Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Со дечкото сум две години. Во тие две години поминавме многу работи и добро и лоши, но во последниве два месеци некако станав премногу ладна со него, односно некои работи што ми се случија (фамилијарни проблеми) допринесоа да сфатам дека јас него не го сакам. Се мачев сама со себе и решив да ставам крај. Не сакам себеси да се мачам, а него уште помалку. КОга разговаравме и кога му објаснив дека не сакам да сум повеќе со него не можев да останам ладна на неговиот поглед, никогаш до сега не сум ја почуствувала болката на некој друг, ама сега ја чуствувам и ме боли многуу. Поради тоа почнувам да се предомислувам, во ни еден случај не сакам да бидам со некого само затоа што ми е жал за него, тоа е мачење за двајцата. Не знам што да правам. Не знаев дека ќе биде вака тешко! Може некој од вас бил во слична ситуација или бил сведок на нешто слично...па кажете мислење.
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
106
Поени од реакции
50
Eden sovet ne e za mene ama za blizok prijatel mi e
kazuva deka ima problem so erekcijata a stram mu bil da odi na lekar dali postoi nekoja tableta (osven viagrata) so moze da mu pomogne se nadevam deka nekoj znae blagodaram
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 18:02 ---
Eden sovet ne e za mene ama za blizok prijatel mi e
kazuva deka ima problem so erekcijata a stram mu bil da odi na lekar dali postoi nekoja tableta (osven viagrata) so moze da mu pomogne se nadevam deka nekoj znae blagodaram
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Со дечкото сум две години. Во тие две години поминавме многу работи и добро и лоши, но во последниве два месеци некако станав премногу ладна со него, односно некои работи што ми се случија (фамилијарни проблеми) допринесоа да сфатам дека јас него не го сакам. Се мачев сама со себе и решив да ставам крај. Не сакам себеси да се мачам, а него уште помалку. КОга разговаравме и кога му објаснив дека не сакам да сум повеќе со него не можев да останам ладна на неговиот поглед, никогаш до сега не сум ја почуствувала болката на некој друг, ама сега ја чуствувам и ме боли многуу. Поради тоа почнувам да се предомислувам, во ни еден случај не сакам да бидам со некого само затоа што ми е жал за него, тоа е мачење за двајцата. Не знам што да правам. Не знаев дека ќе биде вака тешко! Може некој од вас бил во слична ситуација или бил сведок на нешто слично...па кажете мислење.
Во врска од две години нормално е да има ситуации кога ти наводно сваќаш дека не го сакаш, но тоа е само фаза да не речам криза во одредено време која после поминува и едноставно ти станува јасно дека го сакаш повеќе отколку што некогаш си помислила. Истото тоа се случува и од негова страна, затоа во долгите врски освен љубов е потребен и многу разум и размислување со ладна глава, а не како во твој случај понесена од фамилијарни проблеми си сфатила дека не го сакаш. Извини, ама мислам дека тоа е грешно. Јас самиот сум во долга врска и сум имал случаи кога посакувам да сум сам и едноставно како да не ми е грижа за девојката, ама тоа е само површно. Можеби таа фаза кај тебе уште не прошла па мислиш дека си ја направила вистинската работа, но дали навистина е така? Ако, чврсто стоиш на тоа дека е право, не го мачи да бидеш со него само за тоа што го сожалуваш. Не, го прави да биде очаен и патетичен, барем тоа не го заслужил. Она што допрва доаѓа е тоа што тој ќе се опорави, на никој не му е лесно да се опорави од двегодишна врска, но верувај дека за извесно време ќе биде како нов. Но, што ако јас см во право и после извесен период ти сфатиш дека ти сеуште го сакаш и дека раскинувањето било погрешен потег, тоа би било доста зезната работа што не ретко се случува. Можеби и ќе ти се врати, а поверојтно е да продолжи без тебе. Затоа, размисли добро што ти навистина сакаш. И ако навистина сакаш да продолжиш без него, стори го тоа, тоа ќе биде најдобро за двајцата. Ако не го сакаш, а му се вратиш само затоа што го сожалуваш ти не го решаваш проблемот, туку само само го пролонгираш и на крај пак ќе завршите со раскинување, а последица на тоа ќе биде само залудно потрошено време и повеќе повредени чувства.
Поздрав,
 
Потполно си во право. Но, кај мене не е криза. Јас никогаш не правам чекор без добро да размислам, никогаш не правам нешто ако не сум сигурна. Само не ми е јасно зашто ме боли тоа што него го боли. Не можам да гледам ниту па да помислам дека е повреден, ме разбираш? Јас веќе кажав дека не сакам да сожалувам никого посебно не него, ниту пак сакам некој мене да ме сожалува. Едноставно сум изненадена од болката која што ја чуствувам и тоа ме буни.
 
Те, боли затоа што си била со него цели две години и затоа што уште го сакаш. Можеби ова ти звучи чудно, но како што личност не се засакува за една недела, така и не може да се заборави за толку кратко време. Јасно е дека ти сеуште нешто чувствуваш кон него и ќе продолжиш така извесно време, нормално се со помал интензитет, кога на крај ( по подолго време ) тие чувства што ги имаш спрема него сосема не исчезнат.
 
S

Sattva

Гостин
Потполно си во право. Но, кај мене не е криза. Јас никогаш не правам чекор без добро да размислам, никогаш не правам нешто ако не сум сигурна. Само не ми е јасно зашто ме боли тоа што него го боли. Не можам да гледам ниту па да помислам дека е повреден, ме разбираш? Јас веќе кажав дека не сакам да сожалувам никого посебно не него, ниту пак сакам некој мене да ме сожалува. Едноставно сум изненадена од болката која што ја чуствувам и тоа ме буни.
Твоите чувства се многу човечки, многу разбирливи. Емпатијата може да се појави помеѓу луѓе што не се ни познаваат, а да не зборуваме за партнери, кои взаемно делеле интимни чувства, па макар и да не станува збор за љубов, за вистинска љубов.
Фактот што ти го разбираш другиот, се поистоветуваш со него и не сакаш, не дозволуваш тој да биде повреден, а со тоа и самата ти, и покрај тоа што говори за твоите димензии како личност, како душа, сепак може да предизвика големи штети во твојот и во животите на другите, доколку не ја превземеш контролата во свои раце, т.е. да увидеш дека, истата таа доблест, всушност е и твоја слабост, и водејки се според неа (според слабоста), е твојот пат кон (авто)деструкција.
Погледни кон “големата слика“: сегашниот и идниот момент, т.е. кон иднината како резултат на сегашноста: кон што мислиш дека моменталните слабости би те/ве однеле? Само така ќе го пронајдеш одговорот :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Naah...she just wants the cheapest possible bailout, emotionwise that is, usual stuff...:)
Емпатија? Guilt more likely...

Само не ми е јасно зашто ме боли тоа што него го боли.
Како може да те чуди тоа што проработеле емоции за некого со кого си поминала две години заедно? И не е некоја мистерија...иако веројатно ти смета тоа.

Nevermind,ионака темава e чудна...во случај да има еквивалент на подфорум фудбал би било нешто во стилот “Совети на одбраната на Сан Марино како да се зачува мрежата“...:icon_lol:

“Фамилијарни проблеми“...:icon_lol:
 
С

Сатори

Гостин
Потполно си во право. Но, кај мене не е криза. Јас никогаш не правам чекор без добро да размислам, никогаш не правам нешто ако не сум сигурна. Само не ми е јасно зашто ме боли тоа што него го боли. Не можам да гледам ниту па да помислам дека е повреден, ме разбираш? Јас веќе кажав дека не сакам да сожалувам никого посебно не него, ниту пак сакам некој мене да ме сожалува. Едноставно сум изненадена од болката која што ја чуствувам и тоа ме буни.
Не те боли неговата болка, само сопствената. Затоа што само со неа можеш да си дозволиш да се справуваш, да ја анализираш и да оставиш да ти помине. Ниту еден почеток не доаѓа без крај, најголемото клише на светот, но не може да се побегне од него, се додека трае фазата помеѓу.
Нема да ти велам дека ќе помине во скоро време, затоа што нема, исто така нема да те уверувам дека е емпатија зошто не е, твојата емоционална реакција постои затоа што дразбите од надворешниот свет ти ја наметуваат исто како твојот внатрешен морален императив.
Единственото што те пре/останува е да најдеш начин да бидеш она што си го замислила без него. Ако тоа значи дека треба да минуваш низ болка, така и треба да биде. Затоа што ако не си дозволиш да ја преживееш сега, сосема е сигурно дека ќе ти се врати назад, секогаш кога нешто ќе те потсетува, а тоа знае да биде често.
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Naah...she just wants the cheapest possible bailout, emotionwise that is, usual stuff...:)
Емпатија? Guilt more likely...

Како може да те чуди тоа што проработеле емоции за некого со кого си поминала две години заедно? И не е некоја мистерија...иако веројатно ти смета тоа.

Nevermind,ионака темава e чудна...во случај да има еквивалент на подфорум фудбал би било нешто во стилот “Совети на одбраната на Сан Марино како да се зачува мрежата“...:icon_lol:

“Фамилијарни проблеми“...:icon_lol:

Не ми сметаат моите емоции, ни најмалку. Јас сум го сакала тој човек, драг ми е, и мил и секогаш ќе ми биде. Болката што ја почуствував кога видов дека не му е сеедно, не е за секого секојдневна, бидејќи не секој го чуствува тоа. Што се однесува до фамилијарните проблеми, може се смешни за тебе но за мене се многу болни, не се работи за нешто што е минливо и материјално, а штом допринеле да сфатам дека не го сакам значи дека тој во тие моменти допринел за тоа чуство да се појави кај мене.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Не ми сметаат моите емоции, ни најмалку. Јас сум го сакала тој човек, драг ми е, и мил и секогаш ќе ми биде. Болката што ја почуствував кога видов дека не му е сеедно, не е за секого секојдневна, бидејќи не секој го чуствува тоа. Што се однесува до фамилијарните проблеми, може се смешни за тебе но за мене се многу болни, не се работи за нешто што е минливо и материјално, а штом допринеле да сфатам дека не го сакам значи дека тој во тие моменти допринел за тоа чуство да се појави кај мене.
Нормално е да ти биде жал за некој со кој си била толку време. Има многу што не се одлучуваат да ја прекинат врската заради тоа што им е жал. Ти си ја прекинала, и жал ти е. Ништо не е чудно, сите имаме чувства. Ако некој не го сакаш за животен партнер, не значи дека треба да го мразиш или да не чувствуваш ништо.
И мене ми беше жал за бившиот што му е тешко, ама не се смирив, оти знаев дека така е правилно. Ама и сега да се јави и да побара помош за било што, јас ќе му помогнам.
Мора да сфатиме дека ако не сме раскинале од причини поради кои треба да се мразиме, можеме да останеме пријатели.Твоите чувства се нормални, а тоа што не се вклопуваат со стандардните(читај, сте раскинале и сеа не ти е гајле, секој свој живот) нека не ти биде грижа.
Тоа што се грижиш за него не мора да значи дека уште го сакаш за партнер. Можеби само го сакаш како другар, како пријател. А за секој другар, кога ти е повреден ти е жал. Во случајов покомплицирано, ама се е ок:)
 
Член од
4 јануари 2012
Мислења
21
Поени од реакции
0
Така и размислував, фала :)
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 21:20 ---

22 јуни 2010
Мислења
57
Поени од реакции
6
Си пишуваме на Facefook некое време ама ми изгледа незаинтересирана.Чувствувам се дека сум заљубен во неа и сакам да имам нешто посериозно со девојката, но да не ја збркам работата.Како да ја поканам да излеземе (проверен трик по можност) и малце да ја заинтересирам..Што? Како? да и кажам и такви некои работи!Се надевам дека ме разбравте :) Чекам Совет.. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404

Lad, шо и да праиш биди отсеа натака отворен најпрво со себе. После тоа и со неа - викни ја на кафе, биди потроа мистериозен во детали но во глобала кажи и` ги твоите интенции. Заљубување преку фб е као да се заљубиш у некој имагинарен лик. Ти се заљубуваш во вредностите што таа сака да ги пласира и создаваш нешто што е идеално.
 
Не се разбравме..Ја познавам јас неа и лично (во исто школо учиме) ама не сме многу блиски..тоа е проблемот..А во принцип јас сум многу срамежлива личност..како што кажав сакам нешто да направам со случајот, но да не ја зафркнам работата.. :S
 
Веруј подобро е да напраиш глупост него да седиш од страна и да гледаш додека еден ден некој не ја ќари. Активирај се себе, дознај за неа преку муабет исклучиво. Викање на кафе не мора да значи дека уште вечерта ќе се верите и од утре основате семејство. Значи почни некој муабет, после види како ќе стојат работите. Анулирање на срамежливоста се постигнува со некој мал неврзан муабет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom