- Член од
- 2 ноември 2011
- Мислења
- 68
- Поени од реакции
- 81
Со дечкото сум две години. Во тие две години поминавме многу работи и добро и лоши, но во последниве два месеци некако станав премногу ладна со него, односно некои работи што ми се случија (фамилијарни проблеми) допринесоа да сфатам дека јас него не го сакам. Се мачев сама со себе и решив да ставам крај. Не сакам себеси да се мачам, а него уште помалку. КОга разговаравме и кога му објаснив дека не сакам да сум повеќе со него не можев да останам ладна на неговиот поглед, никогаш до сега не сум ја почуствувала болката на некој друг, ама сега ја чуствувам и ме боли многуу. Поради тоа почнувам да се предомислувам, во ни еден случај не сакам да бидам со некого само затоа што ми е жал за него, тоа е мачење за двајцата. Не знам што да правам. Не знаев дека ќе биде вака тешко! Може некој од вас бил во слична ситуација или бил сведок на нешто слично...па кажете мислење.