Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Милан најубаво машко име, за женско не размислувам бидејќи не сакам да имам женски деца. :)
 
Порано ми се допаѓаше Огнен за машко, но сега па не знам зашто ми се уврте името Марко во глава, а за женско исто како членот погоре:)
 
Трите женски 4е викаат Софија, Ана и Лина а машкото или Кевин, или Патрик... зашто нема убави наши машки имиња, освен моето... а глупо ќе биде да се вика како мене. И то.
 
Татко ми сакал да се викам Тимотеј,среќа мајка ми нејкела...

Нека се живи и здрави името најмал проблем:)
 
Кевин или Патрик??:place:
Сапармурат Нурсултанбегов или Гурбангули Бердимухамедов:D
Или пак Вилјхјалмдур Сигурдсон и Халвардур Фенрисулфурсон:ROFLMAO:
 
Ja па одсекогаш сум против изводење со имињава, ништо лошо во тоа да отворат религиозните луѓе куран, библија и да си најдат име, аха ова од 256-та страна ми се допаѓа, и крсти го , не е проблем. Али ме нервира што преминува во некој глобален тренд да се крштеват децата со имиња на филмски херои, па што ти знам некој странски имиња, последен случај што го крстија едно мало кај мене во комшиите Патрик. Толку грдо звучи што пијан да беше кумот немаше да му текни такво име, иако беше избор на родителите.
За сите што викаа, клавајте македонски имиња , јас не можам да сфатам, кои се тие македонски имиња? Од каде знаете дека се стварно македонски? 50 % од имињата од имињата во македонија имаат некоја малце чудна транскрипција од библиските т.е еврејските имиња, и варираат низ различни земји како на пример: John - Јоан -Јохан - Јован, зависно од подрачјето и транскрипцијата.Останатиот дел од имињата имаат латинско значење кај нас популарно е Оливера на пример, што во превод значи Маслинка на латински, па словенски имиња , како Стојан (за да стоел цврсто на земја) Трајко-Трајан-Трајче, за да му траело детето,итн.
Останале малку античко македонски имиња кај нас, од кои ден денес се користат Филип , Александар, Лидија,Лихнида и сл, но никој не си го крстил детето Перикле или што знам како.
Во секоја земја си имале имиња, и обично имињата на нивниот јазик значеле нешто како кај нас (Стојан Трајко итн) али со тек на окупации прифаќање и странска култура се изменуваат па денес добиваме и имиња за кои треба да го бараме значењето, а се прифатиле само заради што звучат убаво, со исклучок на муслиманските фамилии, каде популарно е ставање арапски имиња , значи немам јас видено и македонец муслиман што е, да нема некое арапско или турско име, имам неколку другари македонски-муслимани сите имаат имиња шабан, сајмедин,енис и што ти знам што.

Така да, патриотизмот настрана и крштевајте ги како ви звучи убаво само без претеризам и глупирање:)
 
последен случај што го крстија едно мало кај мене во комшиите Патрик. Толку грдо звучи што пијан да беше кумот немаше да му текни такво име, иако беше избор на родителите.
Плажо те молам.... како тоа Патрик грдо звучи? Мене тоа ми е баш милозвучно име, исто како и на тие прекрасни родители.
Добар пост си напиша за наши / странски имиња и дека секој треба да си го крсти детето како убаво ми звучи... само нез што ти требаше да го вреѓаш Патрик.

само без претеризам и глупирање
Претеризам и глупирање се имињана на оној што го цитирав подоле, не Патрик.

Кевин или Патрик??:place:
Сапармурат Нурсултанбегов или Гурбангули Бердимухамедов:D
Или пак Вилјхјалмдур Сигурдсон и Халвардур Фенрисулфурсон:ROFLMAO:

Еве ти лајк, си се изнамачил да ги напишеш тие имиња.

п.с. Кевин и Патрик закон! поззз
 
Плажо те молам.... како тоа Патрик грдо звучи? Мене тоа ми е баш милозвучно име, исто како и на тие прекрасни родители.
Добар пост си напиша за наши / странски имиња и дека секој треба да си го крсти детето како убаво ми звучи... само нез што ти требаше да го вреѓаш Патрик.

Појма немам мене глупо ми звучи...патрик...изговори го уште 10-тина пати можи ќе ти зазвучи грдо.
 
Леонид,Гоце,Дамјан,Питу,Филип,Кирил..туу има имиња Македонски 5 милиони...Патрки кевини блааааах,колку сте само за нигде,тоа е едно чудо.....Имињата што некои луѓе ги постирале,ми звучат како имиња од некој француски порно филм... -.-
 
Мене ме прекрстиле после еден месец. Прво сум се викала Ангела, зошто сум родена ден пред св. Аранѓел. Ама на татко ми му текнало дека не му се свиѓа тоа име, и дека ќе ме крателе во Ане, па ме прекрстил :) И не ме крстиле по никого, едноставно им се свиѓало името на двајцата. Кумата нејќеле ни под разно да ја послушаат, за моја среќа. Инаку ќе бев некоја Бисерка, Фроска или како и да беше некој шлакнат предлог што го имала дадено :)

А јас сакам за машко Димитар, Никита,
за женско : Антонина, Викторија,
 
Не сакам деца..
ама кога еден ден би имала и ако би имала.. би сакала да имам две (добро би било да не ме измачат многу при раѓањето :cautious:) Би сакал прво да имам син а потоа ќерка..имам повеќе комбинации, пр. Мелани и Матеј, Мила и Марко, Доротеа и Даниел, Алек и Кијара. :X3: Таткото ќе одлучи.. ако не му се свиѓаат ич не ми е гајле. :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom