Здраво на сите, пред 2 месеци излегов од (релативно) долга врска што траеше околу 2 години. Причината за тоа беа чести ситни караници кои се случувале и порано, но последната веројатно беше кобна. Е сега, јас знам сеуште какви силни чувства имам кон девојката ама проблемот е што таа после само неколку недели има почната нова врска. Бидејќи сум интровертен лик, и тоа од оние што се воедно и срамежливи доста, имам голем проблем при запознавање на луѓе и особено почнување на нова врска. Се осеќам и дека веќе сум во години (30) каде што самото општество прави некој притисок врз мене, но и сам себе си правам притисок зошто секогаш сум се замислувал поинаку на овие години што ги имам. Сега кога сите поблиски другари ми се во некои врски или се веќе женети, се осеќам дека немам никаков начин да се запознаам со некоја која што навистина ќе ме прифати таков каков што сум. Згора на се, живеам сам и тоа ми прави да се чувствувам уште толку поосамено, па размислувам на се што се има случено во врската и тоа уште толку ме измачува. Исплашен за тоа што носи иднината за мене. Доколку некој се нашол во некоја случна ситуација се надевам може да сподели некој совет.