Џејмс Бонд 007

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Сеуште ниту еден изгледан Бонд филм :pipi: (планирам наскоро барем да ги изгледам Казино Ројал и Квантум на утеха).
Речи ми дека имаш барем сега некој изгледано:)

Инаку во врска со ова. Стварно би било лошо да изумре еден серијал од толку филмови од кој барем според мене лош нема. Едноставно сите филмови со Бонд се:vozbud::vozbud: Можеби во најновите два малку ја претераа шо толку го одделија од се она по кое што се преознаваше, ама сепак Бонд си е Бонд и мислам дека ова нема шанси да се случи. Нема логика серијал како 007 да изумре:toe:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Хм, сум гледал повеќе филмови со 007. Морам да признам дека не сум восхитен од франшизава, која е долговечна и која има бројна публика.
Самиот Бонд некако ми е одбивен, клишеизиран донемајкаде, премногу очигледен за еден шпиун. Во сите делови што сум ги гледал неизбежно е присуството на две згодни женки, бела и црна кралица ги викам јас,што не е лошо да се види и секако го продава серијалот (добро, последните два филма ги немам гледано, можеби се сменило тоа, со оглед на вжештеноста на гејската пропаганда), но сепак говори за постоење на едни исти досадни рамки во кои е ограничено сценариото. Инаку од актерите кои го глумеле Бонд, најмногу го ценам Конери, кој воедно е првиот кој го играл Бонд и кој веројатно поставил некои стандарди околу ликот.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Мал апдејт на темава, А1 телевизија започна со емитување на целиот Бонд серијал, лошо е што не одат по ред туку ги даваат рандом, започнаа минатата недела а еве моментално (значи сабота навечер) оди Never Say Never Again, со Шон Конери во главната улога, а за наредната сабота е најавен Tomorrow Never Dies.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Ги обожавам филмовите од Џејмс Бонд, сум ги изгледала скоро сите. Само 3 до 4 филмови ако немам гледано :).
Добри се сите но оние со Шон Конери а посебно со Роџер Мур ми се омилени. Роџер Мур има некој посебен шарм, а и ми се допаѓа хуморот. ОДносни сите актери се добри ама овој последниов Даниел Крег воопшто не ми се допаѓа, тотален промашај.
Па воопшто не личи Даниел Крег на Џејмс Бонд не е тоа што беше и згора на се е грд хаха :pos2:.
Не можам да му го видам крајот на 007, може бесконечно да се прават филмови за 007. А тоа би било СУПЕР.
Само се надевам дека ќе се сними новиот филм, бидејќи го одложија снимањето поради финансиски проблеми :(
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Sony to distribute Bond 23
И повторно ќе биде со Даниел Крег во главна улога, а излегува на 09.11.2012
 
G

grande-juve

Гостин
007 целосно изгледан. Пресуда за серијалот: забавен. Многу забавен. А до пред само некој месец немав некое позитивно мислење за Бондовите, главно поради тоа што еден од ретките изгледани ми беше Die another day кој ми е еден од најлошите Бонд филмови, а и стално кога ќе налетав на било кој од другите ми изгледаа некако глупаво и го вртев каналот после една минута. И што се смени? Ја слушнав репликата shaken, not stirred изговорена од првиот, вистинскиот, и најдобар дабл оу севн, Шон Конери. Е тоа ме натера да ги симнам првите три Бонда, да ги изгледам со "чисти" очи, и да очекувам забава. После се беше јасно, на мое големо изненадување станав Бонд фан :D. Мислам, каде на друго место ќе најдеме ликови и имиња како Goldfinger, Oddjob, Xenia Onatopp, Jaws, Scaramanga, Pussy Galore, May Day...





Никаде без Бонд девојките


Реков, Конери ми е најдобриот, али и другите не се лоши, секој си остави свој белег. Нормално, тука се и Miss Moneypenny, стариот добар Q, и секако M, сите заедно со здружени сили во борба против лошите чичковци и тетки :icon_mrgr:.

:cool:

И за крај, Бонд рангиран, и го чекаме СПЕКТРЕ!
 
Последно уредено од модератор:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Кај ја најде темава бе :D
Не ни знаев дека постоела.

@grande-juve горе доле солидна листа
Голдфингер е класика THE bond film. Казино Ројал е исто можеби најдобар Бонд филм.Др.Но..ми се допаѓа филмот ама 3то место..шо знам тој филм започна се, башка и после 50 години уште се држи филмот солидно...добар филм ипак :D Скајфол исто така заслужено при врвот. Е сега после ова листиве не ни се сложуваат..TSWLM и FRWL ми се ептен преценети филмови иако за многумина се класика.Истото важи и за Thunderball..Never Say Never Again е потценет филм, и малце сум изненаден вака високо што го гледам :D А на 9то и 10то место па си ги ставил моите #1 и #2
Далтон ти е ниско ептен. Diamonds Are Forever мене па баш ми е забавен , cheesiness-от на DAF >>>> cheesiness-ot на Мур, мене ептен ми се забавни Дијамантите а и A view to a kill.

Ипак топ што постоела темава :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.652
Поени од реакции
34.079
Bas pred nekoj den gi pocnav, izgledav samo Dr No, Russsia with Love i Goldfinger... posle praznici ke gi produzam. Nekoi mi se gledani nekoi ne, ama sepak za mene Brosnan e spionot, pocetokot na kul gadzetite, nekoj coolness factor sto mi bese kul porano... sepak ke dadam posle site ocena i sto kako. (y)
 
W

wicked_1

Гостин
Конери беше лице на оваа филмска франшиза долго време, ама у релативното modern time cinema, Броснан целосно го адаптира концептот 007.
Просек беше екипата на продукција околу Броснан, излегоа послаби филмови, ама он го извади максимумот.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.044
Поени од реакции
6.071
Еден од поомилените серија, најмногу поради жанрот. Не знам точно, ама мислам дека 90%, ако не и сите, им имам изгледано.
Сакав и ја да ги почнам, чисто да видам на кој ќе се сетам, и дали има некој што можеби и го немам изгледано. п.с. Умри Друг Ден има мислам најлоши ефекти за времето во кој е направен.....
Конери си е Конери, но како актер по кој најмногу ми е Бонд, е Роџер Мур. Не знам дали е поради тоа што најмногу пати ми се гледани филмовите со него, или пак, можеби нешто друго. Octopussy ми е филм од серијалов којшто го имам гледано повеќе од 6-7 пати, најчесто на ТВ.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Целиот серијал го имам изгледано два пати, а сум прочитал голем дел од книгите...Целата франшиза има успони и падови, некои утки, но и блескави моменти. Кога сето тоа ќе се собере се добива нешто што има големо влијание врз филмската и музичката индустрија денес. Да не се лажеме сите знаат колку филмови и колку бестселери се базирале и црпеле идеи од Бонд, кој е уникат. Самата атмосфера е уникатна, од глумците па се до насловната нумера. Според она што го имам читано, како оригинален запис од Флеминг, најблизок до книжевниот Бонд е Тимоти Далтон..Главно поради неговата суровост и ладен карактер. Омилен ми е Шон Конери, затоа што сметам дека од сите е најголем џентлмен и најубаво се снаоѓа во смокингот. Џорџ Лазенби не беше ни актер по професија, го направи еден од најдолгите филмови во франшизата, но за мене не е убедлив. Кај Роџер Мур ја обожавам смислата за хумор, меѓутоа во тој период иако приказните за филмовите беа совршени се претеруваше со хуморот, па ова доведе да се појават голем број на пародии кои го исмеваат серијалот. Пирс Броснан според мене е прототип на Бонд на 21 век, негов најдобар филм според мене е Златно Око, а најлош Умри Друг Ден..комплетно се разочарав од тој филм...Даниел Крег мислам дека во однос на суровоста и студенилото се снаоѓа перфектно, но како да ја нема таа смисла за хумор и шарм. Бонд не е само мускули, а последните неколку од серијалот токму така се обидуваат да го портретираат..После Казино Ројал (кој за мене е еден од најдобрите во серијалот) како франшизата да го загуби компасот..Quantum of solace, Skyfall искрено не ми се допаднаа, затоа што имат изгубено многу од она изворното на Бонд. Имаат моменти на блесок, но тоа е една или две сцени во цел филм..Пример мене најмногу ме израдува последната сцена од Skyfall и тоа го видов како светло од крајот на тунелот..Знаев дека ќе се вратат на корените и особено ме радува фактот што М е конечно маж..СПЕКТРЕ, самиот наслов ветува многу за фановите..Екипата е одлична, традицијата е повторно тука..се чека почетокот на уште една возбудлива акција. А кога сме кај насловните нумери, некои кои не ги гледале другите филмови ми кажуваат дека нумерата на Адел е најдобра, што е неблагодарно земајќи го во предвид фактот какви се имиња ја исполнувале...Мојата омилена..

 

Kajgana Shop

На врв Bottom