Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
А ние вака што не фермаме машка страна, у пекол ќе гориме?
Чекај, како тоа некој не ферма машка или женска страна? Не беше бракот, заедницата и остало полно со компромиси?
Или феминизам нешто филм се тера ?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И мене ми се глупи овие кучешки имиња, Лео, Леа, Тео, Теа и итн, не дека се даваат претежно на кучиња овие имиња туку дека се премногу лигави. Замисли си се на 30год, крупен човек, магационер, татко на две мали деца и те прашуваат како се викаш и ти им викаш ЛЕО!!!! Не бе брат, ти се викаш Леонардо, Ленард или што ти знам, ама твоите се одлучиле дека си премногу сладок за Леонардо и те крстиле Лео, а не размислиле дека подоцна тоа ќе звучи лигаво.
По запад не сум приметил некој да ги крати вака имињата, само тука по балканов глумат нешто ин. Што не го крстиле Лео Ди Каприо, наместо Леонардо Ди Каприо?

Ова му доаѓа исто како наместо Александар детето да си го крстиш Аце. Кога сме кај Александар, порано го мразев тоа име бидејќи секој втор беше Александар. Во последно време приметив дека имево изумира, ретко да слушнеш некое дете да се вика Александар. Поради тоа некако сега па ми стана поомилено.
Поради ова кратење на имињата излезе трендот за ставање на кратки имиња и избегнување на долгите.

Најмногу се виновни родителите што дозволуваат некој така да им го изговара името на детето, а како прво тие самите му го кратат.
Моја братучетка на малиот му стави Александар и не дозволи никој да го нарече Аце иако сериозно звучи на бебе исто како што звучи смешно Лео на некој 30 годишен.

Обично почитувам лични имиња и ги изговарам целосно, а и ме нервира кога некој на мои деца ќе и се обрати со друго име, ако требало името ќе било така. Лично на мене помило ми е кога некој ќе ми го изговара правилно, ама ретки се.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.832
... што знам, давањето на име треба да биде со некој повод,
име како име дадено на дете ...тоа ќе се повторува многу често секојдневно со довикување, а тоа довикување „спомнување“ создава мила емоција на неговите родители, дали е тоа почит кон починат родител, љубов кон моменталниот жив родител, сестра/брат, дали е тоа некоја сцена од филм, песна, книга, што била судбоносна за брак со саканиот... или пак име од народен херој како патриотска љубов... или пак од верски побуди некое црквено име!
инаку имињата од тип на Сара, Лука, Леа, Лина, Тео ... као демек проевропски фенси звучи, а презимето кога ќе слушнеш... Билбиловски, Крстески, Трпчевски, повеќе од смешна комбинација!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.796
Не е тука ништо општеството криво. Времето си го носи своето. Казна за детето е да го крстиш со некое застарено име само ради некаква традиција. Ако некои имиња некогаш биле секојдневни, денес не можат да бидат. Не е само кај нас така. Сега во САД сигурно ќе сретнеш многу помалку Абрахам или Арчибалд отколку порано.
Јасно, но сепак самото опшество е криво, каде да ја насочам вината за тоа освен кон опшеството. Можеби полека насекаде се губи традицијата за тој вид на имиња, но тоа е производ на сеопшто губење на некои минати вредности, не дека се срамат од таквите имиња, тргни од нашите соседи, тргни од источните земји. Кај нас ова одамна се случува, мои генерации од типот што се сега 20 години имаат имиња кои не се традиционални македонски, туку западњачки.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Чекај, како тоа некој не ферма машка или женска страна? Не беше бракот, заедницата и остало полно со компромиси?
Или феминизам нешто филм се тера ?
Не сме се разбрале. Кон тоа водеше муабетот, демек ние млади невести не фермаме свекрви и свекри, кумови, сватови... Штодае... Јас на моите деца знам зошто ќе им ги дадам имињата што сум ги замислила, исто и маж ми иако не ти запознал мајка ми и татко ми, и тоа не засега само нас. Овде се направи муабет и за презимиња и за кум и почит и за имиња по баби и дедовци, па чиви биле децата на крај, дали на татковците или на мајките. Свашта! Ироничен ми беше муабетот.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Се надевам ова со Лука и Матеј ќе затаи во брзо време. Секое второ машко дете вака го крштеваат, ќе кажеш ептен побожни луѓево.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имав професор по германски Алојзио се викаше (Германец) и истово го спомна, дека името му било древно и како мал имал комплекс.

Нема ништо спорно во тоа, нема држава кај што нема тренд на интернационални имиња.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Се надевам ова со Лука и Матеј ќе затаи во брзо време. Секое второ машко дете вака го крштеваат, ќе кажеш ептен побожни луѓево.
Лука затаи, сега секое второ име е Лукијан.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
645
Поени од реакции
1.770
Кога сме кај имињата во близина има едно семејство кај што машките (сега средовечни) ги имаат следниве имиња: Соколе, Јастре и Голубе.:pos:
Секогаш кога прајме муабет за имиња ми текнува на случајов и секогаш има смеење .
Во секој случај на детето треба да му дадеш име од кое нема да се срами па ако сака и нека се лути кумот.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.389
Името... Војна се извојува за тоа име. Скандинавците имаат по две имиња, две имиња и се одлучија. И двете се скандинавски, јас ги избрав, ми немаше никаква смисла да ставам македонски имиња, едонставно не одговараат. Поминав месеци додека мајка ми го научи и запамти едно од нив, она кое јас го одбрав како прво име. Јас бремена осми месец, деверот ненадејно почина и нормално, мојов почна да инсистира детето да го крстиме по него. Позитивно: името е подолга верзија од второто избрано име, негативно: долгата верзија од името звучи смешно на македонски и детето би ми било изложено на спрдња во Македонија. Ај некако се согласив на долгата верзија, односно името на деверот, ама моите не престанаа да серат. Капак на сѐ беше кога мојов ме замоли да го ставиме името на брат му како прво име, понесена од хормоните и муабетите од моите, ја дигнав болницата во воздух. Плачење, лоши зборови, пичке материне јас го носам толку месеци и се мачам за него и јас ќе одлучам како ќе се вика... И одлучив. Откако се породив, ги потполнивме документите, името кое јас го избрав беше ставено прво, се потпишавме и не ги испратив документите. Го сменив името без да знае он, а неговиот потпис веќе стоеше на документот. Го прекрстив детето во Princess Consuela Banana Hammock... Not! Му ја исполнив желбата (и тоа го напишав оригинал со нивните букви, што е нечитливо за нас), а со тоа направив и еден од најголемите компромиси во животов, ми се чини. Видов колку му е битно и колку му значи откако му кажав и го расплакав.
 
C

CoolIris

Гостин
Си имам некои имиња кои ми се допаѓаат, ама никогаш не сум помислила "еј вака ќе си го крстам детето и точка".
Ниту пак сум размислувала дека деца мора да бидат крстени по моите родители или родителите на партнерот. Ствар на договор е.

Дениција ми е убаво женско име (Петре М. Андреевски), Срна (ме асоцира на елеганција), Бисера (на чисто, бело, нежно), Исидора (моќно и женствено).

Александар (иако клише, многу ми се допаѓа), Филип (едит. клише име бла бла бла, ама ми се допаѓа), Олег и Серјожа (руски имиња што многу ми се допаѓаат).
 
Последно уредено од модератор:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Не е толку важно името, важно е да знаеш да го носиш. Јас пример имам еден внук од блиски роднини, и сега овој дедото негов мерак внукот да се вика како него, демек да се продолжи семејната традиција, да го памтат внуците и правнуците. Нејсе, старински работи. Е арно, младиве одлучуваат да му ја исполнат желбава на дедото, да му направат мерак, да не му кршат атер и.т.н. Името старо, скроено за заебанции во школо, слично на оние Стојко, Петко, Трајко и остали варијации од време турско и остали лоши времиња, кога старите им давале такви имиња, демек Трајко, да дотраее, да го издржи животот тежок.
Домашните, коси кубат, абе како такво име ќе му давате на детето, ќе го сакатите за навек, ќе го зафркаваат во школо, цел живот ќе се подбиваат со него, дајте му нешто модерно, Леон, Лука, Алек и остали "модерни" имиња. Родителиве си достојаа до ветувањето и на синот му го дадоа името Станко, по името на дедото. Се разбира, дедото ќефови, родителите дипломати.

Фаст форврд, иди време, детево трга на училиште. Спротивно на очекувањата, дека заради името ќе биде предмет на подбив од другарчињата, овој се погоди отракан, карактерно стабилно дете, дружељубив, што се вели - со таква ѕвезда, главен во друштво. Името во позитивна смисла му помогна да се издвои во морето Луки, Ањи, Патриции и остали веќе здодевни, неиновативни, еднолични варијации од кои што скоро по дифолт, инстинктивно очи ти се превртуваат штом ги чуеш.

Затоа и велам, името не мора да значи ништо, важен е карактерот на човекот што го носи.
Можеш да имаш и најмодерно име, џабе, нема да те спаси ако не научиш сам да пливаш во овој заебан свет на искривени вредности. Ќе ти измислат некаква варијација во деминутив, некаков гаден прекар и џабе ќе ти биде и модерно име и се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom