Ќе се намали емитувањето на турски серии?

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.090
Поени од реакции
7.908
Абе ако гледаш и сега анал 5 има повеќе од 50% домашна програма, седнат Драган легендата 3 сати кафе дава, седнат Лукаревски 2 сати плус уште два сати вести и ќе се зобиколи законот.
Што се однесува до сител пак, домашната продукција е застапена со 0% и уште одма е печена за заторање.
А и тие серии што би се снимале се надевам нема да бидат од рангот на народни приказни или Итар Пејо кои по не знам кој критериум ги нарекуваат образовни.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.730
Поени од реакции
1.308
Не сфаќам. Информацијава е стара повеќе од година дена, пред некој ден, една facebook страница каде имаше видео од некој штаб каде министеров си кажа што си кажа. Но датумот датираше ако не се кажам од 2012та година.
Двата Закона, поконкретно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе се стапени на сила и мислам дека се има веќе дискутирано околу ова на сите можни форуми.
Во Македонија доволно е некој нешто да објави бајато и сите сајтови тоа да го копираат и да го пласираат.

Што се однесува конкретно до домашната продукција, за поздравување, но верувам дека радиодифузерите (телевизиите) ќе си најдат начин повторно да го изманипулираат Законот, народски кажано да најдат дупка во него, а АВМУ (нели по ново СРД е Агенција) мудро ќе си молчи.
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 22:16 ---
Абе ако гледаш и сега анал 5 има повеќе од 50% домашна програма, седнат Драган легендата 3 сати кафе дава, седнат Лукаревски 2 сати плус уште два сати вести и ќе се зобиколи законот.
Што се однесува до сител пак, домашната продукција е застапена со 0% и уште одма е печена за заторање.
А и тие серии што би се снимале се надевам нема да бидат од рангот на народни приказни или Итар Пејо кои по не знам кој критериум ги нарекуваат образовни.
Вести не се сметаат за домашна продукција. Конкретно домашна продукција подразбира: одреден број на часови серии, одреден број на часови документарци, одреден број на часови македонски филмови и секако одреден број на часови македонска музичка програма.

Сител нуди нешто домашно, Се` или нешто, но искрено премногу малку за да се исполни квотата :)

ps: Алфа откако стана национална, некако се` укина од домашна продукција, па зема да си купува од нашите „мили соседи“.
 
Последно уредено од модератор:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ова е вест која ќе го стресе Балканот :vozbud:

Јас во ова не верувам...., ако не ги пуштаат серииве, што ќе пуштаат? :confused:
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.979
Поени од реакции
2.926
Целосно да се прекинат со емитување на турските срања, а не правила 30-40% домашно и разно разни глупости.. Така одма кога ќе биде исполнето барањето другото време повторно ќе се емитуваат глупостиве или пак после 20:00. Затоа целосна забрана за емитување на турциве би било решение, се друго би било глупост.
 
D

daliborpetkovski

Гостин
Телевизијата да се забрани,да се направат повеќе театари и луѓето да ги посетуваат истите,оти на тв ни ги перат мозоците.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Има едно трикче тука, турските и разните серии што ги увезуваат телевизиите може да ги прикажат како домашен производ и на тоа ќе плаќаат помалку данок. Колку што знам, имаше жестоки дебати пред донесувањето на законот, како од опозицијата, но и од албанците
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
34
Поени од реакции
88
какво укинување да не даде господ :)после тоа што ке прават баба ми и дедо ми по цел ден :) вака подобро е , кога ке почнат да ме масираат многу пушиш цигари,што толку кафинја... јас само ќе прашам МЕНДЕРЕС ли беше тој бабо ама фраер кажи а?
и баба ми почнува ахххххх тој добар е ама таа кучката не му дава бубрег....:pos: и јас после си кулирам :P
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.283
Поени од реакции
5.229
Глупости. 30% да биде домашно . Па сител ќе направи од 8 до 12 часот да дават домашни некои глупости и послем ќе почнат пак со турските серии. А се знае дека до 3-4 часот никој не гледа телевизија туку се на работа, школо, факултет луѓето така да ќе го пуштат телевизорот од кога ќе дојдат па се до полноќ повторно ќе гледат турски серии. И во тоа време ќе се избаци едино латас измеѓу турциве и ќе попува против заев и остала багра наречена опозиција. Така да ова нема ништо да смени според мене.

И не знам кој би биле тие македонски серии и филмови или документарци кои би можеле да ги даваат. Имаме само едно десетина филмови и 3-4 серии од пред 20год. Да не збориме за документарци. Освен ако не почнат сите да даваат некои глупи квизови како на канал 5 или пак некои емисии во стилот на еден на еден и опуштено друкше не би знал како би го пополниле тоа време наменето за домашната продукција.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.105
Поени од реакции
24.976
какво укинување да не даде господ :)после тоа што ке прават баба ми и дедо ми по цел ден :) вака подобро е , кога ке почнат да ме масираат многу пушиш цигари,што толку кафинја... јас само ќе прашам МЕНДЕРЕС ли беше тој бабо ама фраер кажи а?
и баба ми почнува ахххххх тој добар е ама таа кучката не му дава бубрег....:pos: и јас после си кулирам :P
Лесно ти е тебе ....:( Баба ми ништо не слуша (глува ко топ е ;) )и од кога ги синхронизираа серииве се врати на старите хобија :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom