнале цицка у некоја канцеларија, попови шо земја пијани напраиле фатална сообраќајка. Шефици шо проневериле пари од донации за помош на деца со пречки у развој. Сите имаат, кога спремаат одбрана, болни мајки, мртви сестри, скарани сопружници, минат низ премрежја... сите се сироти, сите се за греови.
Епа не се. Ти имаш направено одлука, ти се занимаваш со општествено одговорна работа. Таа работа претпоставува одредени принципи шо мораш да ги имаш, како темел, за да можеш да ја вршиш одговорно. За таа работа земаш надомест, си солидно компензиран. Таа работа, особено од овој вид, по правило мора да е комплементарна на твојата личност и твоите убедувања, верувања, принципи. Кога твојот живот се претвора во вака ноторен демант на твојот професионален ангажман, во истиот момент стануваат небитни мајките, сестрите, зависностите, проблемите. Дај си отказ бе, јунак, тргни се настрана ако чувствуваш дека стануваш неспособен за вршење на работата. Оди у сенка, среди се, растоварај песок, вози камион, работи у шивална. Стај ја функцијата у мирување. Или не? Додека може, супер, а после греота е, сирот човек. :D

Не може. Ако ја можам да живеам со принципите, да не отстапувам од нив макар и лебот да ми зависи од таква отстапка, тогаш имам целосно право да му се смеам на Кермит и неговиов ролеркостер од срања.

Поентата ми беше да ја посочам хипокризијата на тие ликови. Они зборуваат за емпатија, сочувство и сл. Они се лутат кога го користиш зборот „ретардиран" бидејќи повредува луѓе. Они сакаат да го тргнат аутизмот од листата на развојни пореметувања, Дауновиот синдром и др. „Тоа се само поинакви луѓе, не треба да се гледаат ко болни..." Па ги бутаат Фуко и Ричард Саид у фаца, објаснувајќи за тоа како сето тоа е пристапување од позиција на моќ, нешто што ги повредува тие луѓе. Ја зголемуваат свеста за анксиозност, депресија и сл.
Но кога нивниот „идеолошки непријател" минува низ слични кризи и се соочува со слични проблеми, они му се ситат и му се смеат.
Не ти беше таа поентата. Поентата ти беше „греота е“. Да беше таа поентата, ќе ти стаев педантно лајк и ќе одев да ја читам у Политика темата Блам држава.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Идолот на инцелите и млади напалени конзервативци, човек што продава книги и совети за самопомош а завршил како некој џанак наклукан со лекови.

Тоа се што треба да се знае и да се каже за шарлатанот, настрана обскурните познавања на историја и геополитика, теми у кој непотребно постојано се мешаше.
Шарлатан си ти штом мислиш вака за Џордан,луѓето со мајнд сетап како твојот се претежно левичарски испрдоци од типот на шарените кои палеа низ Скопје и маваа бекатон-плочки по полицијата,а откако се наместија на државни платички и удобни фотељи одма престанаа нередите.....Тешки лицемери и манипулатори,а таков си и ти штом се обидуваш да го оцрниш Џордан
Автоматски споено мислење:

Питерсон е под напад на соросовите изроди и испрдоци,погледнете како се обидуваат да го уништат затоа што човек кога ќе ја збори вистината јавно одма тоа им упаѓа у очи на левичарските сорос-тролови и почнуваат кампања на било кој начин за да го уништат! Јас да го познавам лично,би го советувал да живее на тајна локација и да си ја спрема храната сам оти постоi добра веројатност да биде отруен
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.740
Питерсон е под напад на соросовите изроди и испрдоци,погледнете како се обидуваат да го уништат затоа што човек кога ќе ја збори вистината јавно одма тоа им упаѓа у очи на левичарските сорос-тролови и почнуваат кампања на било кој начин за да го уништат! Јас да го познавам лично,би го советувал да живее на тајна локација и да си ја спрема храната сам оти постоi добра веројатност да биде отруен
Sorosovskite izrodi mozat da i pozavidat na kerka mu.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ама... секојдневно гледам вакви луѓе. Значи, природната средина ми е таа. Професори по Етика шо дрпнале цицка у некоја канцеларија, попови шо земја пијани напраиле фатална сообраќајка. Шефици шо проневериле пари од донации за помош на деца со пречки у развој. Сите имаат, кога спремаат одбрана, болни мајки, мртви сестри, скарани сопружници, минат низ премрежја... сите се сироти, сите се за греови.
Епа не се. Ти имаш направено одлука, ти се занимаваш со општествено одговорна работа. Таа работа претпоставува одредени принципи шо мораш да ги имаш, како темел, за да можеш да ја вршиш одговорно. За таа работа земаш надомест, си солидно компензиран. Таа работа, особено од овој вид, по правило мора да е комплементарна на твојата личност и твоите убедувања, верувања, принципи. Кога твојот живот се претвора во вака ноторен демант на твојот професионален ангажман, во истиот момент стануваат небитни мајките, сестрите, зависностите, проблемите. Дај си отказ бе, јунак, тргни се настрана ако чувствуваш дека стануваш неспособен за вршење на работата. Оди у сенка, среди се, растоварај песок, вози камион, работи у шивална. Стај ја функцијата у мирување. Или не? Додека може, супер, а после греота е, сирот човек. :D

Не може. Ако ја можам да живеам со принципите, да не отстапувам од нив макар и лебот да ми зависи од таква отстапка, тогаш имам целосно право да му се смеам на Кермит и неговиов ролеркостер од срања.

Не ти беше таа поентата. Поентата ти беше „греота е“. Да беше таа поентата, ќе ти стаев педантно лајк и ќе одев да ја читам у Политика темата Блам држава.
Јас имам поинаков увид на човековата природа. Јасно ми е дека луѓето не се рационални агенти, нивните размисли се резултат од разни личносни, емотивни фактори, светоглед, растројства, ова, она...Све у куп.
Не можам да дехуманизирам славна личност и да очекувам да е робот. Како што тоа нема да го сторам со некој што го знам и минува низ срања, правејќи работи што не кореспондираат со тоа што го велел, така нема да го правам и со Питерсон. Мене гајле ми е дали е познат и „што се очекува од него". Секој што страда ми е греота. Тоа што решил да не се повлече и дали тоа му е правилна постапка, не ми е релевантно на тоа дали ми е греота поради тоа што страда.

Мене ми е битно колку е некој штетен за другите од неговата позиција на моќ, без разлика на тоа дали е штетен поради некое растројство, идеолошка обоеност, прагма итн. А Џордан не верувам дека е штетен нешто посебно. Јас сум идеолошки различен и од Џордан и од СЏВ. Последен пут кога се проверив на политичкиот компас, идев накај анархо-синдикализам. Ама ќе ми биде жал и ако СЏВ и ако Џордан страдаат од некое психолошко растројство. Ако некој штети поради неговата неконзистентност или други причини, ќе донесам суд за неговото етичко поведение. Вака, Питерсон не е политичар кој ветил боље здравство и боље плати, па заебал работа поради икс причини. Питерсон е лик што ги кажува своите увиди за реалноста, па наиде на следбеници што го гледаат ко херој. Он почувствувал потреба да биде херојот, па продужил да зборуе јавно. Он не е на позиција со тврда моќ, ниту е некој наметлив идеолошки фанатик кој причинува сериозна штета со неговата мека моќ; напротив, во сите излегувања бил пристоен, одмерен и релативно отворен кон тоа да си ги увиди грешките. Има тука етички градации.

А и различно нешто е да критикуваш некого поради тоа што не е конзистентен, од тоа да му се смееш пошто има психолошко растројство и да му се ситиш. И да не постапил правилно, да требало да истовара песок и сл., наместо да остане у јавност; тој е греота, за мене, само поради фактот што страда.

Види, „греота" не е природен атрибут на некој објект, туку е израз за сентимент што го осеќаш. Кога велам дека Питерсон „е греота", кажувам дека мене ми е грев за него. Кога велиш дека „не е греота", ти велиш дека тебе не ти е грев за него. Дали на другите треба да им е грев за него, не можеме ни ја, ни ти да кажеме; они ќе си решат бидејќи тоа е приватно чувство. Ко што јас не можам да ти кажам на тебе каква девојка треба да си одбереш и како треба да се чувствуваш за неа, така не можам да му кажам некому дали треба да му е жал за Питерсон. Мене ми е.
Ама можам да дадам етички суд за луѓе што му се ситат, а се контрадикторни на нивните принципи; како и што сторив.
Но бесмислено е да дебатираме за тоа дали „е греота" бидејќи не зборуваме за објективен атрибут ко висина, тежина и сл., туку за нашите сентименти за него.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Немора да си на пуст остров да си сам и единствено што те тера напред да биде инстинктот за преживување. Очигледно не си осетил некој работи на свој грб па да ја сфатиш тежината и симболиката на тоа што го зборува. Тоа е комфорт. Книгите негови не ми се читани, но типот ми изгледа џењуајн иако не сум толку детално запознаен со неговиот живот.
За секој пуст остров е неопходен, а јас воден од желба за профит купив веќе остров на кредит и ратите почнав да отплаќам па сега ми се брза да го напунам со клиенти и го сквернавам Јордан за да му ја преземам таргет групата.

А за тие по книгите наскоро ќе излезе мојата со метода што гарантира резултат, за тие што не читаат - јутуб канал со висок продакшн вељу

Вежбам да изгледам џењуен на интервјуата, гледам тоа пали. Уште солза да пуштам додека зборам.....

:coffee:
 
Ја знаеш народната сигурно. На туѓ грб малку се 100 стапа. Сите грешат некој свесно некој несвесно. Некој го гризе совест за банални работи некој прави далеку пострашни и се сити и величи од моќта. Од човек до различно. Според мене таа е границата човек и нечовек.
Ти и боди што луѓе сте?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Скоро сите се исти...и луѓето и нелуѓето. Зен традицијата вика дека и светецот и убиецот се исти.
Те гризе совест у однос на тоа колку си повеќе или помалку лицемерен, у однос на тебе и у однос на живиот свет.
Ќе ти откријам една тајна, ако не си ја знаел....човекот има тенденција да префрла вина на колектив. На пример во војна вината за твоето убивање ја префрлаш на цел колектив....па од таму имаме sardinenpackung да речеме. Или имаме уште поинтересна ситуација, каде јадеш месо и убиваш за да јадеш......а не мораш, и заради тоа што сите други се исти како тебе тебе те боли цеф, ти префрлаш вина на колективот :)
Совеста е колективна конструкција, кога ќе излезеш од таа калакурница не постои ни совест, ни срам ни култура и курци ни палци.
 
Моето мислење за јадењето месо го кажав. Хиперболична ми е споредбата со холокауст. Не верувам дека од совест или кривица не јадеш месо, а се понашаш као сите да се под тебе. Фејк ми е некако. Поинаку изгледа сето тоа и немам ништо против таквата определба, исто како што немам против некој да профитира финансиски со лажење. Моментот кога финансиската надмоќ (Драгон сикнес ако си гледал Хобит) ќе удри во глава и ќе пробаш свесно да наштетиш лично како резултат на нерационалност и стравови е проблем и си има соодветна психичка дијагноза.
 
Не јадам месо од жал, од сочувство, од љубов.....таа е причината. Кога ќе отидам сега у ливада да трчам се осеќам боље, осеќам поголема конекција со живиот свет. Доживувам екстази, духовни оргазми.....не знам како да ти објаснам....едноставно знам дека тоа што го правам е како треба. Иначе немам намера да се понашам како сите да се под мене што не значи дека можеби така не наликува. Зошто наликува како да се сите под мене не знам, логички има два можни одговори. Едниот е да е точно а другиот е да имаат луѓето лоша перцепција заради тоа што сум екстремно сигурен у тоа што го правам, а од друга страна постои сомнеж кај другите од исправноста на постапките. Ме заболе курот дали е фејк, и ме заболе што е насилно....боде у совеста. Насилноста у дејствието го прави да е грдо, и ја го осеќам тоа....можеби тоа влијае на перцепцијата. И самиот факт што сите знаеме дека не постои Мајка Тереза....и секој обид да ја покажеш убавината како убава станува грд заради овој факт.
Иначе не го знам толку многу Jordan B. Peterson, по некад го слушам...ме импресионира со чистината на тоа што го кажува од аспект на вербална комуникација. И + има по некое интересно инфо увек, што го немам чуено.
Ако земеме така преку 90% може не е вистина у просек луѓето што го предлагаат и за кое книги пишуваат.....уствари знаеш што, никој врска нема од ништо :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom