Јас мислев дека барем машките ќе ме сфатат за флертот од ќеиф ама гледам дека уште имало "добри момци"
а па вака па уште еднаш кога ќе размислам....да не ве боли така некој кога си игра со вас па вие незнаете на што сте????
Како и да е...да не забегуваме од темава,навистина тој флерт од ќеиф може да ве збуни па да не знаете што се случува и во тој случај ве оправдувам а како што ги читам постовиве испаѓа дека сите вие сте фраери кои не се замараат многу многу и по се изгледа дека женскиве како од небо да ви паѓаат
алал да ви е ако е така...тогаш навистина е ЏАБЕ ФЛЕРТОТ !!!
Не не, не разбра добро, повеќето од нас не не боли тоа што си има некоја флерт од ќеиф, ама со тек на време ако си имаш повеќе флерт од ќеиф со повеќе особи, тоа машките ќе го приметат и ќе го имаш ефектот на овчарчето и волкот, односно може да се случи во моментот сериозен флерт на некој да сакаш да му свртиш сепак тој тебе да те третира како некоја што од ќеиф флертува.
Инаку не бери гајле не сме ние фраерите, и не ни паѓате вие женските од небо, вие сте тука на земјава, ама многу сте. Ддури и да почнеме да стануваме премногу пребирливи, пак ве има многу па ние сме во потрага по некоја. Се останато се сведува помалку или повеќе на еден статистички процес, што некои можеби ќе го сметаат за жално, ама тоа е реалноста. Имено вака се иде теоретски, имаш едно машко во просторија со 20 женски, од тие 20 најмалку 2 во просек него ќе му фатат око, а сигурно ќе има уште 5 кои би биле „прифатливи“. И одеме ние по принцип, прво се гледа дали може да препознае дали некоја од добрите две почнува да флертува со него, и во основа иде и машкото се обидува и тој да флертува и до го почувствува пулсот, чим неговата проценка даде сигнал дека поголема е веројатноста да станува збор за флерт од ќеиф, ја става таа девојка во втор план и бара друга. И така продолжува по истиот принцип, додека не се најде, ако воопшто се најде, некоја од првиот флерт да му пушти сигнали кои тој ги толкува за позитивни, па да почне тој полека да превзема иницијатива. И тука најчесто доаѓа до моментот кога всушност се гледа дали добро или лошо проценил, ако било тоа флерт од ќеиф ќе си попие корпа ако не супер. Е сега ако попие корпа во најголем број од случаевите, тука малку и поради одредена самодоверба, ја прекинува потрагата, и чека друга слична пригода. Ама има доста машки кои „не ги боли уво“ и си идат и пробуваат кај другите кои флертувале со него. Па кога тогаш ќе се најде некоја, односно како што реков тоа повеќе или помалку статистички процес, ниту ние сме фраери ниту вие паѓате од небо, туку тоа е всушност едно од вродените цели во животот - потрага по партнер. А освен тоа при таа потрага многу често се користи принципот кој баба ми го има срочено во мотото: по автобус и женска не се трча, може по него односно неа ќе дојде некој подобар автобус (се мисли дурга линија која повеќеќ ти одговара) односно подобра девојка.