Не сфаќам. Информацијава е стара повеќе од година дена, пред некој ден, една facebook страница каде имаше видео од некој штаб каде министеров си кажа што си кажа. Но датумот датираше ако не се кажам од 2012та година.
Двата Закона, поконкретно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе се стапени на сила и мислам дека се има веќе дискутирано околу ова на сите можни форуми.
Во Македонија доволно е некој нешто да објави бајато и сите сајтови тоа да го копираат и да го пласираат.
Што се однесува конкретно до домашната продукција, за поздравување, но верувам дека радиодифузерите (телевизиите) ќе си најдат начин повторно да го изманипулираат Законот, народски кажано да најдат дупка во него, а АВМУ (нели по ново СРД е Агенција) мудро ќе си молчи.
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 22:16 ---
Абе ако гледаш и сега анал 5 има повеќе од 50% домашна програма, седнат Драган легендата 3 сати кафе дава, седнат Лукаревски 2 сати плус уште два сати вести и ќе се зобиколи законот.
Што се однесува до сител пак, домашната продукција е застапена со 0% и уште одма е печена за заторање.
А и тие серии што би се снимале се надевам нема да бидат од рангот на народни приказни или Итар Пејо кои по не знам кој критериум ги нарекуваат образовни.
Вести не се сметаат за домашна продукција. Конкретно домашна продукција подразбира: одреден број на часови серии, одреден број на часови документарци, одреден број на часови македонски филмови и секако одреден број на часови македонска музичка програма.
Сител нуди нешто домашно, Се` или нешто, но искрено премногу малку за да се исполни квотата
ps: Алфа откако стана национална, некако се` укина од домашна продукција, па зема да си купува од нашите „мили соседи“.