вака... барам совет од оние кои се биле (или сеуште се) у долга врска...
имам девојка, веќе три месеци одиме, супер е, убава,паметна фина и сички други екстри.... ја сакам највеќе од све на свет...
неможам без неа... се ни е супер, никад не сме се карале... никогаш не сум и се лутил, ниту пак таа на мене,никогаш не сме си префрлиле и така нешто, едноставно се ни е како подмачкано...
но имам еден мал(а можда и голем проблем)...
вака кога видам околу моиве другарки, во нив гледам девојки кои можеби подобро би ми одговарале од девојка ми, или некоја друга, која не ми е другарка, онака на здраво што сме си...
моите блиски другарки, не се дружат со неа(девојката), но исто време сум(трошам) со нив и со девојка ми...
и онака, многу другари/другарки кои ми се блиски и многу ми значат, ми велат дека заслужувам многу повеќе од неа... така да, тоа ми делува уште повеќе збунувачки(иако ме гајле за размислувањата на другите, но сепак другари ми се)
имаме баеги историја со девојката, но никогаш претходно не сме биле фатени, сакам да кажам дека пред една година се имаме мувано, и бевме многу блиску да бидеме заедно, но таа ја заеба работата и ме повреди ептен многу... и сеа пред 3 месеци на екскурзија таа ми кажа дека ме сака и се фативме... тогаш многу малку чувствував за неа, но со тек на време моите чувства спрема неа стануваа се поголеми и поголеми...а и знам дека таа ме сака, и стварно е така...
не ми срам/страв да го кажам ова, бидејќи знам дека тука има многу луѓе кои се добронамерни, и се тука да му помогнат на секого...
така да сакам да ми кажете дали е нормално(и периодично) ова размислување... зш многу така се нервирам и често-пати знам да размислувам за раскинување со неа...