Ама... секојдневно гледам вакви луѓе. Значи, природната средина ми е таа. Професори по Етика шо дрпнале цицка у некоја канцеларија, попови шо земја пијани напраиле фатална сообраќајка. Шефици шо проневериле пари од донации за помош на деца со пречки у развој. Сите имаат, кога спремаат одбрана, болни мајки, мртви сестри, скарани сопружници, минат низ премрежја... сите се сироти, сите се за греови.
Епа не се. Ти имаш направено одлука, ти се занимаваш со општествено одговорна работа. Таа работа претпоставува одредени принципи шо мораш да ги имаш, како темел, за да можеш да ја вршиш одговорно. За таа работа земаш надомест, си солидно компензиран. Таа работа, особено од овој вид, по правило мора да е комплементарна на твојата личност и твоите убедувања, верувања, принципи. Кога твојот живот се претвора во вака ноторен демант на твојот професионален ангажман, во истиот момент стануваат небитни мајките, сестрите, зависностите, проблемите. Дај си отказ бе, јунак, тргни се настрана ако чувствуваш дека стануваш неспособен за вршење на работата. Оди у сенка, среди се, растоварај песок, вози камион, работи у шивална. Стај ја функцијата у мирување. Или не? Додека може, супер, а после греота е, сирот човек.
Не може. Ако ја можам да живеам со принципите, да не отстапувам од нив макар и лебот да ми зависи од таква отстапка, тогаш имам целосно право да му се смеам на Кермит и неговиов ролеркостер од срања.
Не ти беше таа поентата. Поентата ти беше „греота е“. Да беше таа поентата, ќе ти стаев педантно лајк и ќе одев да ја читам у Политика темата Блам држава.