Џордан Питерсон - подем и пад

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
На Џордан главната публика му беа бета мажиња што не го окусиле животот и не пробале женка. Али времињата се менуваат и они ја изгубиле невиноста па славата му опадна, иако и мене ми праеше мерак кога ги пердашеше феминистките и феминистите. Дури и нашиот феминист модератор драгонлол го хејташе заедно со либералите тука на форумов.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Идолот на инцелите и млади напалени конзервативци, човек што продава книги и совети за самопомош а завршил како некој џанак наклукан со лекови.

Тоа се што треба да се знае и да се каже за шарлатанот, настрана обскурните познавања на историја и геополитика, теми у кој непотребно постојано се мешаше.
Бидејќи ако си против политичката коректност, woke културата и лудоста на сите тие нео-либерални секташки организации како Антифа, БЛМ и слично автоматски си "млад напален конзервативец". Јас не знам само која е потребата се да се сведува и гледа низ призмата на left vs right. Владее некоја опсесија да се биде припадник на "правата страна" од квази интелектуалци кои мислат дека се паметни ако припаѓаат на некоја од левичарската или десничарската идеологија, а во суштина се само корисни идиоти во заблуда.

Не мора да си конзервативец за да си против cancel културата каде се банираат култни филмови како "Gone with the Wind" или култни комедии како "Fawlty Towers" и "Only Fools and Horses" само да за да не се навредат некои фрикови или да си против во тоа некој да те нарекува фашист, расист, сексист од твитерашката морална полиција само затоа што имаш различно мислење, туку само треба да имаш common sense. Не го пратам многу Питерсон, ама од она што го имам гледано ми се допаѓа тоа што е противник на политичката коректност и сите тие нео-либерлни движења кој поради нив во САД имаше аномија каде што на многу луѓе им беа уништени нивните бизниси, а доста луѓе го загубија и животот. Нереди кој Питерсон ги предвиде и предупредуваше.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Во лудилото кое беше периодот од 2014 до 2016 со новите избори во САД, и со тоа што во Канада се донесоа закони каде што кривично може да бидеш гонет дококлу на некоја личност им се обратиш со грешни заменки,
Господи боже мили не ми се верува дека ова е точно. :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:


Ова треба се да се стрела без никакво судење.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Како мајката сите промотори на традиционални вредности и семејство, слобода на говор, залагање за социјална хиерархија и структура во животот се инцели и неебачи?

Огромна коинциденција.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.741
Како мајката сите промотори на традиционални вредности и семејство, слобода на говор, залагање за социјална хиерархија и структура во животот се инцели и неебачи?

Огромна коинциденција.
Jordan ima 2 deca.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Му ја ислушав книгата пред некоја година и реално го почитувам човекот, не се согласувам со се што кажува али имам некаков респект, не е некој трчилаж тип туку мислам дека има психолошка позадина во тоа што тој го кажува/пишува.
Јас мислам дека батката премногу навлезе во таа борба кај што се бори со "Неомарксистите" и левичарите кои сакаат да го канселираат, мислам дека безпотребно му беше ова дури човекот е повеќе познат заради тие дебати наместо за тоа што тој го пишува во книгите.
Интересно е што го земаат како репрезент на алт-рајт движење иако тој неколку пати има кажано дека екстремната десница може да биде далеку поопасна од екстремната левица (Алудирајќи на Хитлер и нацистите,ККК итн.) Исто тој е за Индивидуализмот наспроти групен идентитет, си држат вода аргументите и не гледам некој проблем во тоа што пробал да го постави. Не го гледам како контроверзна личност во никој случај и муабетите дека Инцели се палеле на него ми се безвеза и сметам дека то му е базирано на насловите што Рон погоре ги спомна од типот "Ја уби у поим ступидната".
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Господи боже мили не ми се верува дека ова е точно. :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:


Ова треба се да се стрела без никакво судење.
Информирајте се пред да зборите глупости.ЛИНК ДО ПОСТ


Pronoun usage



Does the bill legislate the use of certain language? And could someone go to jail for using the wrong pronoun?

In the Criminal Code, which does not reference pronouns, Cossman says misusing pronouns alone would not constitute a criminal act.
“The misuse of gender pronouns, without more, cannot rise to the level of a crime,” she says. “It cannot rise to the level of advocating genocide, inciting hatred, hate speech or hate crimes … (it) simply cannot meet the threshold.”


The Canadian Human Rights Act does not mention pronouns either. The act protects certain groups from discrimination.
“Would it cover the accidental misuse of a pronoun? I would say it’s very unlikely,” Cossman says. “Would it cover a situation where an individual repeatedly, consistently refuses to use a person’s chosen pronoun? It might.”
If someone refused to use a preferred pronoun — and it was determined to constitute discrimination or harassment — could that potentially result in jail time?
It is possible, Brown says, through a process that would start with a complaint and progress to a proceeding before a human rights tribunal. If the tribunal rules that harassment or discrimination took place, there would typically be an order for monetary and non-monetary remedies. A non-monetary remedy may include sensitivity training, issuing an apology, or even a publication ban, he says.

If the person refused to comply with the tribunal's order, this would result in a contempt proceeding being sent to the Divisional or Federal Court, Brown says. The court could then potentially send a person to jail “until they purge the contempt,” he says.
“It could happen,” Brown says. “Is it likely to happen? I don’t think so. But, my opinion on whether or not that's likely has a lot to do with the particular case that you're looking at.”

Потешки мерки на казна би се случиле доколку не се почитуваат одлуките на судот, кои можат да бидат парични казни или едукативни предавања проследени со јавно извинување.Кај нас исто така може да се снајде горенаведеното ако некого континуирано психички малтретираш (не од еднаш), го навредуваш по разна основа или клеветиш.
Хинт: Прашај го Миленко колку казни има платено од по 500 евра што збори што треба и не треба.
ПРЕД ДА РИПНЕШ ДА МЕ НАПАЃАШ, МИЛЕНКО НЕ Е КАЗНУВАН ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ ПОЛИТИЧКИ СТАВ, ТУКУ ЗА НАВРЕДИ, КЛЕВЕТЕЊА И ГОВОР НА ОМРАЗА.ЕДНО И ДРУГО НЕ Е ИСТО.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.105
Поени од реакции
9.705
Џордан Питерсон е канадски професор по психологија во Универзитетот на Торонто, меѓутоа тој се прославува во 2016 година со тоа што во вирално видео одбива да им се обраќа на транс студенти по нивните измислени заменки.
Во лудилото кое беше периодот од 2014 до 2016 со новите избори во САД, и со тоа што во Канада се донесоа закони каде што кривично може да бидеш гонет дококлу на некоја личност им се обратиш со грешни заменки, разбирлива е новата слава на Џордан како човек кој храбро се спротиставува на лудилото на левичарки идеали и катастрофална политичка коректност.


Овие моменти можат да се забележат како врвот на кариерата на Џордан, овековечени со познатото интервју против феминистичката водителка константно пробува да му пика зборови во уста, додека Џордан ги препознава овие ефтини трикови и им се спротиставува на доста интересен начин.


По години и години потиснување на машкоста од мејнстрим медиумите и поп културата од страна на феминизмот, и токсичната политичка коректност, Џордан носи свежина особено кај младите мажи. По стекнатата слава, Џордан ја издава неговата досега најпозната книга „12 правила на животот“ која технички, спаѓа во жанрот на self-help книги.
Во книгата Џордан дава совети како млад човек да стекне самодоверба, како да стане стабилен човек, и како да се однесува со останатите луѓе, и како да биде привлечен на спротивниот пол.
Освен издавање на книгата, Џордан благодарение на својата слава станува редовен гостин на разни дебати ширум светот, кои сигурно не сте ги изгледале во целост, но сте сретнале по некое клипче од типот JORDAN PETERSON DESTROYS FEMINIST/LIBERAL/TRANS STUDENT.

Џордан е женет човек и има син и ќерка позната на социјалните мрежи како Михаила Питерсон, која за жал негативно влијае на својот татко и во следниот дел ќе објаснам зошто.
Трагедијата во семејството Питерсон почнува кога сопругата на Џордан добива рак. Џордан, уништен од оваа вест посегнува кон разни лекови, и станува зависен на дијазепами.

Неговата ќерка користејќи ја славата на својот татко, формира кариера за себеси на социјалните мрежи како промотор на надри лекови, опасни диети и скептицизам кон наука и медицина.
Во меѓувреме во 2017, Михаила станува мајка на дете со русин. Најверојатно поради влијанието на Михаила, Џордан Питерсон е убеден дека ниедна клиника и ниедна терапија на американскиот континент не може да му помогне во справување од зависноста од дијазепам, па со својата ќерка, зет одат во Русија на терапија која е не етичка и критикувана во медицината, во која бил намерно ставен во клиничка кома со денови за да ја победи зависноста.
Последиците на ова според научниците можат да бидат неповратлива оштета на нервниот систем.

По завршувањето на терапијата, Џордан учествува на подкаст на јутјуб каналот на неговата ќерка.


Работите навидум изгледаат дека се подобруваат, меѓутоа, како Ковид скептик, Михаила со својот сопруг ужива неколку дена во Србија.
Набрзо, Михаила објавува видео каде потврдува дека таа и татко и се позитивни на Ковид.

Погодете каде Џордан одбира да се лечи од Ковид.
-Србија.

Според новите вести, ситуацијата му е влошена


Мое мислење е дека, човекот кој ја изгради својата кариера изигравајќи татко на една генерација млади мажи, а не може да израсне ќерка да биде стабилна личност, го губи својот кредибилитет уште повеќе со тоа што наивно потпаѓа под влијание на неговата ќерка.
Го почитувам во неговите критики кон политичката коректност и слободата на говор, меѓутоа стабилната личност од неговата книга, мислам дека не би посегнала под дози на дијазепам за да се справи со реалноста.
Тука се гледа јасен контраст: Џордан од книгата, Џордан од видеата на јутјуб, и Џордан во реалноста.

Покрај се, се надевам на негово брзо закрепнување.



Кое е вашето мислење за Џордан Питерсон?
Ќе ми ја поклониш книгата за роденден? :)
Заклучокот е дека пропаднал благодарение на жени. Што повеќе да се каже :pipi:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.741
Ќе ми ја поклониш книгата за роденден? :)
Заклучокот е дека пропаднал благодарение на жени. Што повеќе да се каже :pipi:
Ja nemam a treba da ti ja dadam.
Vo negovata kniga se zboruva za lichna odgovornost.
Krivenje na zenite ili na nekoj drug za tvoite licni greski e nesto sho on kritikuva.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Brace yourselves, this is a long one.
Со часови ги имам гледано предавањата на Питерсон, од Personality до Bible Series, + 12 Животни Правила ја имам читано. Она што можам да кажам е дека човекот има insights и многу го почитувам за вредноста што ја има допринесено, дефинитивно, истовремено има една работа која ја гледам како многу надвор од место. Сакам да ја начнам темата за она што го гледам како токсично во неговите учења и како потенцијално истата таа идеологија има импакт врз неговото здравје и здравјето на семејството.

Тоа е пропагирање дека родителите треба да израснуваат деца кои се социјално пожелни, оперантно условување во текот на развојот итн., децата се перципирани како глина која треба да се обликува, не како битија со свои желби, потреби, барања кои имаат потреба нивната автентичност да биде почитувана без да им биде загрозено битието. Во 12 животни правила зборува за постоењето на „тежок син или ќерка“. Зошто, според мене, постои такво нешто во умот на луѓето како „тешки деца“? Бидејќи во многу раниот развој веројатно имаат интернализирано шеми од родителите. Бидејќи децата учат како да се справуваат со емоции и како да ги изразуваат истите од самите родители. Бидејќи кога родителот ја негира вистинската автентичност на детето, се ствараат секакви силни емоционални реакции. А единствената причина зошто родителот би ги негирал автентичноста и емоциите на детето е бидејќи самиот не знае како конструктивно да се справи како прво со своите емоции, а следствено на тоа и со емоциите на детето (ова се практично сите родители на планетава денес - не се тие виновни, генерациски се пренесувало во воспитувањето).

Пропагира создавање на „добри“ деца, значи, „авторитет“ родител кој е неавтентичен и нема поим како здраво да се справува со емоции ќе условува дете со арбитрарна линија за тоа кои емоции се „добри“ а кои „лоши“ базирано на своето трауматично животно искуство (хинтхинт: не постојат добри и лоши емоции, постои само несоодветно справување со истите) и потоа ќе продолжи на детето да му ја дава пораката дека ќе биде сакано, а со тоа ќе преживее (така се преведува во мозокот на децата) ИСКЛУЧИВО ако ги пројавува реакциите што родителот ги сака, а за сите други реакции емоции итн. кои се автентични за детето а не спаѓаат у таа арбитрарна категорија на „добро“, детето ќе биде отфрлено, казнето, затоа емоциите мора да бидат потиснати, детето ќе се чувствува несакано за тоа што е, ќе вирее во свесна или потсвесна себеомраза, ќе биде под постојан стрес, ќе има голема сенка и секакви разни нездрави адаптивни/одбранбени механизми, заедно со континуираните проблеми понатаму во разни области од животот.

Во контекст на идеологијата на „создавање социјално пожелни деца“, ќе го цитирам A. Huxley - Brave New World:
“The real hopeless victims of mental illness are to be found among those who appear to be most normal. Many of them are normal because they are so well adjusted to our mode of existence, because their human voice has been silenced so early in their lives, that they do not even struggle or suffer or develop symptoms as the neurotic does. They are normal not in what may be called the absolute sense of the word; they are normal only in relation to a profoundly abnormal society. Their perfect adjustment to that abnormal society is a measure of their mental sickness. These millions of abnormally normal people, living without fuss in a society to which, if they were fully human beings, they ought not to be adjusted.”

Со таа идеологија, не мислам дека е коинциденција тоа што цело семејство имаат накалемени болести, едно врз друго (се надевам сите што сме на темава сме свесни за степенот до кој долгогодишниот стрес, длабокото потиснување на емоции, неавтентичноста итн. влијае врз физичкото здравје). Тој сам зборува за сенката и нејзино интегрирање, а работата со интеграција е тоа што не можеш да интегрираш нешто ако не си свесен за истото. Често говори од позиција на гнев, па мојата теорија е дека ставањето толку фокус на дистинкцијата „добро“ и „лошо“ дете, како и пишување правила кои гласат "Don't Let Your Children Do Anything That Makes You Dislike Them" (правило бр. 5 :() го гледам како проекција на некоја негова лична фрустрација, што се надевам ќе почне да ја интегрира, бидејќи може да му помогне во закрепнувањето.

Надежна сум дека и тој и семејството негово ќе се опорават од различните болести и состојби кои ги имаат, сакам да го видам д-р. Питерсон на нозе повторно :) Don't forget to clean your room! :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Сум го гледал до пред малку само интервјуто, тоа најпознатото и беше ок Петерсон. Сега ѕирнав малку од тоа што е постирано во првиот коментар за родовите именки беше ужас нервозни транс или што ти знам секуалци се нервираат и истураат на Петерсон...не го догледав беше непријатно да гледам како хистеришат луѓе и се истураат на некого кого мразат.
Поинтересно ми беше "падот" и како се лечел и уште се лечи. Поедукативно е. Сум земал ја различни бензодијазепини и тоа подолго и некои во голема доза. Има зависност и криза само не ми била ни приближно како таа на Петерсон. Но знам луѓе што го имале тоа и дека е доста гадно. Не сум баш 100/100 сигурен дека е тоа што го имал само зависност од бензодијазепини...ама од овакво интервју и од тоа што јас знам а не сум за тоа специјалист воопшто неможам да кажам и немам идеја. Едноставно незнам но имам мал сомнеж дека е тоа или само тоа што вика. Воопшто не го кривам за тоа Џордан дури и малку сочувствувам. Ќе биде добар...За "темата" не сум доволно информиран да дадам издржан коментар сега за сега.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Џордан Питерсон е канадски професор по психологија во Универзитетот на Торонто, меѓутоа тој се прославува во 2016 година со тоа што во вирално видео одбива да им се обраќа на транс студенти по нивните измислени заменки.
Во лудилото кое беше периодот од 2014 до 2016 со новите избори во САД, и со тоа што во Канада се донесоа закони каде што кривично може да бидеш гонет дококлу на некоја личност им се обратиш со грешни заменки, разбирлива е новата слава на Џордан како човек кој храбро се спротиставува на лудилото на левичарки идеали и катастрофална политичка коректност.


Овие моменти можат да се забележат како врвот на кариерата на Џордан, овековечени со познатото интервју против феминистичката водителка константно пробува да му пика зборови во уста, додека Џордан ги препознава овие ефтини трикови и им се спротиставува на доста интересен начин.


По години и години потиснување на машкоста од мејнстрим медиумите и поп културата од страна на феминизмот, и токсичната политичка коректност, Џордан носи свежина особено кај младите мажи. По стекнатата слава, Џордан ја издава неговата досега најпозната книга „12 правила на животот“ која технички, спаѓа во жанрот на self-help книги.
Во книгата Џордан дава совети како млад човек да стекне самодоверба, како да стане стабилен човек, и како да се однесува со останатите луѓе, и како да биде привлечен на спротивниот пол.
Освен издавање на книгата, Џордан благодарение на својата слава станува редовен гостин на разни дебати ширум светот, кои сигурно не сте ги изгледале во целост, но сте сретнале по некое клипче од типот JORDAN PETERSON DESTROYS FEMINIST/LIBERAL/TRANS STUDENT.

Џордан е женет човек и има син и ќерка позната на социјалните мрежи како Михаила Питерсон, која за жал негативно влијае на својот татко и во следниот дел ќе објаснам зошто.
Трагедијата во семејството Питерсон почнува кога сопругата на Џордан добива рак. Џордан, уништен од оваа вест посегнува кон разни лекови, и станува зависен на дијазепами.

Неговата ќерка користејќи ја славата на својот татко, формира кариера за себеси на социјалните мрежи како промотор на надри лекови, опасни диети и скептицизам кон наука и медицина.
Во меѓувреме во 2017, Михаила станува мајка на дете со русин. Најверојатно поради влијанието на Михаила, Џордан Питерсон е убеден дека ниедна клиника и ниедна терапија на американскиот континент не може да му помогне во справување од зависноста од дијазепам, па со својата ќерка, зет одат во Русија на терапија која е не етичка и критикувана во медицината, во која бил намерно ставен во клиничка кома со денови за да ја победи зависноста.
Последиците на ова според научниците можат да бидат неповратлива оштета на нервниот систем.

По завршувањето на терапијата, Џордан учествува на подкаст на јутјуб каналот на неговата ќерка.


Работите навидум изгледаат дека се подобруваат, меѓутоа, како Ковид скептик, Михаила со својот сопруг ужива неколку дена во Србија.
Набрзо, Михаила објавува видео каде потврдува дека таа и татко и се позитивни на Ковид.

Погодете каде Џордан одбира да се лечи од Ковид.
-Србија.

Според новите вести, ситуацијата му е влошена


Мое мислење е дека, човекот кој ја изгради својата кариера изигравајќи татко на една генерација млади мажи, а не може да израсне ќерка да биде стабилна личност, го губи својот кредибилитет уште повеќе со тоа што наивно потпаѓа под влијание на неговата ќерка.
Го почитувам во неговите критики кон политичката коректност и слободата на говор, меѓутоа стабилната личност од неговата книга, мислам дека не би посегнала под дози на дијазепам за да се справи со реалноста.
Тука се гледа јасен контраст: Џордан од книгата, Џордан од видеата на јутјуб, и Џордан во реалноста.

Покрај се, се надевам на негово брзо закрепнување.



Кое е вашето мислење за Џордан Питерсон?
Штета за чоеков.Беше еден од оние шо се борат за слобода на говор,силно им се спротистави на фашистите од Антифа кои сакаат да наметнат едноумие.Секој има точка на кршење тоа не е поврзано со интелигенција.Познавам многу дибеци со имтелигенција на коала,па се нескршливи.Едноставно ги боли qr шо се слушува со сопругата или било кој друг.Иначе во врска со керка му,децата можат да те направат многу горд,или да те уништат.Родителот го воспитува детето до13-14 години после тоа таа улога презема улицата и друштвото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom