- Член од
- 27 јануари 2018
- Мислења
- 375
- Поени од реакции
- 1.231
Во неделата ја завршив мојата таканаречена врска.
Два дена не ми беше посветил внимание кога бев кај него, во петокот имавме само секс, саботата ниту ме гушна, ниту ме бакна, ко да сум обична гостинка, некое дете од комшии.
Како врв на сето тоа, ме остави сама во салонот, и без да ми спомне си влезе во неговата соба, полегнат се затвори за да си гледа тв и слуша музика, јас сама, ко теле, не знам што се случува. Јас се уште гладна, каснав две кифли од масата, го чекам него да се сети бидејќи не сакам некому да повторувам дека мора да приготвиме нешто за нас и родителите кои му беа на работа.
Да ми кажеше дека бил уморен и сакал да одмори ќе го сфатев, ама имаше еден час како бевме будни а тој едвај да ми прозбори.
Се осетив непосакувано, непожелно, како вишок. Влегов во собата, го гледам си чила, почнав да се пакувам и му реков дека ќе си одам а и јас уморна, плус студ, не сакам да упаѓам од соба во соба во куќа што не е моја или пак да му се пикам и да бидам иницијатор за секс или нешто друго.
Бидејќи пред се сум културна личност и не сакам да се опуштам до тој степен да ми биде незгодно на крај од неговите.
Ниту ме сопре, туку ми се закани дека доколку си одам да не го побарам пак. Си отидов, сама, додека врнеше дожд и барав такси за да стигнам до автобуска, не ми се ни јави барем да праша дали безбедно стигнав.
Згора на тоа, кај крив и ме избриша.
Највеќе што ме изритира е додека јас некогаш навечер чекам да ми се јави или пиша, господинот си игра на социјални мрежи онлајн игрички со луѓе кои тој не ги познава или се допишува со некои девојки кои цел град речиси ги поминале.
Мене не ми пречи да има другарки, да се допишува, но сети се бре дека имаш девојка која чека да и се јавиш, пишаш некое смс пораче, или на фб.
Времето ич не го искористивме, не го искористуваме само поради него, неговата мачка, игрички на телефон и компјутер а јас сакам секој момент да го искористиме додека сме заедно бидејки не се гледаме секој ден, не се гледаме секој викенд туку на 2 3 недели.
Планирав да си отидам понеделникот, а во неделата да правиме нешто, било што а не да направи да се осетам недобредојдена кај него да седам цело време со неговите додека тој си чила.
Сакам кога сум кај него времето да го искористиме максимално.
Не барам да правиме кој знае што.
Но од такт ме вади кога минам толку пат, на студ, некој да не ми посвети пет минути од денот, пет., туку да се испразни во мене а подоцна ко да не постојам.
Знам дека постапив правилно, но би сакала да слушнам мислења.