Сериозен сум. Со девојчето и цело друштво (во него спаѓа и другарот) искачаме. Но, незнам, во некои ситуации мислам дека мене ме сака, а во други па другарот. А правевме муабет со него и го прашав дали ти се свиѓа некоја од девојчињата (затоа што се повеќе) и он вика не. Но, лаже. Многу се промени, порано го немаше нигде, а сега дреме пред училна. Незнам навистина, во голема дилема сум. Незнам дали да тргнам по нејзе. Јас мислам дека треба да се обидам, па и да добијам корпа не е крај на светот. Но, едно нешто сум сигурен дека никогаш нема да ја вреѓам и да ја викам курва како што прават другите машки после корпата, едноставно ќе си се тргнам на страна. Размислувам и дали ќе остане друштвото и какви ќе бидат односите после корпата со девојчето. Она се пресели пред неколку години и се запознавме и прво беше многу срамежлива, а после со моја помош се опушти и не престанува да збори. Ова ме охрабрува да тргнам по нејзе, а од една страна ме кочи помислата на другарот.
Не, сигурно нема да бидам фраер по фејсбук иако е многу полесно.
EDIT: Сериозно ми треба помош, како да и го привлечам повеќе вниманието и како да приметам дали ме сака мене или другарот?
Ах овие девојчиња што проблеми прават