Се сеќавате на кучката што се вовлече во хармоничната врска на дечково-комшија?
Епа бидна. Се отворив полека преку пораки. Се отвори и тој. Жали што не ме запознал порано. Ако ме запозннал порано сигурен е дека јас ке сум била таа со која ке бил. И јас размислив,дека после еколку години од таа наша претпоставена врска,ке се најдеше некоја како мене,ке му го кажеше истото што и јас и можеби тој ке и вратеше исто што ми врати на мене.
Нема сомнеж дека мисли на мене,јас се тргнав целосно од него,а од него стигнуваат пораки како сум,дали сум добро,како е на факс...дрн дрн.
Бил привлечен од мене многу,јас сум била совршена девојка во секој поглед. Му реков дека не сумтолку совршена чимси дозволив да се вмешам во тура врска. ННеговиот одговор беше дека секому може да му се случи тоа,но дека во неговото срце има друга девојка. Физички е привлечен од мене,го сака нашиот разговор и мојата смисла за хумор,но тоа било се. Не би направил ништо за да ја повреди девојката,ниту ке и каже дека ги разменивме овие пораки. Мислам на него постојано и пробав да го исполнам времето со други нешта. Повторно мислам на него. Во периодов имам многу прблеми на сите полиња,кога ке помислам како тој се справувал со неговите наоѓам сила за утрешниот ден. Ми влијае како космодиск на болна кичма.
Не барав поддршка за тоа што го аправив,можеби само некој кој веке бил во истава ситуација,за да сподели како тој се справил и кој ил крајниот резултат.
Не можам да дочекам да се врати,само тоа знам. Малкуте пријатели со кои го споделив ова останаа запрепастени. Не ме знаат како човек кој може да го направи ова. Не знаев и јас дека можам.
А тоа за добрите пријатели кои знаат да бидат ужасни партнери,не верувам. Од реалниот живот познавам добри пријатели кои беа уште подобри партнери,се е индивидуалнно. Ако имаш карактер понашање,ке знаеш да бидеш подеднакво добар пријател како и партнер.
Кажав и останав жива. За да може еден ден да ми се врати,или тој,или кармата.