И мене ми се глупи овие кучешки имиња, Лео, Леа, Тео, Теа и итн, не дека се даваат претежно на кучиња овие имиња туку дека се премногу лигави. Замисли си се на 30год, крупен човек, магационер, татко на две мали деца и те прашуваат како се викаш и ти им викаш ЛЕО!!!! Не бе брат, ти се викаш Леонардо, Ленард или што ти знам, ама твоите се одлучиле дека си премногу сладок за Леонардо и те крстиле Лео, а не размислиле дека подоцна тоа ќе звучи лигаво.
По запад не сум приметил некој да ги крати вака имињата, само тука по балканов глумат нешто ин. Што не го крстиле Лео Ди Каприо, наместо Леонардо Ди Каприо?
Ова му доаѓа исто како наместо Александар детето да си го крстиш Аце. Кога сме кај Александар, порано го мразев тоа име бидејќи секој втор беше Александар. Во последно време приметив дека имево изумира, ретко да слушнеш некое дете да се вика Александар. Поради тоа некако сега па ми стана поомилено.
Најдов јас да зборам за лигави имиња, никот ми е КИКИ!!!.
![Кеса :sramezliv: :sramezliv:](/styles/default/xenforo/emot/kesa.gif)
Прекаров ми изумрел негде пред 6-7год, најверојатно во моментот кога сум станал полнолетен, ако некогаш сум станал полнолетен во главата. Ама сигурно тогаш не сум мислел дека ќе прекинат да ме викаат така. Сега ќе си патам поради ова или пак ќе дремам некоја нова година дома за го сменам никот, а како што тргнало оваа година ќе биде таа. Ама па кога ќе размислам од друга страна, ников си има предност, пола форум не знае дали сум she or he па ваљда затоа не добивам многу романтични пораки. Ваљда е така, остајте да се тешам со тоа.
Иначе funny thing во врска со КИКИ. Не се ни викам Кристијан за ме викаат Кики, туку како мал многу личев кинез по што ме зарекоа така. Но во средно очите ми се исправија по што една бивша и беше глупо да ме вика така и го скрати на Кики (да и ебам се што добила таква глупа инспирација) и тоа си остана и во друштво подолг период. Моментално само една особа уште не може да се одвикне да ме вика така, ама со тоа особа се дружам цел живот по што не сум и замерил.
Не знам зошто ја споделив оваа непотребна информации, изгледа покрај корона имам фатено и нешто друго неделава.