јас се наоѓав во слична ситуација како тебе... пред 5 години излегов од релативно долга врска (3 години)... нејзе и требаше месец - два да започне нова врска, а мене 3 ипол - 4 години да се соземам... зошто? Затоа што сум интроверт, срамежлив, повлечен, не комуникативен... по раскинувањето добив уште некој “удар“ од животот и се затворив во некој мој свет, се посветив на работа со една единствена цел, да ми одат мислите на друго место за да бегам од проблемите... и излегувањата ми беа стрикно со одредени личности... како да бев паднат во длабока дупка и таман ќе пробав да се качувам да излезам, при најмалата препрека се откажував... за среќа, иако доцна, сватив дека така не оди и почнав да менувам некои работи, почнав да комуницирам повеќе со други лица, почесто да излегувам... случајно, кога најмалку очекував, запознав девојка... од самиот почеток муабетот ни тргна како да се знаеме 10 години, а не неколку часа, конечно почнав да се движам нагоре и да излегувам од дупката... мислев дека ја најдов вистинската, дека ми тргна конечно и на љубовен план, иако излегувавме само неколку месеци, јас веќе ја гледав како моја сродна душа, особа со која ќе го поминам животот... добив огромна сила да се качувам на горе и конечно да излезам од таа дупка... и само што стигнав до врвот, таа ми раскина... иако се работи за типична авантура, кратка (се на се траеше само 5 месеци, од кои последните 2-3 недели беа караници обострани провокации и испади) и интензивна, по последната караница, која дефинитивно значеше и крај, се почувствував како одново да паднав во истата дупка, но овој пат уште подлабоко... се замислував за 10 години кога сите мои пријатели ќе шетаат деца по паркови или ќе ги носат на школо, јас ќе бидам сам на светот со живот сведен работа - дома, без никакви други обврски... но реков едно, нема да дозволам пак да ме снајде истото како и претходно, пак да се затворам во мојот виртуелен свет, да бегам од проблемите и да се само сожалувам... овој пат не ми треба(ше) долго да почнам да контактирам со друга девојка, само поучен од сопственото искуство, сега одам доста по полека, чекор по чекор, а не како претходно да скокам некои чекори.... не знам што совет би ти дал, ти го пренесов моето искуство и се надевам нема да ја нарпавиш грешката која ја направив јас, да се затвориш во некој твој свет и да бегаш од проблемите и да фрлиш во вода одреден период од животот, туку да продолжиш напред, а останатото ќе си дојди само по себе