Историјат
Во историјатот на џезот првиот период, наречен “
Њу Орлеанс“, според местото каде се појавил и кој настанал од мешавина на музиката на американските црнци и европската музика, завршува околу 1918 година.
По
Првата светска војна создаден е нов стил, наречен “
диксиленд“, во кој важна улога има колективната импровизација.
Околу 1930. година, неколку истакнати музичари, меѓу кои и кларинетистот
Бени Гудмен, го создале т.н. “
свинг“, кој се потпира на звучноста на големите оркестри и пишуваните аранжмани.
Во текот на
Втората светска војна, по заслуга на саксофонистот
Чарли Паркер, пијанистот
Телониус Монк и трубачот
Дизи Гилеспи, создаден е стил наречен “
би-бап“, кој од свингот се разликува по поситната ритмичка поделба и поголемата сложеност, во која се согледува влијанието на европската музика.
Понатамошниот чекор во ист правец е наречен “
кул“, создаден околу 1950. година, додека последната струја, која настанала околу 1956. година, е наречена “
модерн бап“.
Познати претставници
Трубачот, водачот на оркестар и пејачот
Луис Армстронг е најимитираниот иноватор на раниот џез
За големата популарност и универзалност на џез-музиката придонеле не само хетерогените елементи на неговиот уметнички израз, туку и сами негови пропагатори - изведувачите, од кои повеќето се големи виртуози на своите инструменти:
- трубачи: Кинг Оливер, Луис Армстронг, Дизи Гилеспи, Хари Џејмс, Мајлс Дејвис, Винтон Марсалис...
- кларинетисти: Бени Гудмен, Сидни Беше...
- саксофонисти: Чарли Паркер, Лестер Јанг, Колмен Хокинс, Сони Ролинс, Џон Колтрејн, Вејн Шортер...
- пијанисти: Дјук Елингтон, Фетс Волер, Арт Тејтум, Каунт Бејзи, Телониус Манк, Херби Хенкок, Чик Кориа...
- вибрафонисти: Лајонел Хемптон, Гери Бартон....
- гитаристи: Џанго Рајнхарт, Чарли Берд, Џон МекЛафлин, Пет Метени, Френк Запа], Ал Ди Меола...
- пејачи: Беси Смит, Били Холидеј, Ела Фицџералд...
- водачи на големи оркестри: Бени Гудмен, Глен Милер, Каунт Бејзи, Стен Кентон...
Влијание на џезот
Идиомите на џезот во своите композиции со успех ги применил и
Џорџ Гершвин, а делумно е џезот влијаел и на многу други композитори од класичната насока: Игор Стравински, Паул Хиндемит, Курт Вајл, Ернест Кшенек, Дариус Мило, Ролф Либерман и др.
Подвидови на џезот
- свинг (swing)
- диксиленд (dixieland)
- би-бап (be-bop)
- хард-бап (hard-bop)
- кул (cool)
- фри-џез (free jazz)
- фужн (fusion)