Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 14.360
- Поени од реакции
- 30.751
Џордан Питерсон е канадски професор по психологија во Универзитетот на Торонто, меѓутоа тој се прославува во 2016 година со тоа што во вирално видео одбива да им се обраќа на транс студенти по нивните измислени заменки.
Во лудилото кое беше периодот од 2014 до 2016 со новите избори во САД, и со тоа што во Канада се донесоа закони каде што кривично може да бидеш гонет дококлу на некоја личност им се обратиш со грешни заменки, разбирлива е новата слава на Џордан како човек кој храбро се спротиставува на лудилото на левичарки идеали и катастрофална политичка коректност.
Овие моменти можат да се забележат како врвот на кариерата на Џордан, овековечени со познатото интервју против феминистичката водителка константно пробува да му пика зборови во уста, додека Џордан ги препознава овие ефтини трикови и им се спротиставува на доста интересен начин.
По години и години потиснување на машкоста од мејнстрим медиумите и поп културата од страна на феминизмот, и токсичната политичка коректност, Џордан носи свежина особено кај младите мажи. По стекнатата слава, Џордан ја издава неговата досега најпозната книга „12 правила на животот“ која технички, спаѓа во жанрот на self-help книги.
Во книгата Џордан дава совети како млад човек да стекне самодоверба, како да стане стабилен човек, и како да се однесува со останатите луѓе, и како да биде привлечен на спротивниот пол.
Освен издавање на книгата, Џордан благодарение на својата слава станува редовен гостин на разни дебати ширум светот, кои сигурно не сте ги изгледале во целост, но сте сретнале по некое клипче од типот JORDAN PETERSON DESTROYS FEMINIST/LIBERAL/TRANS STUDENT.
Џордан е женет човек и има син и ќерка позната на социјалните мрежи како Михаила Питерсон, која за жал негативно влијае на својот татко и во следниот дел ќе објаснам зошто.
Трагедијата во семејството Питерсон почнува кога сопругата на Џордан добива рак. Џордан, уништен од оваа вест посегнува кон разни лекови, и станува зависен на дијазепами.
Неговата ќерка користејќи ја славата на својот татко, формира кариера за себеси на социјалните мрежи како промотор на надри лекови, опасни диети и скептицизам кон наука и медицина.
Во меѓувреме во 2017, Михаила станува мајка на дете со русин. Најверојатно поради влијанието на Михаила, Џордан Питерсон е убеден дека ниедна клиника и ниедна терапија на американскиот континент не може да му помогне во справување од зависноста од дијазепам, па со својата ќерка, зет одат во Русија на терапија која е не етичка и критикувана во медицината, во која бил намерно ставен во клиничка кома со денови за да ја победи зависноста.
Последиците на ова според научниците можат да бидат неповратлива оштета на нервниот систем.
По завршувањето на терапијата, Џордан учествува на подкаст на јутјуб каналот на неговата ќерка.
Работите навидум изгледаат дека се подобруваат, меѓутоа, како Ковид скептик, Михаила со својот сопруг ужива неколку дена во Србија.
Набрзо, Михаила објавува видео каде потврдува дека таа и татко и се позитивни на Ковид.
Погодете каде Џордан одбира да се лечи од Ковид.
-Србија.
Според новите вести, ситуацијата му е влошена
Мое мислење е дека, човекот кој ја изгради својата кариера изигравајќи татко на една генерација млади мажи, а не може да израсне ќерка да биде стабилна личност, го губи својот кредибилитет уште повеќе со тоа што наивно потпаѓа под влијание на неговата ќерка.
Го почитувам во неговите критики кон политичката коректност и слободата на говор, меѓутоа стабилната личност од неговата книга, мислам дека не би посегнала под дози на дијазепам за да се справи со реалноста.
Тука се гледа јасен контраст: Џордан од книгата, Џордан од видеата на јутјуб, и Џордан во реалноста.
Покрај се, се надевам на негово брзо закрепнување.
Кое е вашето мислење за Џордан Питерсон?

Jordan Peterson ‘suffering with COVID & “got worse” after taking treatment’
CONSERVATIVE podcaster and professor Jordan Peterson is battling coronavirus after a nearly year-long battle with prescription drug addiction. Mikhaila Peterson, 28, told The Sun her dad caug…
www.thesun.co.uk
Мое мислење е дека, човекот кој ја изгради својата кариера изигравајќи татко на една генерација млади мажи, а не може да израсне ќерка да биде стабилна личност, го губи својот кредибилитет уште повеќе со тоа што наивно потпаѓа под влијание на неговата ќерка.
Го почитувам во неговите критики кон политичката коректност и слободата на говор, меѓутоа стабилната личност од неговата книга, мислам дека не би посегнала под дози на дијазепам за да се справи со реалноста.
Тука се гледа јасен контраст: Џордан од книгата, Џордан од видеата на јутјуб, и Џордан во реалноста.
Покрај се, се надевам на негово брзо закрепнување.
Кое е вашето мислење за Џордан Питерсон?
Последно уредено: