А ок грешно се разбравме

, инаку што знам, би требало некои модернистички имиња но повеќе сум за традиционални имиња
И јас сум за традиционални. Ги читам погоре желбите на некои фаци и не ми се верува дека некој сака да си го крсти детето Кевин или Партик.
Ама дел и од традиционалните ми се смачени, како Давид, Дамјан,
Мила... Мислам дека секое второ дете е со вакво некое име денеска. Кога би бирала име за моите деца, тоа ќе биде некое поретко име.
Или евентуално ако бабите и дедовците имаат мерак за внучето да го носи нивното име, а името кое го носат тие ми е убаво мене, би подновила некој од нив.
Сепак не би сакала уште од сега на нероден Петко капа да му кројам. Кога ќе бидам трудна ќе размислувам повеќе на оваа тема. А моите идеи и желби за имиња на моите идни деца, сега за сега ќе си ги задржам за мене.
