Џез музика

Каков Jazz слушате?

  • Dixieland/Swing

    Гласови: 28 25,0%
  • BeBop/HardBop

    Гласови: 29 25,9%
  • Post-Bop/Fusion

    Гласови: 38 33,9%
  • Avant-garde/Free/Experimental

    Гласови: 45 40,2%
  • Vocal

    Гласови: 31 27,7%
  • Acid/Electro

    Гласови: 24 21,4%
  • World/Ethno

    Гласови: 17 15,2%

  • Вкупно гласачи
    112

Lucifer

Devil in a females body
Член од
7 мај 2006
Мислења
300
Поени од реакции
1
Jazz

Se mislev dali da ja otvoram temata, zatoa sto niz celiov forum ne vidov mnogu fenovi na ovaa muzika,pa mislev da ne bide samo popunuvanje prostor,ama sepak...go obozavam Jazzot me smiruva, me ispolnuva, ednostavno uzivam da go slusam,mevlem za usite:)
Sakam da cujam(t.e. procitam) vasi mislenja,slusate,ne slusate,omilen/i izveduvac/i i slicno,pa potoa ke dadam komentar!
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.494
Поени од реакции
534
Не верувам да има чоек што не сака барем некогаш да послуша малку џез...јас посебно уживам да одам на џез свирки кога ке начекам во некој клуб и штета е што ретко ги има тие свирки ( барем овде во Прилеп е така )...од џез музичарите посебно го ценам Мајлс Дејвис,а во последно време прилично ме интересира и слушам Acid Jazz,на пример албумите од US3
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ги иам слушнато само великаните како Мајлс Дејвис,Чарли Паркер,Луис Армстронг и толку од Џезот.
Уште сум во прваче:)
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
677
Дизи Гилеспи според мене е најдобар џез изведувач
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Каков Jazz слушате?

*Анкетата поддржува повеќе од 1 избор!
Не сум сигурен колкав интерес ќе побуди темава, со оглед на тоа дека нема голема (никаква) заинтересираност за овој музички правец на форумов. Ќе се обидам да поставам некој компромисен критериум за да опфатам што е можно поголем опсег од овој стил преку неговите подвидови, а на вас оставам да се изјасните за вашиот став и вкус.



Dixieland/Swing Jazz – Dixieland се смета за првиот стил на џез музика, се појавил на почетокот од ХХ-от век. Музиката што ја слушате во цртаниот филм Том и Џери е најблиску до објаснувањето за овој стил. Swing ерата следува како еволуција на овој правец со појавата на биг-бендовите, што значи дека овој правец е оркестарски. Тука би ги споменал Benny Goodman, Glenn Miller, Count Basie, Duke Ellington и нивните оркестри.

Benny Goodman – A string full of pearls
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/14%20A%20String%20of%20Pearls.mp3[/media]



BeBop/HardBop Jazz – За разлика од свингот, овој правец претставил поинаква структура на самата композиција, карактеризирана со брзо темпо и сложени хармонии. Бендовите се во редуциран состав, најчеста инструментална комбинација е: саксофон, труба, пијано, бас и тапани. Меѓу другите, попознати претставници се Thelonious Monk, Dizzy Gillespie, Oscar Peterson, Charlie Parker, John Coltrane.

Oscar Peterson – Tin Tin Deo
[media]http://www.erasing.org/mp3/1-03_Tin_Tin_Deo.mp3[/media]



Post Bop/Fusion Jazz – револуција во средината на 60`-те години кога класичниот BeBop прими елементи од тогашната популарна музика, што резултираше со внесување на електрични инструменти кои дотогаш не биле употребувани во Be Bop-от – електричниот бас, органата, електричниот клавир. Како резултат на оваа фузија правецот добил и назив џез-рок. Многу често во својата основа ја поседува структурата на Funk-от. Како најбитни имиња би ги споменал Miles Davis, Herbie Hancock, Stanley Clarke, Chick Corea, Billy Cobham.

Billy Cobham – Moon Germs
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/04%20Moon%20Germs.mp3[/media]


Avant-garde/Free/Experimental Jazz – сублимира елементи на авангарден стил исполнет воглавно со импровизации комбинирани со мотиви на традиционален џез. Не преовладува константна структура, изобилува со комплексност. За мене позначајни музичари од оваа група се: Cecil Taylor, Bill Laswell, Sun Ra, John Zorn.

John Zorn – Krazy Kat
[media]http://www.fileden.com/files/2007/1/26/694797/JohnZornKrazyKat.mp3[/media]



Vocal Jazz – музика со инструментален пристап кон вокалот, ги опфаќа свинг, боп и пост-боп подстиловите, често комбинирани со soul. Препознатлив стил за: Louis Armstrong, Ella Fitzgerald, Nina Simone, Nat King Cole, Al Jarreau, Dinah Washington, Cassandra Wilson, Diana Krall.

Nina Simone – I Put a Spell on You
[media]http://www.marussia.ru/mp3/simonespell.mp3[/media]



Acid/ElectroJazz – правец кој ја комбинира електрониката и семплирањето со некој од гореспоменатите правци, многу честа е комбинацијата со House/Disco – музика најмногу застапена на оние Café del Mar компилации.

Saint Germain – What do you Think of…
[media]http://www.fileden.com/files/2007/3/18/899413/09%20What%20You%20Think%20About.mp3[/media]



World/Ethno Jazz - комбинација на традиционална музика за одредено етно-географско подрачје и елементи на џез музика. Buena Vista Social Club, Aziza Mustafa Zadeh, Ravi Shankar.

Buena Vista Social Club – Dos Gardenias
[media]http://www.veter.net/MP3z/buenavistasocialclub-dosgardenias.mp3[/media]



Епа еве имате анкета, кажете го вашето мислење, ви ставив и по некој семпл за тие што не се многу упатени, одприлика да имате идеја за музиката, знам дека зборовите не можат баш да ја доловат.

.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Како не побудува?Само ете ти имаше храброст да ја отвориш темава.Искрено повеќе од правциве Вокал Џез,и она што го имаш Фјужн џез,Нина Симон,Мајлс Дејвис,Армстронг.Рокот да ми е омилен правец,ама колку што може да те смири а и во исто време да те натера на подлабоки мисли,ништо не е како џезот.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Го засакав неверојатно џезот во последно време,мислам го сакав од поодамна,али сега засилено и сконцентрирано и покрај другите типови на музика што ги слушам.
Скоро сите типови ми се забавни,али ете ќе ги одвојам BeBop/Hardbop,Swing,World/ethno,Vocal и нормално Acid/Electro :)
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Еве и јас да се изнесам текстуално, иако уживам во џезот генерално, сепак најмногу ме ”возбудува” Fusion-от поради енергијата која ја поседува проследено со исклучителните импровизации кои во никој случај не можат да се повторат уште еднаш :) Тука секако е BeBop-от и Avant-garde-от (каде пристапувам селективно, некои работи и не ми се допаѓаат). Она што многу ме импресионира е градењето на хармонијата и нејзиното импулсивно рушење во еден момент. Навидум може да звучи бесмислено, но ако внимателно го проучите ќе забележите дека тоа и не е баш ”свирење без врска, како на кој ќе му текни”. Тоа носи непредвидливост, која накнадно ми го привлекува интересот. Кога слушате некоја песна, пред да го слушнете следниот такт знаете како ќе се промени мелодијата, автоматски веќе сте ја ”прочитале”, исто како во некој клише филм кога однапред знаете што ќе се случи во сцената. Сето тоа носи баналност и брзо губење на интересот, но тука не е таков случајот :vozbud:.А да не зборуваме за емоционалниот удар што го доживувате додека ја слушате Billie Holiday, Ella Fitzgerald или Nina Simone.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Џезот генерално ми е најомилен „жанр” на музика за слушање, каде што со парцијално исклучување на free jazz уживам во сите негови подвидови.
Еве нешто што се наоѓа на мојот репертоар на дискови:
Grover Washington Jr., George Benson, Joyce Cooling, Ronny Jordan, Al Jerau, Incognito, Miles Davis, Nina Simone, Saint Germain може имам уште нешто ама не ми текнува во моментов, ама многу ми е жал што ради обврските што ги имам кон факултетов, неможам да отидам и да видам што има старо ново за да си ја надополнам мојата сеуште мала збирка на џез музика. Искрено долго време се обидувам да го најдам албумот со Paco de Lusia, John McLaughin и Al di Meola ама некако тешко ми иде. Имам и две три Acid Jazz компилации, добри компилации.
Како и да е Џезот се одвојува од другите е тоа што многу инвентивен, и најубаво и најоригинално може да се восприеми, кога го слуша човек во живо.

До сите џезери поздрав со темата Take Five а вие изберете си го изведувачот
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.306
Џон Колтрејн... гуд Џез за мене. Во правицве не се снаоѓам, ќе се изгубам. Инаку, од тој тип на музика(блиска на џезот), обожавам Блуз. Двата саундтрака од филмот Блуз Брадрс се за мене бибилија по музика. А многу ја сакам и Џос Стоун, која ја сврстуваат во блуз музичари глеам. Аааааа, и за малку ќе заборавев... Нора Џонс... :wub:
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Bacillus gagous напиша:
Искрено долго време се обидувам да го најдам албумот со Paco de Lusia, John McLaughin и Al di Meola ама некако тешко ми иде.
Friday night in San Francisco? Егзибиционизам до коска! :vozbud: Го имам овој концерт само не знам каде сум го дал :tapp:, да го најдам ќе средиме работа :) Туку дали некој го има гледано концертот на John McLaughlin со Trilok Gurtu во Скопје 1989 год на скопски џез фестивал? :vozbud: А кога ќе ми текни дека таа година John McLaughlin свиреше и во Битола во офицерскиот дом, ми иди да се отрујам:toe:

Викторгг напиша:
Аааааа, и за малку ќе заборавев... Нора Џонс... :wub:
Се надевам знаеш дека Norah Jones е ќерка на Ravi Shankar. Крвта не е вода :wink:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Абе види Виктор од блузот произлегуваат Џезот и Рок ен Ролот (од што подоцна произлегува рокот), и нормално е да секој Џезер има голема почит и да му се допаѓа Рокот и Блузот, за Блузерите и Рокерите важи сличното.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.306
outcast напиша:
Friday night in San Francisco? Егзибиционизам до коска! :vozbud: Го имам овој концерт само не знам каде сум го дал :tapp:, да го најдам ќе средиме работа :)
Bacillus Gagous напиша:
Искрено долго време се обидувам да го најдам албумот со Paco de Lusia, John McLaughin и Al di Meola ама некако тешко ми иде
Дааааа, гитарскиот муабет. Ја го имам цд-то со музика, има и видео мислам, ама не су сигурен. Можам да го режам, ако некој го сака ЦД-то со музика. А инаку истиве тројца беа на Скопје џез фестивал и `96 ми се чини... во универзална, ама ја тогаш играв џамлии, не ни знаев шо е тоа џез. :zid:
 

outcast

login: failed!
Член од
29 јануари 2007
Мислења
424
Поени од реакции
8
Bacillus gagous напиша:
Абе види Виктор од блузот произлегуваат Џезот и Рок ен Ролот (од што подоцна произлегува рокот), и нормално е да секој Џезер има голема почит и да му се допаѓа Рокот и Блузот, за Блузерите и Рокерите важи сличното.
Види, џезот и не произлегува баш од блузот, негов прекурсор е Регтајмот (крај на XIX и почеток на XX век) но со оглед на тоа дека и блузот се развивал на истото географско подрачје, заедно еволуирале. Ама за рок ен ролот, тоа е апла произлезено од блузот бидејќи ја поседува истата структура (12терец), истите хармониски промени изведени во друго темпо и со други лирики.
 
На врв Bottom