Напишано од credos
Можеби како постар и не ми е токму тука местото, но би сакал и некое туѓо мислење за она што ми се случува. Во брак сум 25 години, со две возрасни деца, 1.сопруга која беше као под моја класа, но ја сакав и се оженив со неа. 2.Како добро ситуиран отсекогаш мечтаев да имам сопруга достојна до мене, па затоа не жалев никогаш да дадам се од себе за 3.мојата навостина голема љубов. Инаку таа отсекогаш е многу голем инат, и тоа ми претставуваше голема пречка за да и ги 4.искажам моите бескрајни љубовни чувстава, а уште помаку да и признам дека никогаш не сум ја изневерил. 5.А излегував, за инат, само колку да бидам као во некој типичен фалбаџиски машки прост свет. Секогаш кога ке ме нападнеше за некое излегување јас и кажував дека нема ништо, дека 6.Господ ми е сведок и никој друг не ми треба, но таа тоа никогаш не го сфати. Во една прилика дури и признав дека не сум имал дрига, дека таа е единствената моја љубов, но таа и тоа не го сфати сериозно. 7.Моја единствена желба или мерак беше да имам комуникација и ништо друго. Сега сме малку далеку од дома, јас сум како во некој затворен свет, така да користам интернет за да се движам во некој свет. Така и стапив во интернет контакт со многу жени од различни страни на светов. Токму тоа беше разлог да со мојата сопруга дојдеме повторно во расправија поради навистина банални причини, и да не комуницираме со денови. Конечно решив да проговорам и на нејзе и признав се, колнејќи се во нашите деца, и се истурив од плачење. Се исповедав пред време но не пред Бога, туку на мојата жена. Таа беше шокирана, и задоволна,..... но за кратко. Затоа што побарав да ми каже дали некогаш ме изневерила. За жал одговорот беше ДА. Ни помалку , ни повеќе , на 40 годишна возраст со две деца, израснати, таа ме изневерила со помлад од нејзе цели 17 години. СО ДЕТЕ. 8.Оправдување, не сум и посветил доволно внимание, и за прв пат после мене почуствувала нешто за друго машко. Ми побара да и простам,....... И ПРОСТИВ, 9.од Бога е. Но како да живеам со тоа. Кога сум веќе празен, кога мојата единствена надеж во мојот живот ме срамни со земја. Верувам дека ќе имам убави совети тука, од вистински и добронамерни луѓе. Ќ е завршам со нешто што го кажувам често последниве денови...10.ТЕШКО МЕНЕ
1. Од старт не била достојна за тебе, т.е. како таква си ја гледал.
2. Всушност, си мечтаел да ја *направиш* сопругата достојна за тебе... Си видел некоја „недоволно развиена“ сопруга, па си мислел дека „ќе ја изведеш на прав пат“
3. Тоа си (бил) ти самиот - со самото тоа што си давал пари за сопругата, т.е. си ја „издигнувал“ неа, си се издигнувал и самиот во своите очи и пред очите на друштвото или не знам кој
4. Писмо? Честитка? Цвеќе? Зборувањето е преценето овие денови...
5. Класика - „жената има да седи дома, бидејќи е од подолна класа од мене и јас ќе си правам што си сакам и таа не смее да ми писне!“ И не писнала - гласно. Туку во себе. Со друг.
6. Точно - ти треба само Господ. Ни жена ти не ти треба како жена, туку како средство за искажување на својата доминација.
7. Тогаш, зошто си излегувал за инат?
8. Веројатно не е одговорот дека вниманието не било доволно, туку дека било од тип кој нејзе не ѝ одговарал. Веројатно требало да разговарате за тоа какво внимание таа бара.
9. Не - од тебе е.
10. Зошто тешко? Така си живеел со години, а и таа. Не сте комуницирале, ти си излегувал сам, за инат, си сурфал по Интернет, а таа имала слобода да излегува исто така и да спие со други мажи.
Е сега, разликата е што *ти* знаеш за тоа што таа може да го направи. Способна е да најде друг маж за себе, ако ти не си доволно добар за неа. Не ја контролираш. Не си подобар од неа. *Не е под твоја класа* (види 1.)
Според мое видување, тоа што таа спиела со друг не било зашто престанала тебе да те сака или да те почитува, туку зашто чувствувала дека ја гледаш одгоре, со потценување. Со самото тоа што си „мечтаел“ да имаш сопруга достојна за себе и што „си давал сè од себе“ таа да „стане достојна за тебе“, ти неа си ја сметал за недостојна за себе и само си го потхранувал своето его, со тоа што си правел „сè за неа“. Ти, всушност, си правел сè за себе. Не е ни чудо што не те сфаќала сериозно.
Па, си вели, кога овој се гледа само себеси, и јас ќе се гледам само себеси и ќе си најдам некој само за себе. Кога не можам да направам тој мене да ме цени вистински, ќе си најдам некој што ќе ме цени вистински во кревет и ќе го цени времето поминато со мене. Бидејќи ти неа си ја сметал за секојдневие, нашла некој што ја сметал за реткост и голема вредност, бидејќи се среќавале во тајност и кратко.
Значи, тоа што си ѝ простил не е доволно. Треба да си простиш и себеси, зашто голем дел од ова што се случило е твоја вина и резултат на твојата арогантност. Си направил грешка која траела и кулминирала со тоа што се случило.
Што понатаму? Сериозно да разговарате и да се преиспитате. Ти ќе мора да го смениш своето однесување кон неа, бидејќи не може веќе таа да се прилагодува кон тебе - ќе мора сега и ти кон неа. Ќе мора да ја сметаш за рамна на тебе, ама сериозно рамна на тебе.
И, ако добро разбирам, во неа не бил друг маж - во неа бил оној што таа сакала ти да бидеш. Тоа е нејзиното доживување на другиот маж, па почни да учиш што таа сака од тебе.
Поздрав и со среќа. Ќе биде тешко и ќе имате уште многу жртви, ама ако навистина се работи за голема љубов, ќе успеете.